ЕХФ реши да му додели вајл-карта на Металург за Лигата на шампионите - Канал 5

ЕХФ реши да му додели вајл-карта на Металург за Лигата на шампионите

Екипата на Металург и следната сезона ќе игра во ракометната Лига на шампиони.

ЕХФ реши да му додели вајл-карта на Металург за Лигата на шампионите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши на Металург да му додели вајлд-карта за настап во елитното натпреварување во престојната 2016/2017 сезона, во која Македонија повторно ќе има два претставника. Покрај тимот оа Автокоманда во Лигата на шампионите разбирливо Македонија ќе ја преставува и првакот Вардар.

Иако Металург минатата сезона не се прослави во елитното натпреварување сепак благодарение на резултатите од претходните сезони, како и одличната организација и услови кои ги има, беа причините поради кои ЕХФ се реши да му додели вајлд-карта.

Металург како и лани ќе биде дел од групите Ц или Д каде што се уште и екипите на: Бешикташ, Динамо Букурешт, Мотор, Чеховски медведи, Елверум, Холтесбро, Нант, Монпелје и Ла Риоха, како и уште две екипи кои местото ќе го обезбедат преку квалификациите.

Вардар како шампион на Македонија и тим кој две сезони во низа стигнува до четвртфиналето ќе биде во А и Б групите, каде ќе играат и екипите на: Барселона, ПСЖ, Веспрем, Пик Сегед, Кјелце, Висла Плоцк, Брест Мешков, Кил, Фленсбург, Рајн Некар, Кристијанштад, Силкеборг, Кадетен Шафхаузен, Целје и Загреб.

Ждрепката за новата сезона во ракометната Лига на шампиони ќе се одржи на 1 јули, по што ќе биде познат и изгледот на групите за првата фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна

„Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна по објавувањето во јавноста на дипломатска нота за престој на семејството на премиерот Мицкоски и неговото семејство во Бугарија“.

Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна

Ова утринава го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Тој потенцираше дека се објавени лични податоци на семејството на премиерот. Вчера Мицкоски рече дека со објавувањето на податоците се загрозила безбедноста на неговото семејство, а откри и дека ги информирал и партнерите во НАТО.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Бурек од оризова хартија

Во среда (17.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Јелена Спенџарска.

„Гответе со Дракче“ - Бурек од оризова хартија

Состојки за денешниот рецепт:

1 јајце

100 гр. урда

100 гр. спанаќ

3 оризови хартии

Моча десерт

150 гр. грчки јогурт

1 протеински пудинг

150 гр. јагоди

1 оризова хартија

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација.

Перински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршка

На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа.

Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна, техничка и советодавна помош за јакнење на административните капацитети, подготовка на плански документи, подобрување на финансиското управување и унапредување на локалните услуги. На состанокот беше истакнато дека Ресурсниот центар претставува важен механизам за поддршка на општините во процесот на поефикасно извршување на нивните надлежности и реализација на развојните проекти.

Во рамки на посетата, се изврши увид и во реализацијата на проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, кој се спроведува во рамки на Интеррег VI-А ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Проектот има за цел да придонесе кон економскиот развој на прекуграничниот регион преку создавање услови за развој на четирисезонски туризам и одржливо користење на културните и природните ресурси. Вкупната вредност на проектот изнесува 809.303 евра, додека вредноста на активностите што ги реализираат македонските партнери е 522.806 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 78.420 евра за македонските партнери.

„Посетата на Општина Ранковце, покрај тоа што ја искористив за средба со градоначалникот, советниците и администрацијата, е и можност непосредно да го видиме напредокот на проектите кои се имплементираат во рамки на општината. Проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“ претставува пример како европските средства можат да се искористат за валоризација на локалните потенцијали. Со адаптацијата на објектите во селата Петралица и Отошница се создаваат нови содржини кои ќе придонесат за зачувување на традицијата, развој на туризмот и отворање можности за локален економски развој“, изјави Перински.

Тој истакна дека Министерството останува партнер на општините во процесот на користење на европските фондови и потсети дека за овој проект е обезбедено национално кофинансирање од 15 проценти за македонските партнери – Општина Кратово и Општина Ранковце.

Министерот информираше и дека Општина Ранковце започнува со имплементација на нов проект во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Косово, насловен „Активни граѓани за прекуграничен регион без поплави“, чија цел е подобрување на протокот на водите во реките и намалување на ризикот од поплави преку реконструкција на речни корита и инсталирање системи за рано предупредување.

Во рамки на посетата беше истакнато и дека преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година се реализира проектот за изградба на локален пат во село Опила, во вредност од над 6 милиони денари, со што дополнително се подобрува патната инфраструктура во општината.

Дополнително, преку двата јавни повика на Владата, во Општина Ранковце се имплементираат вкупно пет инфраструктурни проекти од областа на транспортот во вредност од над 38 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски, истакна дека посетата на министерот претставува значајна поддршка за општината и нејзините развојни заложби.

„За Општина Ранковце претставува особена чест што денес сме домаќини на министерот за локална самоуправа. Неговата посета е потврда дека државата ги препознава потребите на помалите општини и ја поддржува нивната развојна визија. Во моментов успешно го реализираме проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, преку кој инвестираме во развојот на туризмот, зачувувањето на традицијата и создавањето нови можности за локален економски развој“, рече Павловски.

Тој посочи дека особено значење за локалната заедница има реконструкцијата на поранешното училиште во село Петралица.

„Овој објект не е само градба, туку дел од колективната меморија на многу генерации жители на селото. Тука се создавале спомени, се стекнувале знаења и се граделе животни приказни. Токму затоа, една од просториите ќе биде уредена како спомен-соба, со цел да ги зачуваме сеќавањата и да им оддадеме почит на генерациите што поминале низ ова училиште“, истакна градоначалникот Павловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер