СветЕгипет на нозе- од музејот во Каиро е украдена златна нараквица, стара 3.000 години Египетските власти бараат нараквица стара 3.000 години, која исчезна од водечкиот музеј во Каиро.Непроценливата златна нараквица, украсена со сферични топчиња од лапис лазули, датира од времето на владеењето на кралот Аменемопе, фараон од 21-вата династија на древен Египет, кој владеел од 993 до 984 година п.н.е, објави Би-Би-Си. Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека презело итни мерки откако нараквицата исчезнала од лабораторијата за реставрација на Египетскиот музеј и дека случајот е пријавен во полицијата. Сликата од нараквицата е дистрибуирана до сите египетски аеродроми, пристаништа и гранични премини како „мерка на претпазливост за спречување на обиди за шверц“, додаде министерството. Не е познато кога последен пат бил виден накитот Формиран е експертски комитет за да изврши попис и преглед на сите предмети складирани во лабораторијата за реставрација. Министерството соопшти дека намерно го одложило објавувањето на исчезнувањето на нараквицата „за да се обезбедат соодветни услови за продолжување на истрагата“, но не прецизираат кога накитот последен пат е виден. Египетскиот дневен весник „Ал-Мисри ал-Јавм“ објави дека исчезнувањето било забележано во текот на изминатите неколку дена, додека вработените во музејот се подготвувале да испратат десетици предмети во Рим за изложбата што ќе се отвори следниот месец. The Grave Mask of king Amenemope of the 21st dynasty 🇪🇬#ancientegypt pic.twitter.com/o2jii82eKr — Ancient Egypt (@Ancient_Egypt_X) June 18, 2025 Египетскиот музеј во Каиро е најстариот археолошки музеј на Блискиот Исток. Во него се сместени повеќе од 170.000 предмети, вклучувајќи ја и позлатената дрвена погребна маска на кралот Аменемопе. Исчезнувањето на нараквицата се случило шест недели пред отворањето на Големиот египетски музеј во блиската Гиза, каде што ќе бидат изложени светски познатите богатства од гробницата на кралот Тутанкамон.Тагови: Египет Каиро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16