Еиде: Неприфатлив е упадот на израелската армија во болницата Ал Шифа

Шефот на норвешката дипломатија Еспен Барт Еиде коментирајќи го упадот на израелската армија во најголемата палестинска болница Ал Шифа во Газа наведе дека „тоа отиде предалеку и не може да се прифати“.

Еиде истакнува дека со упадот на израелската армија во Ал Шифа „дополнително се отежнува веќе ужасната хуманитарна ситуација во Газа“.

- Повеќе пати ја истакнувавме обврската за почитување на одредбите од хуманитарното право и да се заштитат цивилите погодени во судирот. Хуманитарното право важи и за Хамас. Целни напади врз цивили и земање не е дозволено, како и да се користат цивили како жив штит, посочи Еиде.

Израелската армија утрово влезе во Ал Шифа, обвинувајќи го исламистичкото движење Хамас дека болницата ја користи како воена база.

Претходно, Израелските безбедносни сили (ИДФ) соопштија дека во болницата Ал Шифа во Газа пронашле оружје и опрема на Хамас.

ИДФ наведува дека нема индиции дека Хамас ги држи заложниците во најголемата палестинска болница.

Во борбите пред болницата загинаа пет припадници на Хамас, а еден израелски војник е повреден, додека при влезот во Ал Шифа немало тензии помеѓу припадниците на израелската армија и пациентите и медицинскиот персонал. /МИА

Гвардиола сака Фоден да остане во Сити цела кариера

 Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака Фил Фоден да го следи примерот на Ерлинг Халанд и целата своја кариера да им ја посвети на „граѓаните“, пишуваат медиумите во Британија.

Минатата недела Халанд потпиша нов договор на девет и пол години кој ќе го задржи во клубот до 2034 година.

Норвешкиот напаѓач го прослави новиот договор со гол во победата од 6-0 над Ипсвич во неделата, додека Фоден постигна два гола.

Англискиот репрезентативец беше клучен за неодамнешното мини-оживување на Сити, откако постигна пет гола во последните три натпревари во Премиер лигата. Неговиот актуелен договор е до 2027 година, но Гвардиола е категоричен дека тој „не смее да замине“.

-Тој може да биде играч кој ќе остане во само еден клуб и ќе ја заврши кариерата тука, играјќи многу, многу години - на негова возраст и со бројот на голови и асистенции, бројот на натпревари и неговата работна етика. Неговиот најголем квалитет е дека околу шеснаесетникот ги чувствува головите во крвта, во умот. Разговаравме многу пати во последните месец дена или неколку недели. Тој беше сосема поинакво момче на почетокот на сезоната со неколку проблеми, бидејќи и играчите се луѓе и понекогаш во долга кариера имате падови, тоа е нормално. Но, навистина сме задоволни што тој повторно е среќен и ужива во играта, а тоа е добро за сите нас, истакна Гвардиола.

Целосно исплатена еврообрзницата од 500 милиони евра од 2018 година

Министерството за финансии соопшти дека денеска во целост е исплатена евробврницата од 500 милиони евра земена во 2018 година. 

Средствата за сервисирање на оваа обврска беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка со камата од 3,25 проценти, рок на отплата 15 години, со вклучен грејс период од три години.

- Со цел да се обезбедат средства по најниски трошоци за исплата на оваа Еврообврзница, беше потпишан Договор за заем со унгарската Експорт-импорт банка. Условите под кои ги добивме средствата направија заштеди на буџетот по основ на камати и по основ на провизии. Ќе продолжиме со политиките на редовно и навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства по најповолни услови, изјавила министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, посочувајќи дека 2025 година ја почнуваме со ликвидни и стабилни јавни финансии кои ќе овозможат редовно и навремено сервисирање на обврските.

Земјата досега има издадено девет еврообврзници, од кои шест се веќе исплатени, а во наредните години доспеаваат за отплата уште три еврообврзници издадени во 2020, 2021 и 2023 година во вкупен износ од 1,9 милијарди евра.

Во Јагодина ќе се одржи првиот собир на новото движење на Вучиќ

Првиот собир на движењето, чие формирање претходно го најави српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе се одржи в петок, 24 јануари во Јагодина, јави српската агенција БЕТА.

Вучиќ на социјалните мрежи најави дека ќе биде поведена кампања на разговори и претставување на луѓето кои ќе го сочинуваат движењето.

- Ќе има многу тешки обврски и многу важни работи за Србија во Давос, но со нетрпение очекувам да разговарам со граѓаните на Србија, веднаш по моето враќање од Швајцарија. Прва голема средба и ги поканувам луѓето од Поморавље и Шумадија во Јагодина, в петок на 24 јануари, претпоставувам во 17 часот. Повелете и едвај чекам да се видиме, наведе Вучиќ.

притисни ентер