3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
ЖивотЕдно романтичното запросување во балон се претворило во катастрофа (видео)Откако го поставил судбоносното прашање, реакцијата на девојката го довела до солзи! Повеќето девојки сонуваат да бидат запросени на романтичен начин и така да ја крунисаат својата врска. Иако понекогаш на посилниот пол ова не му оди од рака, повеќето мажи се трудат на своите избранички да им подготват романтично изненадување, очекувајќи позитивен одговор од нив. На Интернет се појави видео кое привлече големо внимание, но и разочара многумина, како мажи така и жени. Еден корисник на Тикток, сакал својот интимен чин од запросувањето на својата девојка, додека летале со балон, да го сподели на оваа мрежа. Се подготвил, ја вклучил камерата за да го овековечи моментот, но не ни можел да сонува што ќе се случи. @graysworld i mean she never really said no tho ♬ original sound - graysworld - Клои, те познавам 7 години. Се сеќавам на денот кога те видов првпат и сакам да ти кажам дека те сакам како пријател и партнер засекогаш. Денеска помислив, на овој убав ден, на ова прекрасно место, тоа да го официјализирам и да те прашам дали сакаш да ми бидеш жена – изговара момчето насмеано, во исчекување на позитивен одговор. Девојката ја покрива устата со рацете, но не зашто е позитивно изненадена, туку од шок и непријатност и изговара: „Не, те молам...не, престани“, и исплашено го турка понудениот прстен што ова момче сакаше да ѝ го стави на прстот. Момчето изгледа шокирано, речиси готово да заплаче. -Мислев дека никогаш нема да каже не - стои во описот на видеото кое им се допаднало на околу 1,8 милиони лица. -После 6 години, таа рече не. - Ова е толку тажно. -Запросувањето не би требало да биде изненадување. Луѓето треба да разговараат за прстенот, венчавката... нивните цели и слично. Кога ќе може тоа да се оствари. -Се роди нов член во теретаната. - Таа нашла некој друг - беа дел од коментарите на луѓето што го следат ова момче на мрежата. Познатиот корисник на Тикток, кој објавува видеа на оваа мрежа под името graysworld (сив свет) го следат 5 милиони луѓе. Подоцна тој објави уште едно видео во кое покажува дека девојката сепак го прифатила прстенот и дека се вериле. Иако на видеото може да се види неговата неизмерна среќа и како ѝ покажува на својата пријателка, чија идеја за запросувањето ја прифатил, тој немал поим каков заплет ќе настане. Неговата новопечена свршеница панично се врти кон него, велејќи му дека прстенот ѝ паднал. Таа се фаќа за глава и вели дека ѝ е жал, прстенот бил преголем, поради што ѝ се лизнал од прстот. Но и дека повторно ќе ѝ купи ист таков. - Тоа беше прстенот на баба ми. - се слуша како вели тој разочаран во објавата додека таа шокирано гледа во него. Иако некои од корисниците на мрежата беа збунети, повеќето од нив сфатија дека се работи за глума и дека видеото не е реално. Бидејќи во описот на биографијата на овој тиктокер стои дека неговата содржина е глума и „хаос“, многумина заклучија дека ова е уште една симпатична шега на момчето со која успеал да ги збуни сите, а неговата девојка ќе го прифати вистинскиот прстен кога ќе дојде време за тоа. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија во канадска воена базаНајмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени по експлозија и пожар што избувнаа вчера попладне во канадската воена база во Вејнрајт.Локалните болници се под огромен притисок поради големиот број жртви, а во тек е масовна операција за итно реагирање. Според воени извори, експлозијата се случила околу 16:00 часот по локално време, кога за време на вежба со боева муниција бил погоден гасовод во внатрешноста на базата, пренесува „Глобал њуз“ . Кралската канадска коњаничка полиција потврди дека биле повикани да интервенираат при пожар на воениот полигон. Сепак, властите сè уште официјално немаат потврдено дека инцидентот бил предизвикан од експлозија. Војската и полицијата спроведуваат истрага, а засега не е познато дали меѓу жртвите има исклучиво војници. Извор од теренот опиша заслепувачки пламени јазици и хаотични сцени, додека војниците ги качувале своите ранети соборци во возила за да ги пренесат во базата. „Никаква обука не можеше да нè подготви за ваква глетка“, изјави изворот. Доцна синоќа, повеќе од десетина припадници на војската биле испратени во Вејнрајт со падобрани за да помогнат во згрижувањето на жртвите. Footage from @bkbrey shows the aftermath of the large fire at CFB Wainwright in Alberta, following an incident where a live fire exercise triggered a massive explosion. So far 7 have been reported killed with others injured in the serious incident. Numerous unconfirmed reports also indicate that additional military medical and/or emergency personnel were parachuted in to help aid in the response. More to come. — OSINTdefender (@sentdefender) October 18, 2026 Канадските вооружени сили соопштија дека нивен моментален приоритет е да им пружат поддршка на настраданите и да ги известат нивните семејства. Поради тоа, нема да објавуваат детали за жртвите сè додека овој процес не заврши. Канадскиот министер за одбрана, Дејвид Мекгинти, вчеравечер потврди дека има загинати и повредени. „Не паметам ваков инцидент во поновата историја“, рече тој, опишувајќи ја ситуацијата во базата во централна Алберта како многу сериозна и чувствителна. „Ова е многу, многу сложена и деликатна ситуација“, додаде тој. Неколку болници во Алберта прогласија „Портокалов код“ – протокол што се активира при катастрофи со голем број жртви. Поради преоптовареноста на капацитетите во Вејнрајт, голем број повредени се префрлени во болници во Едмонтон. „Ова е катастрофа“ Д-р Ворен Тирск, лекар во одделот за итни случаи во болницата „Ројал Александра“ во Едмонтон, изјави за „CBC“ дека станува збор за вонредна ситуација каква што се случува еднаш на секои 15 до 25 години. „Во моментов има повеќе пациенти отколку што некој од нас би сакал да изброи. Ова е катастрофа“, изјави Тирск. More than a dozen CAF personnel literally parachuting into Wainwright, arriving at the local health centre to respond to the explosion and fire at the nearby Canadian Forces Base. https://t.co/IbmtAiXWpN — Jeff Semple (@JeffSempleGN) October 18, 2026 Организацијата „Акут Кеар Алберта“ апелираше до граѓаните да не го оптоваруваат здравствениот систем освен ако не е неопходно, со цел да се обезбеди доволно простор за настраданите од воената база. Возила за итна помош од цела Алберта беа пренасочени кон базата, а хеликоптерската служба „СТАРС“ испрати екипи од Едмонтон и Саскатун. Експлозијата предизвика голем пожар кој, потпомогнат од налети на ветер со брзина до 100 км/ч, брзо се прошири надвор од границите на воениот полигон. Во гаснењето учествуваа пожарникари од неколку околни окрузи, а помош понуди и соседната провинција Саскачеван. Затворено и избирачко место Локалните власти околу полноќ соопштија дека ширењето на пожарот е запрено, иако надзорот продолжи во текот на целата ноќ. На жителите на блискиот град Вејнрајт – каде што живеат околу 6.600 луѓе – им беше препорачано да ја избегнуваат погодената област, иако во моментов не е издадена наредба за евакуација. Поради ширењето на пожарот, вчера мораше да биде затворено и едно избирачко место во Вејнрајт. Тоа беше последниот ден од предвременото гласање за референдум во Алберта. Воената база „Вејнрајт“ лоцирана во рурален дел на источна Алберта, е една од најзначајните канадски бази за воена обука. Во неа е сместен Канадскиот центар за обука за маневри, а според пописот од 2021 година, во базата биле стационирани 1.310 воени и цивилни лица. Генерал Џени Карињан, началник на Генералштабот на канадските вооружени сили, изјави дека благосостојбата на воениот персонал и нивните семејства останува главен приоритет. „Голема трагедија“ „Моите мисли се со сите погодени“, рече таа. Премиерката на Алберта, Даниел Смит, го опиша настанот како голема трагедија, додека канадскиот функционер Марк Карни преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Во воената база Вејнрајт во Алберта се случи сериозен инцидент, кој резултираше со голем пожар. Нашите мисли се со сите храбри мажи и жени погодени од оваа несреќа“, напиша Карни. Други политичари, како што се пратеникот Дејн Лојд и лидерот на опозицијата Пјер Поливр, им се заблагодарија на службите за итни случаи и повикаа на молитви за жртвите и нивните семејства. Извор: Индекс.хрТагови: експлозија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook