Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЖивотЕЕА: ЕУ ги намали емисиите на штетни гасови и загадувањето, но потребни се повеќе напориЕвропската Унија во последните пет години постигна значителен напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот.Европската Унија во последните пет години постигна значителен напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, но сепак се потребни повеќе напори за справување со климатските промени и деградацијата на животната средина, кои претставуваат големи ризици за економскиот просперитет, конкурентноста, безбедноста и квалитетот на животот во Европа. Ова се наведува во Извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) за состојбата во ЕУ со емисиите на штетни гасови и загадувањето во изминативе пет години објавен денеска. - Водните ресурси на Европа се под сериозен притисок. Проблеми со водата моментално има на 30 отсто од територијата на Европа и за 34 проценти од населението. Затоа, спроведувањето на политиките и целите на ЕУ, како и преиспитувањето на врските помеѓу економијата и животната средина, се клучни за да се обезбеди здраво општество и конкурентна економија, се вели во Извештајот. Во документот на ЕЕА се нагласува потребата од „климатско лидерство на ЕУ“ преку континуирано намалување на емисиите на стакленички гасови и на употребата на фосилни горива, како и преку значително зголемување на користењето на енергија од обновливи извори и подобрување на енергетската ефикасност. Според извештајот, од 1990 година, па до сега, ЕУ ги намалила своите емисии на стакленички гасови за 37 отсто, а добар напредок е постигнат и во подобрување на квалитетот на воздухот, рециклирањето на отпадот, иновациите, зелените работни места и одржливото финансирање. - Политиките на ЕУ за подобрување на квалитетот на воздухот резултираа со намалување на бројот на предвремените смртни случаи како резултат последици од вдишувањето ПМ честички од 2005 до 2022 година за 45 отсто, се наведува во Извештајот. Во документот, со кој се опфатени 38 земји, се нагласува потребата од активности за продолжување на обновата на природата на Европа, заштитата на биолошкиот диверзитет и намалувањето на загадувањето, бидејќи „целокупната состојба на животната средина во Европа има потреба од понатамошно подобрување“. - Заштитата на природните ресурси, ублажувањето и прилагодувањето кон климатските промени и намалувањето на загадувањето ќе придонесат за отпорноста на Европа. Европската Унија презема мерки за справување со овие предизвици и продолжува со својата работа кон чист, одржлив и отпорен континент, останувајќи на курсот кон своите климатски и еколошки цели, се додава во извештајот.Тагови: ЗАГАДУВАЊЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локацииКако што дознава Канал 5 крим полиција е повторно на терен.Неофицијално, дознаваме дека Одделот за криминалистичка полиција при МВР координирано со сите Сектори за внатрешни работи и организациска единица за службени кучиња, продолжуваат со воспоставениот континуитет на работа и вршат претреси на над 40тина локации веќе два дена. Според информацииите, пронајдени се дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Акцијата е продолжение и резултат на координираното постапување на сите организициски единици на МВР и уште еднаш ја отсликува силната волја и заложба на Министерството за внатрешни работи за бескомпромисна борба во сузбивање на криминалот.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо партнерска соработка до побрза енергетска обнова на јавните објектиЕнергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја унапредува координацијата со меѓународните партнери за забрзување на енергетската обнова на јавните објекти, намалување на потрошувачката на енергија и поефикасно користење на јавните ресурси. Во рамки на подготовката на проектот PIONEER-MK, со поддршка на програмата PEEB Cool, во Министерството се реализираше мисија на Француската агенција за развој (AFD), во чии рамки се одржа партнерски состанок со претставници на AFD, Светската банка, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Канцеларијата на Претседателот на Владата. На состанокот се разгледаа можностите за подобра координација на активностите и унапредување на соработката за спроведување на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите од јавниот сектор на државно ниво, за периодот од ноември 2025 до ноември 2028 година. Енергетската обнова на јавните објекти е инвестиција во пониски трошоци, помала потрошувачка на енергија и поодржлива јавна инфраструктура. Преку усогласено дејствување на домашните институции и меѓународните партнери се создаваат услови за поефикасно спроведување на мерките за енергетска ефикасност и намалување на емисиите на стакленички гасови. Министерството продолжува да ја зајакнува соработката со националните и меѓународните институции, со цел спроведување на реформските приоритети и исполнување на националните и европските цели за енергетска ефикасност и зелена транзиција. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо филмот „Фантази“ и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ КиненоваСо филмот „Фантази“ на Кукла Кешеровиќ, словенечко-македонска копродукција и доделување на наградите вечерва завршува 11. издание на МФФ Киненова.Со проекција на „Фантази“ е долгометражен игран филм од 2025/2026 година, кој претставува словенечко-македонска копродукција во режија и сценарио на Кукла Кешеровиќ, вечерва се затвора 11. издание на МФФ Киненова. Филмот е словенечки официјален кандидат за најдобар меѓународен игран филм на 99. Доделување на наградите Оскар (2027) Филмот ја следи приказната на Михрије, Сина и Јасна — три блиски пријателки во раните дваесетти години чиј неконвенционален начин на живот се менува кога ја запознаваат Фантази, млада трансродова жена. Низ нивната интеракција, ликовите истражуваат прашања поврзани со родот, желбите, идентитетот и личното себеоткривање. Годинава, одлуката за најдобрите филмски остварувања на 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ е во рацете на истакнато меѓународно жири, составено од врвни филмски авторитети: Емин Алпер – Филмски режисер чии авторски потписи се препознатливи по силниот социо-политички супстрат и суптилната психолошка длабочина. Александра Марковиќ – Режисер, документарист и професор, чиј критички поглед и креативен сензибилитет носат посебна димензија во валоризацијата на филмскиот израз. Гоце Цветановски – Филмски режисер од Македонија, автор со значаен придонес во развојот и промоцијата на националната и меѓународната кинематографија.Тагови: МФФ Киненова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11