ЕК бара казни за Бугарија, Грција и Полска поради непочитување на Директивата за патарини - Канал 5

ЕК бара казни за Бугарија, Грција и Полска поради непочитување на Директивата за патарини

Европската комисија денеска одлучи да покрене тужби против Бугарија, Грција и Полска пред Судот на правдата на Европската Унија поради неусогласеност со правилата на ЕУ за наплата на патарини, барајќи на трите земји да им бидат изречени парични казн

ЕК бара казни за Бугарија, Грција и Полска поради непочитување на Директивата за патарини

Комисијата посочува дека на 23 мај 2024 година упатила формални известувања до трите земји за оваа неусогласеност, како и образложени мислења на 16 декември 2024 година, со кои се бара од нив во рок од два месеци да одговорат на забелешките и да преземат мерки за исполнување на обврските за целосно усогласување со Директивата на ЕУ.

Во своите одговори на дописите, трите земјите членки навеле план за усвојување на мерките за усогласување, но сепак, досега до Комисијата не доставиле никаква информација за нивно спроведување.

- Комисијата смета дека досегашните напори за преземање на потребните мерки од страна на националните власти се недоволни и затоа ги упатува Бугарија, Грција и Полска до Судот на правдата на Европската Унија, барајќи изрекување на финансиски санкции.

Директивата за наплата на надоместоци за тешки товарни возила за користење на одредени инфраструктури ги утврдува правилата за наплата на патарини и вињети во ЕУ. Земјите членки не се обврзани да наплатуваат надоместоци за патишта за покривање трошоците за изградба и одржување на патната инфраструктура, но доколку го сторат тоа мора да ги почитуваат правилата на Директивата.

Дополнително, ЕК реши да поднесе тужба пред Европскиот суд на правдата против Грција и поради правилата за регистрација и оданочување на автомобилите.

Според Комисијата, грчкиот данок за регистрација на одредени категории на половни возила купени во други земји од ЕУ е повисок, отколку за оние набавени во Грција. Покрај тоа, грчкиот еколошки данок се наплаќа само на увезените половни возила, а не и на оние купени во земјата.

Комисијата смета дека грчкото законодавство не е во согласност со член 110 од Договорот за функционирање на ЕУ, бидејќи возила купени во Грција се оданочуваат со пониски даноци од ние набавени во другите земји од ЕУ.

Дополнително, Грција забранува регистрација само на одредени половни возила увезени од други земји од ЕУ, што, според ЕК, претставува јасно ограничување на слободното движење на стоки и е во спротивност на членовите 34 и 36 од Договорот за функционирање на ЕУ.

Во однос на овие забелешки, Комисијата испратила писмо со формално известување до Грција во септември 2021 година, како и дополнително писмо во јуни 2023 година и образложено мислење во мај 2024 година, барајќи од грчките власти да ги усогласат своите правила со законодавството на Унијата.

Комисијата смета дека напорите на грчките властите не биле доволни и затоа ја упатува Грција пред Судот на правдата на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект.

„Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков.

Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно.

„Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде:

„Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз .

Организиран е превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре, сабота, 7 ноември, ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на Банката во Битола и назад. На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина.

Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства.

Распоредот и местата на поаѓање се следниве:

Прилеп: Плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, соопштуваат од НБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер