Египет ја потврдува посветеноста за зачувување на статусот на Синајскиот манастир Св. Катерина - Канал 5

Египет ја потврдува посветеноста за зачувување на статусот на Синајскиот манастир Св. Катерина

Египет ја потврдува посветеноста за зачувување на статусот на Синајскиот манастир Света Катерина.

Египет ја потврдува посветеноста за зачувување на статусот на Синајскиот манастир Св. Катерина

Целосната посветеност на зачувувањето на единствениот и свет религиозен статус на манастирот Света Катерина, изразува претседателството на Египет, преку соопштението објавено доцна синоќа по информациите дека со судска одлука ќе се затвори конкретниот манастир на планината Синај и по реакциите од грчкото МНР и грчката Влада.

- Претседателството потврдува дека неодамнешната судска одлука го консолидира овој статус, усогласувајќи се со точките што претседателот Ел Сиси ги нагласи за време на неговата неодамнешна посета на Атина на 7 мај, соопштија од кабинетот на египетскиот претседател Абдел Фатах Ел Сиси и додадоа дека „ја потврдува важноста на зачувувањето на блиските и братски односи што ги поврзуваат двете земји и народи“.

Како што вчера објави МИА портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу во однос на последните случувања во врска со манастирот Света Катерина на планината Синај рече дека грчкиот министер за надворешни работи стапил во контакт со неговиот египетски колега и „јасно му стави до знаење дека нема никаков простор за отстапување од заедничкото разбирање на двете страни, кое го изразија лидерите на двете земји во рамките на неодамнешниот Висок совет за соработка“

Дополнително посочи дека Владите на Грција и Египет во изминатиот период работеа на договор што ќе го гарантира светиот грчко-православен карактер на регионот и дека очекуваат да им биде испратена одлуката на египетскиот суд што беше издадена завчера.

Портпарол на грчката Влада Павлос Маринакис истакна дека кога официјалната и целокупната содржина на судската одлука ќе биде позната и оценета во овој поглед, ќе излезат си официјален став, но и додаде дека не очекуваат отстапување од договореното меѓу двете земји.

Пред три седмици во Атина се одржа првиот Висок совет за соработка Грција – Египет, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји, а на агендата разговори беше и Синајскиот манастир Света Катерина, кој е најстариот функционален христијански манастир во светот. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Претседателот Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во Ваташа

Денеска присуствуваме на одбележувањето на 83-годишнината од масакрот, убиството на младинците тука во Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. 

СДСМ: Претседателот Филипче на одбележување на 83 годишнината од масакрот на младинците во Ваташа

Ова нѐ учи дека политиките на омраза и на поделба единствено до што водат се трагедии.

Затоа имаме обврска денес, во денешно време, да ги зајакнуваме демократијата, владеењето на правото и сите вредности и политики коишто произлегуваат од ужасите на Втората светска војна.

Благодарам.

Изјава за медиуми, претседател на СДСМ, д-р Венко Филипче

YouTube video

Скопје, 16.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралиски метеоролози: Можеби ќе се соочиме со најсилниот Ел Нињо од 1950 година

Австралискиот завод за метеорологија денес објави дека временскиот феномен Ел Нињо се формирал во Тихиот Океан и би можел да се интензивира во втората половина на 2026 година и да стане најсилен во последните седум децении.

Австралиски метеоролози: Можеби ќе се соочиме со најсилниот Ел Нињо од 1950 година

Метеоролозите очекуваат феноменот да донесе обилни дождови и во Америка и топли и суви услови во Азија, каде што редовната сеидба е веќе нарушена, што предизвикува загриженост за снабдувањето со храна во најнаселениот регион во светот.

Температурите на површината на морето во регионот ги надминаа границите на Ел Нињо, а сите атмосферски индикатори укажуваат на феноменот, објави Австралискиот завод за метеорологија.

„Прогнозите укажуваат на силен или многу силен настан Ел Нињо врз основа на степенот на затоплување во централниот, тропски Тихи Океан. Околу половина од моделите укажуваат дека овој настан би можел да биде на некои од највисоките нивоа од 1950 година“, соопшти метеоролошката служба.

Научниците велат дека климатските промени дополнително ќе ги влошат ефектите од овогодинешниот Ел Нињо. Ел Нињо, периодично затоплување на температурите на површината на морето во централниот и источниот Пацифик, е поврзан со пониски зимски и есенски врнежи од дожд, особено на источниот брег на Австралија, и повисоки дневни температури, соопшти институтот.

Временскиот феномен е особено штетен за Австралија бидејќи влијае на земјоделското производство во земјата, која е еден од најголемите извозници на пченица, шеќер и говедско месо во светот.

Последниот Ел Нињо, кој ја погоди Австралија од 2023 до 2024 година, предизвика најсув тримесечен период досега. Еден од најсилните вакви настани, во 2015 и 2016 година, доведе до суша и намалено производство на жито и маслодајна репка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите

Oбразовниот систем денес е распарчен, бирократизиран и брутално партизиран.

СДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите

Лабораторија за политички експерименти на ВМРО, на штета на учениците и просветните работници.

Се носат закони со сериозни штети врз образовниот систем и квалитетот на oбразованието со кои уште повеќе ќе се зголеми одливот на млади кадри од државата.

Училиштето е сведено на фабрика за оценки, факултетот е често само чекална за Бирото за вработување или биро за иселување.

Вистина е дека средното и високото образование станаа класна бариера, каде успеваат само тие со длабок џеб, додека талентот на учениците и студентите се губи во застарените методи.

СДСМ во програмата „Твоја држава – твоја шанса" нуди конкретни решенија и нов пристап кон образованието.

Нашата визија е интелигентна Македонија, каде државата инвестира во мозокот на нацијата како во свој највреден капитал.

Праведно е да имаме задоволни наставници и професори, задоволни ученици и студенти.

Предвидуваме систем кој не ги тера учениците и студентите само да учат за тест, туку да учат за да се стекнат со знаење, да се адаптираат во општеството и кариерно да напредуваат во својата земја.

Ќе обезбедиме ваучер од 2.000 евра за секој матурант за обуки за програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии - за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места.

Секој млад човек мора да има пристап до факултет, а тоа да не биде товар за семејниот буџет.

Затоа во нашата платформа предвидуваме целосно бесплатни студии на државните универзитети.

Во време на високо развиена технологија, секој ученик ќе има бесплатен персонален систем за учење, базиран на вештачка интелигенција.

Праведно е образованиот систем и стекнувањето знаење да е достапно во секој период од животот.

Во нашата платформа имаме концепт за трансформација на факултетите во хабови за доживотно учење.

Секој граѓанин без разлика на возраста, може да се врати на факултет за бесплатни „микро-квалификации“ прилагодени на потребите на новата економија.

Предвидуваме секој граѓанин да добие дигитален пасош на знаење -државата ќе депонира средства во форма на ваучери наменети исклучиво за доживотно учење и преквалификација во текот на целата кариера.

Платата на наставникот да стане највисока во јавниот сектор, со најмалку 25% повисока од просечната нето плата во државата.

Наставникот мора да стане најплатениот и најпочитуваниот професионалец, бидејќи тој е архитектот на нашиот заеднички успех.

Паметна држава значи моќен народ.

Знаењето нема веќе да биде привилегија, тоа е право.

Твоја држава, Твоја шанса!

Прес конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер