ЕХФ ја одби жалбата на Начевски на двегодишната суспензија - Канал 5

ЕХФ ја одби жалбата на Начевски на двегодишната суспензија

Начевски беше суспендиран во мај лани откако данската телевизија ТВ2 достави до ЕХФ „аудио и видеозаписи“ за негова наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари.

ЕХФ ја одби жалбата на Начевски на двегодишната суспензија

Ракометниот суд на ЕХФ ја одби денеска жалбата на Драган Начевски и ја потврди двегодишната суспензија за поранешниот македонски судија и долгогодишен претседател на европската Судиска комисија, поради непријавување обид за поткуп за местење натпревари.

Начевски беше суспендиран во мај лани откако данската телевизија ТВ2 достави до ЕХФ „аудио и видеозаписи“ за негова наводна вмешаност во нелегални активности поврзани со местење натпревари.

Според информациите доставени од данскиот медиум, Начевски во јануари 2020 година одржал средба со наводен бизнисмен, кој го убедувал дека може да внесе кинески ракометен тим во регионалната СЕХА лига. Според истиот извор, на средбата станало збор и за „местење натпревари“.

При изрекувањето на суспензијата лани, ЕХФ наведе дека на овој состанок „Начевски повеќе пати одбил понуда да соработува во местење натпревари, но според доставените изјави од средбата, не се оградил во целост и со тоа испратил погрешен сигнал во контекст на својата функција“.

„Оваа одлука се однесува само на повреди во врска со непријавување. Сè уште се во тек правните процедури и истраги за недостаток на интегритет и неправилности поврзани со обложување“, се прецизира во денешното соопштение на ЕХФ, која на Начевски му изрече и парична казна во износ од 5.000 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП. Улица и патишта. Известување за одлагање на датум за изведба на активности на мост „Близнак

ЈП Улици и патишта-Скопје известува дека планираните активности за санација на заштитната ограда на мост „Близнак“,кои беа предвидени за денес 08.10.2026г., се одложуваат.

ЈП. Улица и патишта. Известување за одлагање на датум за изведба на активности на  мост „Близнак

За новиот термин на реализација на активностите граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во Карпош

Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.

О. Карпош: Обновување на сообраќајната сигнализација пред училиштата и градинките во Карпош

Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош.

Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош.

Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираме за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие

Филипче не смее и не може да си поигрува и да си прави внатрепартиски пресметки кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреби.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие

Венко Филипче излезе во јавност со обвинувања и сомнежи и директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Филипче расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие.

Не може сериозни обвинувања за злоупотреба на десетици милиони евра да се користат како оружје во внатрепартиски конфликти. Ако постојат докази, Филипче треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат.

Граѓаните имаат право да знаат кој носел одлуки, кој ги одобрил набавките и дали државниот буџет бил оштетен.

Наместо партиски пресметки на Филипче, очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен. Правдата не смее да зависи од тоа кој со кого е скаран.

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер