2Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
1Селин Дион прв пат се појави во јавност по две години- во Париз ја пречекаа толпи обожуватели (ВИДЕО)
2Европската комисија го принуди Гугл да ги смени правилата- што ќе значи тоа за медиумите и издавачите
ТехнологијаЕгипет ќе користи вештачка интелигенција за борба против дезинформацииЕгипетската Влада претстави платформа базирана на вештачка интелигенција за проверка на точноста на вестите и за идентификување „лажни или погрешни“ информации поврзани со државата, општеството и националната економија.Египетската Влада претстави платформа базирана на вештачка интелигенција за проверка на точноста на вестите и за идентификување „лажни или погрешни“ информации поврзани со државата, општеството и националната економија, објави весникот „Нешенал“. Премиерот Мостафа Мадбули ја соопшти иницијативата на состанок со членови на кабинетот, медиумски регулатори и високи претставници на администрацијата. Платформата ќе врши брза анализа на содржината на вести и фотографии. Технологијата е дел од пошироката стратегија за спротивставување на „гласини“ и „лажни вести“ што се шират на социјалните мрежи и во медиумите, рече премиерот. Тој истакна дека Владата ја поздравува конструктивната критика, но ќе дејствува решително против ширење невистинити информации што може да ја поткопаат јавната доверба или економската стабилност. Иако законодавството во Египет веќе предвидува санкции за ширење лажни вести, на состанокот биле разгледани предлози за воведување построги казни за повторени или намерни прекршувања. Весникот „Нешенал“ додава дека и други земји испитуваат модели со вештачка интелигенција за справување со онлајн-дезинформации, што отвора дебата за тоа како овие системи прават разлика меѓу точни и неточни информации и како влијаат врз слободата на говор.Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко МладиќВладата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците Далибор Китановиќ да го повлече ставот за Ратко Младиќ... Владата бара од Далибор Китановиќ да го повлече ставот за Ратко Младиќ, а доколку не се согласува со владините политики очекуваме да си поднесе оставка- велат оттаму за Канал 5, откако директорот на Агенцијата за правата на заедниците привлече низа реакции со објавата на фејсбук дека Младиќ бил небесен генерал... „Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд. Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува.“ Претходно се огласија и опозициските СДСМ, ЛДП, ДУИ, но и владејачката Вреди, а критики имаат и за Демократска партија на Србите во Македонија на Стоилковиќ кои исто така се простија од него со објава на фејсбук. Од СДСМ велат дека кривичниот законик предвидува одговорност и санкција за овие ставови. „Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата на Мицкоски кои ги величаат воените злосторници како Ратко Младиќ. Ова е дел од поширока агенда, Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. / Јавното обвинителство мора да постапи за величањето на Ратко Младиќ и да ја утврди одговорноста на Иван Стоилковиќ, неговата партија и Далибор Китановиќ.“ Од ЛДП побараа и со закон да се забрани во иднина величење, афирмирање и промовирање на осуденици за злосторства, фашизам, нацизам и слично. „Ова не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на меѓународните судови. Особено е недозволиво ваквата глорификација да биде поврзана со носители на високи државни функции.“ ДУИ пак ги обвинија и Вреди дека со учеството во владата ги прифаќаат овие ставови на функционерите. Од партијата на Меџити и Касами пак преку соопштение го осудија ставот на директорот на Агенцијата и побараа одговорност. Поранешниот генерал на српската војска и хашки осуденик Ратко Младиќ почина завчера во Хаг на 85 годишна возраст. Тој беше командант на главниот штаб на војската од 1992 до 1995 година и раководеше со низа воени операции. Во 2021 беше осуден пред хашкиот трибунал на доживотен затвор за злосторства против човештвото, меѓу кои и геноцидот во Сребреница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателниВо земјава денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои седум сè уште се активни, информира центарот за управување со кризи.Според ЦУК, пожарите се регистрирани на повеќе локации низ државата, а екипите на терен продолжуваат со интервенции за нивно локализирање и гаснење. На дел од местата огнот зафатил сува трева, ниска вегетација и шумски површини, а поради високите температури, ветерот и сувото време постои опасност од брзо ширење. Во гаснењето се вклучени противпожарни единици, локални служби и други надлежни институции, зависно од состојбата на теренот. Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во услови на зголемен ризик од пожари. Надлежните служби велат дека продолжуваат да ја следат состојбата и ќе интервенираат на сите критични точки каде огнот останува активен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаТурчин со ауди удрил во полицаец на мотоцикл во Пробиштип Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. На 28.08.2026 во 20:42 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Миро Барага“ со ул.„Јордан Стојанов“ во Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Д.П.(27) од Пробиштип и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(39) од Р.Турција, со привремен престој во с.Крилатица, кратовско. Во несреќата со телесни повреди се здобил Д.П., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook