ЕХФ ги осуди расистичките скандирања на хрватските навивачи - Канал 5

ЕХФ ги осуди расистичките скандирања на хрватските навивачи

Однесувањето кое дискриминира или расистички навредува кон кои било играчи, официјални лица или гледачи не се толерира на ниту еден натпревар во организација на ЕХФ. 

ЕХФ ги осуди расистичките скандирања на хрватските навивачи

Европската ракометна федерација (ЕХФ) соопшти денеска дека е запозната со изјавите на играчите на француската репрезентација, кои наведоа дека биле цел на расистичките навреди од трибините за време на вчерашниот натпревар во Келн против Хрватска во рамки на главната фаза на Европското првенство, остро осудувајќи ги, притоа, сите облици на расизам, дискриминација и нетолеранција.

„Однесувањето кое дискриминира или расистички навредува кон кои било играчи, официјални лица или гледачи не се толерира на ниту еден натпревар во организација на ЕХФ. На таквото однесување нема место во европскиот ракомет. Конкретните навивачи во четвртокот беа идентификувани и отстранети од трибините од обезбедувањето“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека за инцидентот за време на дуелот меѓу Хрватска Франција дополнително ќе се разговара меѓу ЕХФ и Ракометната федерација на Германија со цел да бидат преземени сите мерки тоа да не се повтори.

Исто така ќе се разговара и за хрватската делегација на Европското првенство, со посебен акцент на одговорноста за однесувањето на хрватските навивачи на натпреварите во рамки на континеталниот собир чиј домаќин е Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК не ги открива причините за бугарската блокада на акцискиот план за малцинства

Македонските власти ги консултирале Европската комисија, Советот на Европа и сите засегнати страни при изработката на Акцискиот план за малцинствата, велат од Комисијата за Канал 5. 

ЕК не ги открива причините за бугарската блокада на акцискиот план за малцинства

Оттаму додаваат дека документот без кој Македонија и да ги донесе уставните измени, нема да може да го отвори првиот преговарачки кластер, поминал и низ јавна расправа, а земјите-членки имале можност да достават забелешки на нацрт-верзијата. Сепак, не појаснуваат дали има блокада или противење од некоја земја-членка во текот на процесот, туку за ставовите на поединечните држави упатуваат да се побараат информации директно од нив. Токму на таа тема, Канал 5 веќе испрати и прашање до бугарското МНР за појаснување каде според нив е застојот за документот, но одговор не добивме.

-Можеме да потврдиме дека властите на Македонија се консултираа со Комисијата, Советот на Европа и други релевантни засегнати страни, при подготовката на Акцискиот план за малцинствата и заедниците. Властите на Македонија спроведоа јавни консултации за документот. Во овој процес на консултации, земјите-членки имаа можност да ги достават своите коментари во врска со нацртот. Кога станува збор за ставот на поединечните земји-членки, ве упатуваме да се обратите директно до засегнатите земји-членки.- Европска Комисија

Шефовите на дипломатии на Македонија и Бугарија утре во Софија ќе учестуваат на состанокот од процесот за соработка во југоисточна Европа. Сепак од македонското МНР велат дека засега нема план за билатерална средба меѓу нив нив. Такво нешто пак, најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која посочи за сите отворени прашања на релација Скопје-Софија очекува утре да разговара со бугарската колешка Јотова. Прашан пак за средбата, премиерот Мицкоски посочи дека не му е позната евентуалната содржина, но нагласи дека владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување.

-Јас навистина не знам што би можел да очекувам, како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи, како претседател на влада ќе сторам се што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата, и второ нормално да градам добрососедски односи со сите наши соседи на основа на принципот на двонасочна улица, затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца.- Христијан Мицкоски – Претседател на владата

Најавената средба Сиљановска – Јотова на маргините на процесот за соработка во југоисточна Европа во Софија доаѓа по самитот Еу-Западен Балкан во Тиват каде една од главните теми беше нон-пејперот на германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон во кое побараа постепена интеграција и забрзано проширување на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација?

Сите интитуциите знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во кратовско.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација?

Веста дека семејство го узурпира локалитетот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Екипа на Канал 5 денеска е во Куклица, препознатлива по камените кули.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште

Владата е блиску до одлука државата сама да ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште.

Владата пред одлука државата сама да го реализира проектот Чебрен и Галиште

Владата е блиску до одлука државата сама да ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште – премиерот Христијан Мицкоски вели се работи на физибилити студија за еден од најважните стратешки објекти од областа на енергетиката и одлуката ќе ја носат заедно со раководството на државни електрани. Ваквата најава на Мицкоски доаѓа по години обиди за реализација на овој проект и 14 неуспешни тендери за јавно-приватно партнерство или концесија.

Според владините проценки проектот би чинел 1,5 милијарди евра. Мицкоски вели доколку успеат да формираат синдикат на меѓународни финансиски институции а разговорите се во таа насока тогаш владините оечкувања се дека веќе следната година ќе биде ставен камен темелник.

„Имајќи ги предвид климатските промени убеден сум дека не само на Македонија туку и на регионот ќе им требаат два резерворари со вода за пиење а токму тие се тие акомулации, така што производството на електрична енергија не е примарен предизвик, имајќи предвид дека под постоечката хидроцентрала Тиквеш се наводнува земјоделско земјиште.. ценам дека овие колични на вода можат да го помогнат овој процес па дури потоа да зборуваме за производство на електрична енергија.. да стиснеме заби....“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Приоритет на Владата е и изградбата на патната инфтраструктура.. Мицкоски очекува целосно пуштање во употреба на автопатот Кичево – Охрид во првиот квартал од 2027 година, додека делот од Извор до Врбјани каде се наоѓааат тунелите да биде готов и пуштен во употреба најдоцна во октомври, а до крајот на овој месец премеирот најави конечно да почнат работите и за изградба на автопатот Скопје – Блаце.

„Вчера одбив инфорамција завршена е процедурата за избор, завршени се сите одговори на жалби и поплаки и во прв и во втор степен комплетирана е процедурата и очекувам старт на теренските активности најдоцна до крајот на овој месец.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Премиерот е оптимист дека следната година би почнал и проектот за изградба на нов клинички центар, доколку се се одвива како што треба и државата успее да се договори со сопственикот на земјитешто на Илинденска, во близина на СЦ Борис Трајковски. Според планот Клиничкиот центар би бил поврзан со болницата „8 Септември“ преку подземен премин под булеварот, а во комплексот би биле вклучени и ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер