БалканЕдномесечен притвор за косовски Србин осомничен за напад врз припадници на КФОР во мај 2023-таСудот проценува дека, доколку биде на слобода, постои опасност од бегство на обвинетиот, со оглед на тоа дека работи во Србија и може да биде недостапен за органите на правдата во Косово.Косовски суд му одреди едномесечен притвор на косовски Србин осомничен дека сторил четири кривични дела, меѓу кои и напад врз припадници на Мировната мисија на НАТО во Косово - КФОР на протестите во Звечан во северно Косово во мај 2023 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Основниот суд во Приштина, обвинетиот со иницијали Л.Д. е осомничен за кривичните дела „здружување за противуставна дејност“, „загрозуваање на лица под меѓународна заштита“, „учество во толпа што врши кривично дело и хулиганство“ и „напад врз службено лице“. Судот проценува дека, доколку биде на слобода, постои опасност од бегство на обвинетиот, со оглед на тоа дека работи во Србија и може да биде недостапен за органите на правдата во Косово. - Постои основано сомнение дека на 29.05.2023 година во временскиот интервал од 06:00 часот до вечерните часови, во периметарот во кој се наоѓа објектот на општина Звечани, пријавениот Л.Д активно учествал во групата или толпата лица, која имала за цел да изврши тешки кривични дела, на тој начин што преку употреба на насилство се обидела да го спречи воспоставувањето на уставниот поредок на Република Косово во северните општини на земјата, се вели во соопштението. Според судот, и покрај наредбите на војниците од мировната мисија на КФОР за мирно растурање на толпата и одбивањето да влезат во објектот на општината, групата во која учествувал Л.Д. „почнала да врши неконтролирано насилство, користејќи цврсти алатки, импровизирани експлозивни направи и огнено оружје, од кои се повредени најмалку 30 припадници на мировните сили на КФОР, од кои тројца од проектилите од огнено оружје“. - Предизвикана е и значителна материјална штета на возилата на КФОР, полицијата на Косово и на автомобили на новинари кои известуваа за настаните од тој ден, кои вклучуваат целосно палење на неколку возила или физичка штета во голема мера, предизвикувајќи висок степен на опасност по животите и телата на многу луѓе и имот, се вели во образложението на Судот за определување на мерката притвор. Според српските медиуми, станува збор за маж, роден 1979, кој завчера бил запрен на пунктот Бистрица, првенствено со цел да се провери поради евентуален шверц на стока. По проверка на лицето и документите, полицијата објави дека утврдила дека се работи за лице кое се бара во врска со настаните од мај минатата година пред општинската зграда во Звечан, кога дојде до конфликт меѓу група Срби и припадници на КФОР. За апсењето на Л.Д. се огласи и Канцеларијата за Косово при Владата на Србија, која тврди дека станува збор за цариник кој, велат, една година слободно се движи и дека „неговото апсење во овој момент е исклучиво политичко дејствие на Приштина со цел да предизвика нови тензии“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПадна мал авион во Грција непосредно пред слетувањето- нема преживеани Двајцата пилоти загинаа во пад на едномоторен авион во областа Контариотис во регионот Пиерија во Грција. Околностите на падот се уште се нејасни, а истражителите ја истражуваат можноста за техничка неисправност и човечка грешка. Според досегашните информации, пилотот се обидувал да слета на пистата на летачкиот клуб Контариотис кога авионот одеднаш изгубил висина и се урнал. Според извештаите на членовите на летачкиот клуб, кои разговарале со еден од пилотите само неколку секунди пред падот, немало индикации дека авионот имал технички проблеми. Според грчката телевизија ANT1, летот бил рутински и не биле пријавени никакви дефекти до падот. Авионот претходно извршил ниско прелетување, а потоа повторно добил висина за да направи свртување и да се усогласи со пистата. Авионот бил во последните фази од своето приближување пред слетувањето кога се случила несреќата. Полицијата досега завршила дел од истрагата, додека ги чека наодите на Комитетот за истрага на воздушни несреќи, кои треба да помогнат во утврдувањето на точната причина за падот. Сè уште не е познато што предизвикало авионот да изгуби висина и да се сруши.Тагови: авион грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКристијано Роналдо е суспендиран и доби неверојатна парична казна, што сам си ја одредил Кристијано Роналдо е суспендиран од Португалската фудбалска федерација на 30 дена и казнет со „астрономска сума“ од 255 евра.Причината, секако, е неговото заминување од кампот на репрезентацијата пред натпреварот против Данска. За да биде работата уште побизарна, самиот Роналдо ја предложи казната што федерацијата (секако) ја усвои. Ова е навистина бизарен исход од целата ситуација што става крај на случајот и проблемот Роналдо и Жесус. Значи, еден од најголемите играчи на сите времиња повторно ќе игра за португалската репрезентација. Роналдо демонстративно го напушти кампот на репрезентацијата, наводно поради несогласувања со тренерот Жесус. Тој не сакаше да се врати додека тренерот не се извини, што не го стори, но сепак одлучи да ја отслужи казната и покрај извинувањето и да се врати во репрезентацијата со која го освои Европското првенство и Лигата на нации.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаМекларен продава пет функционални Ф1 болиди Mclaren одлучи да продаде пет целосно функционални автомобили од Формула 1 од својата историска колекција.Мекларен одлучи да продаде пет целосно функционални автомобили од Формула 1 од својата историска колекција, вклучувајќи автомобили поврзани со Аиртон Сена, Луис Хамилтон, Џенсон Батон и Ландо Норис. Еден од нив го возел холивудскиот актер Бред Пит. Најзначаен е McLaren од 2023 година, кој Норис го возеше во Формула 1 и кој Пит го тестираше на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин минатиот јуни, како дел од подготовките за филмот „Формула 1“. Според Ројтерс, Пит достигнал брзина од 317 км/ч во тој автомобил. Тоа е најмодерниот автомобил од Формула 1 што му е понуден на приватен купувач. „Тие се направени за возење“ Два McLaren MP4/6A од 1991 година се исто така на продажба. Тие беа возени од Герхард Бергер, додека Аиртон Сена ги тестираше во текот на сезоната во која ја освои својата трета титула. MP4/27A од 2012 година, управуван од Џенсон Батон и тестиран од Луис Хамилтон, е исто така на продажба, како и автомобилот на Норис од 2021 година. Болидите ќе ги продава специјализираниот дилер Том Хартли Џуниор, а Мекларен ќе ги подготви за возење пред да им ги предаде на нивните нови сопственици. Шефот на Мекларен Рејсинг, Зак Браун, објасни дека не сакаат ваквите автомобили само да стојат во складиште. „Овие автомобили се изградени за возење и трки. Сакаме да се користат и да се ужива во нив“, рече Браун.Тагови: болиди Мекларен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16