ФудбалЕгипетски Ал Ахли по 12 пат првак на АфрикаФудбалерите на египетски Ал Ахли по четврти пат во последните пет години се крунисани во африкански шампион, откако го совладаа тунискиот Есперанс со 1-0 во реваншот од финалето синоќа во Каиро.На првиот натпревар во Тунис немаше голови, а пред 60.000 гледачи во Каиро фудбалерите на египетскиот првак го освоија рекордниот 12. Африкански куп. Капитенот Рами Рабија го доведе гигантот од Каиро во водство во четвртата минута и тоа беше единствениот гол на натпреварот. Ал Ахли ја зацврсти својата позиција како врвен клуб на континентот со својот 12-ти триумф. Градскиот ривал Замалек од Каиро, како и ТП Мазембе имаат по пет трофеи во африканската Лига на шампиони. Есперанс, кој ја освои титулата во четири наврати, по петти пат заврши како второпласиран. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лицеНервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село. Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви. Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив. Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Драстичен пад на горивата, дизелот поевтинува за 8, бензинот за 4 денари Од полноќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%. Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг. Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нова патека и нов ски лифт на МихајловоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook