EФИКАСНИ И ЕЛЕКТРИЧНИ: НОВОТО OPEL SUV ТРИО GRANDLAND, FRONTERA И MOKKA

Со целосно новите Grandland и Frontera како и новата Mokka, Opel го нуди најмладото SUV трио на пазарот и вистинскиот модел за секој вкус.

  • За љубителите на електрични возила: новите Grandland Electric, Frontera Electric и Mokka Electric

Продолжен опсег: STLA Medium платформата овозможува опсег до околу 700 km без емисии на штетни гасови (WLTP)

  • Electric All In*: Opel обезбедува релаксирачка електромобилност и спокој со вклучените е-услуги кога купувате електричен патнички автомобил. * Во зависност од земјата
  • За оние кои сакаат полека да преминат на електрично возило: Grandland, Frontera и Mokka Hybrid со 48-v систем
  • Слобода на избор: врвниот Grandland SUV, Frontera погодна за семејства и смелата Mokka која го комплетира најмладото SUV трио на пазарот.

Вредности (комбинирани) за Opel Grandland Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 16.9-18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A.

Вредности (комбинирани) за Opel Frontera Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 18.2-18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознакаl: A.

Вредности (комбинирани) за Opel Mokka Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 15.5-15,6 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A.

Вредности (комбинирани) за Opel Grandland Hybrid според WLTP: потрошувачка на гориво 5.5-5.6 l/100 km, емисија на CO2 124-128 g/km; CO2 ознака: D.

Вредности (комбинирани) за Opel Frontera Hybrid со 100 kW (136 КС) според WLTP: потрошувачка на гориво 5.2-5.3 l/100 km, емисија на CO2 118-120 g/km; CO2 класа: D.

Вредности (комбинирани) за Opel Frontera Hybrid со 74 kW (100 КС) според WLTP: потрошувачка на енергија 5.5 l/100 km, емисија на CO2 122-123 g/km; CO2 класа: D.

Вредности (комбинирано) за Opel Mokka Hybrid според WLTP: потрошувачка на енергија 4.9 l/100 km, емисија на CO2 110 g/km; CO2 ознака: C.

Вредности (комбинирани) за Opel Grandland Plug-in Hybrid според WLTP: потрошувачка на енергија 21.9-23.4 kWh / 100 km плус 0.8-0-9 l бензин /100 km; емисија на CO2 19-21 g/km; CO2 ознака: B. потрошувачка на гориво кога батеријата е празна 6.8-7.0 l/100 km; CO2 ознака: F.

Со целосно новите Grandland и Frontera како и новата Mokka, Opel го нуди најмладото SUV трио на пазарот и вистинскиот модел за секој вкус. Од компактната, дополнително смела Mokka до семејната Frontera и новиот врвен Grandland, секој SUV е веќе достапен за нарачка, со моќни и ефикасни, електрифицирани погони. Секој од ова трио е достапен и како целосно електричен, а со тоа и без емисии и со ефикасни hybrid погони од 48-v за заштеда на гориво. Покрај тоа, Grandland доаѓа дури и како динамичен plug-in hybrid. Сè што треба да направат клиентите е да одлучат кој модел и кој погон најдобро одговара на нивните потреби.

Патувајте без емисии: новите Grandland, Frontera и Mokka Electric

Целосно новиот Opel Grandland не само што е опремен со бројни иновации како што е новиот 3D Vizor со осветлено лого Opel Blitz и осветлен натпис OPEL одзади, како и Intelli-Lux HD светла без одсјај или практичната Pixel Box за индуктивно полнење на паметни телефони. Добитникот на „Златен управувач 2024“ е и првиот Opel базиран на BEV STLA Medium платформата. Клиентите на Grandland Electric веќе имаат избор од две електрични верзии од 157 kW (213 КС), кои го движат Grandland од 0 до 100 km/h за 9 секунди и се овозможува опсег погоден за секојдневна употреба и патување.

Со батеријата од 73 kWh (корисен капацитет), целосно електричниот SUV може да помине до 523 km (WLTP1) со едно полнење. Кај Grandland Electric GS со батерија од 82 kWh, опсегот се зголемува до 582 km (WLTP). А наскоро, со батеријата од 97 kWh ќе може да пминете дури до 700 km (WLTP) без емисии. Ако Grandland треба да се наполни, потребни се помалку од 30 минути за полнење до 80 % од капацитетот на батеријата со капацитет за полнење до 160 kW на јавна станица за брзо полнење.

Доколку клиентите сакаат да возат индивидуално, а сепак со покомпактен SUV во град и пошироко, ќе можат да ја нарачаат новата Opel Mokka Electric со електричен мотор од 115 kW (156 КС). Благодарение на ефикасното пакување, инженерите можеа да обезбедат примерен опсег со компактна големина на батеријата од 54 kWh. Ова значи дека може да се поминат до 403 km (WLTP) без емисии. Батеријата е поставена на подот што заштедува простор, а овозможува и низок центар на гравитација и гарантира дека новата Mokka Electric самоуверено стои на патот. И со 260 Nm моментален вртежен момент, електричниот автомобил обезбедува брзо забрзување од место и уживање во возењето.

Во исто време, новата Mokka Electric доаѓа со најсовремениот инфозабавен систем. Дополнително развиениот бестселер веќе е опремен со 10-инчен дигитален информативен дисплеј за возачот и подеднакво голем екран на допир во боја како стандард. Ако новата Mokka има интегрирана навигација, ажурирањата на мапите се извршуваат “over the air”. Како и во Grandland, системот сега може да информира и самостојно да предлага дестинации и водење на рутата врз основа на навиките на поврзаниот профил на возачот благодарение на ChatGPT (достапен со поврзаната навигација).

Новата Opel Frontera не само што се истакнува како исклучителен и флексибилен SUV со својот робустен дизајн и бројните практични решенија во внатрешноста. Овој нов модел погоден за семејство го прави задоволство секојдневното возење и патувањата на одмор благодарение на неговите погонски склопови. Во согласност со пристапот на Opel „Greenovation“, секоја Frontera е електрифицирана. Клиентите кои сакаат да патуваат без издувни гасови веќе можат да ја нарачаат електричната Frontera Electric со 83 kW (113 КС) и батерија од 44 kWh (употребливо) и да возат до 305 km (според WLTP) со едно полнење. Како верзија со „долг опсег“, новата Frontera Electric наскоро ќе може да помине до околу 400 km (прелиминарен опсег според WLTP) помеѓу следното полнење.

Electric All In2*: Уживајте во релаксирачки патувања со новите целосно електрични SUV возила на Opel

Новите Grandland Electric, Mokka Electric и Frontera Electric не само што се едноставни за возење и полнење. Opel ја прави електричната мобилност едноставна и достапна за клиентите, почнувајќи од купувањето возило. Клиентите кои купуваат патнички електричен автомобил Opel сега ќе добиваат бројни врвни услуги. „Electric All In“* е името на формулата што го прави попријатно преминувањето на електрична енергија, а и секојдневното возење. Понудата вклучува услуги како што се ePrо ѕиден полнач за брзо полнење дома, пакет Opel Connect PLUS и осумгодишна помош при полнење на мобилни телефони и помош на пат, како и гаранција за батеријата.

*Во зависност од земјата.

Најдоброто од двата света: Grandland, Frontera и Mokka со 48-volt hybrid технологија

Клиентите кои претпочитаат да возат на електрична енергија и да штедат гориво без да мора да ги менуваат навиките за возење и работа или да мораат да го поврзат автомобилот на станица за полнење, можат да ги изберат hybrid верзиите со 48-volt систем. Паметната, економична и компактна 48-volt hybrid технологија кај Grandland Hybrid, Frontera Hybrid и Mokka Hybrid овозможува многу предности при секојдневната употреба. Погонот вклучува литиум-јонска батерија која автоматски се полни под одредени услови на возење, како и 1,2-литарски бензински мотор од 100 kW (136 КС) (Frontera Hybrid со дополнително достапни 74 kW (100 КС)). Трицилиндричниот мотор е развиен специјално за hybrid верзиите и доаѓа во комбинација со електрифициран шест-степен менувач со двојна спојка и електричен мотор од 21 kW (28 КС).

Технологијата е особено ефикасна за градскиот сообраќај. Електричниот погон го поддржува бензинскиот мотор при забрзување и стартување од место. Електричниот мотор придонесува за вртежениот момент, особено при мали брзини на моторот, за подобра динамиката при возење и помалку емисија на CO2. При мали брзини, електричниот мотор исто така овозможува целосно електрично возење до еден километар или до 50 отсто од времето поминато во град. Кога Grandland, Frontera или Mokka Hybrid забавуваат при поголеми брзини, бензинскиот мотор се исклучува додека електричниот мотор делува како генератор за полнење на батеријата од 48 волти на hybrid системот. Оптимално координираниот систем е дизајниран секогаш да обезбедува најдобри перформанси со најниска потрошувачка на енергија.

Клиентите кои бараат трета опција за електрифициран погон ќе може да го пронајдат новиот врвен Grandland SUV. Новиот Grandland plug-in hybrid овозможува опсег 87 km (WLTP) без емисии. Со моќноста од 143 kW (195 КС) и 350 Nm максималниот вртежен момент во комбинација со електрифицираниот седум-степен менувач со двојна спојка, загарантирано е импресивно задоволство при возење. Автомобилот со погон на предните тркала забрзува од 0 до 100 km/h за само 7,8 секунди. Можна е максимална брзина од 220 km/h.

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер