„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
2„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
РакометЕдно место за македонска екипа во ЕХФ Лига ЕвропаВо новата сезона (2026/27) во Лига Европа ќе се натпреваруваат 32 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи.Објавената најнова ранг-листа на ракометните федерации од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за следната сезона во Лига Европа одреди едно место за РФМ. Ова се должи на падот од две позиции при рангирањето односно сега сме на 14. то место. Тоа значи дека преку нашата лига РФМ ќе има еден директен учесник во второто по ранг натпреварување. Но, ако првакот на Суперлигата побара и доби „вајлд карта“ за Лигата на шампионите (како и досега) во Лига Европа ќе се натпреварува вицепрвакот. Во новата сезона (2026/27) во Лига Европа ќе се натпреваруваат 32 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи.Тагови: ЕХФ Лига Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСте тргнале на пат со автобус или воз? Една од овие 7 ситници може да ви го олесни патувањетоИмајте ги во вид „малите тајни“ кои патувањето со воз или автобус го прават далеку полесно. Овие 7 ситници што не се скапи, а може значително да ви го олеснат патувањето.Канцелариска штипка за завеси Секој што патувал ноќе со воз знае колку е важно да постои нешто што би ја „смирило“ завесата да не се движи и да не пропушта светлина. Обична канцелариска штипка може да го реши проблемот за неколку секунди. Со неа може да ги споите завесите, да ги прицврстите на полица или да закачите порака „Не вознемирувај“. Истиот трик одлично функционира во хотели кога сакате целосно да ја замрачите собата. Проѕирна леплива лента Можеби звучи необично, но мала ролна селотејп може да биде вистинско „спасувачко“ средство. Селотејпот може да помогне при пукање на куфер, или ако полначот излегува од штекерот, кога климата дува право во вас или кога сакате привремено да прицврстите нешто во возот или хотелот. Многу искусни патници тврдат дека селотејпот е една од најкорисните нешта што ги понесуваат на пат. Вакуумска зип кеса На ова попрво ќе се сетите пред патувањето, бидејќи се користи при пакување на гардеробата, но може да има уште една интересна намена. Ако ја надувате и затворите, ќе добиете импровизирана перница што не зазема многу простор. Кога повеќе не ви треба, едноставно го испуштате воздухот и ја враќате во торбата. Може да послужи и како потпирач на грбот или нозете во текот на долги патувања. Капки за очи Клима уредите во возовите, автобусите и авионите често ги сушат очите повеќе одошто мислиме. Затоа, многу патници на крајот од патувањето чувствуваат пецкање, замор и непријатно чувство на сувост. Вештачките солзи или капките за хидратација на очите може моментално да ви олеснат, а зафаќаат минимален простор во торбата. Силиконска чаша на склопување Овој практичен додаток се склопува до големина на кредитна картичка. Може да послужи за чај или кафе, инстант нудли, овошје или грицки. Предноста е што не мора да користите пластични чаши за еднократна употреба, лесно ја собира во џеб или ранец. Мал пренослив вентилатор Ако некогаш среде лето сте патувале со автобус без клима, знаете колку оваа ситница може да значи. Мал вентилатор со USB полнење може да ви го разлади лицето за време на горештините, да ви помогне полесно да заспиете, да ја ублажи вревата од околината, да ви исуши ситни работи, како чорапи или марамчиња. Најпрактични модели се оние со вградена батерија што може да работи со часови без полнење. Фотографирање на сите карти Фотографирањето на картите, резервациите и документите, и нивно зачувување во телефонот, електронската пошта или омилената апликација може да биде од голема корист во случај да сте ги изгубиле во хартиена форма, но и за полесно докажување на резервацијата и потребните податоци. На крај, удобното патување не зависи од тоа колку работи носите со себе, туку колку добро ги применувате. Некогаш токму најевтините ситници прават голема разлика помеѓу напорен пат и пријатно патување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНаучници прецизно изменија гени на човечки ембриони – се крена тревогаДеновиве, една нова студија предизвика воодушевување во научните кругови, но и тревога поради идејата „дизајнирање на бебиња“. Научници од Универзитетот Колумбија објавија дека успешно извршиле прецизни промени во ДНК на човечки ембриони во рана фаза од развојот, без големи хромозомски оштетувања какви што некогаш беа почесто случај кај класичната технологија на изменa на гeните, познатa како CRISPR-Cas9. Посуптилна промена во гените Истражувањето го спроведе тим предводен од Дитер Егли од Универзитетот Колумбија. Користеше технологија наречена уредување на бази и е понова верзија на технологијата CRISPR-Cas9. За разлика од класичната CRISPR-Cas9, која често се опишува како молекуларни ножици бидејќи ги сече обете нишки на двојната спирала од ДНК, уредувањето на базите е посуптилно. Тоа не се обидува да сече во внатрешноста на геномот, туку хемиски менува една „буква“ од ДНК во друга. Како функционира технологијата? ДНК може да се смета за џиновска книга на животот напишана во четири букви, или азотни бази: A, T, C и G. Технологијата CRISPR-Cas9 научниците ја презеле од бактериите и ја претворија во алатка. Имено, бактериите по средба со вирус што ги напаѓа можат да складираат фрагменти од неговата ДНК како молекуларна меморија, а потоа да ги користат како инструкции за препознавање и сечење на вирусната ДНК ако вирусот се појави повторно. Во овој систем, кратката молекула на РНК го води протеинот Cas9 до соодветниот вирусен генетски запис, а потоа Cas9 го сече, помагајќи им на бактериите да ја запрат инфекцијата. Во уредувањето на гени, CRISPR-Cas9 се користи за прецизно сечење на ДНК на избрано место, а потоа природните механизми за поправка на ДНК гените можат да ги инактивираат, да ги коригираат мутациите или да вметнат нови генетски секвенци. Сепак, оваа поправка не е секогаш уредна или контролирана. Може да заврши со бришење на големи делови од геномот, или други непожелни промени. Уредувањето на бази е изведено од CRISPR технологијата, но не работи на ист начин како класичната технологија за измена на гените CRISPR-Cas9. Во уредувањето на бази, CRISPR системот се користи и наоѓање на точната локација во геномот, но Cas9 е модифициран така што не сече ДНК или сече само еден ланец. На него има прикачен ензим кој хемиски претвора една база во друга, а потоа клетката го довршува процесот и ја утврдува промената. Уредувањето на бази е слично како коригирање печатни грешки. Целта е да се промени една буква, како што е A во G, без да се направи голем рез низ двојната спирала на ДНК. Уредени се гени важни за холестеролот и крвните заболувања Во новата работа, научниците тестираа уредувачи на аденински бази, или алатки што можат да ја претворат A во G. Тие се насочија кон две области: генот PCSK9, важен во регулацијата на холестеролот, и гените HBG1/2, поврзани со феталниот хемоглобин, кој е важен за болести како што се српеста анемија и бета-таласемија. Хемоглобинот е протеин во црвените крвни клетки што носи кислород. Најважниот резултат од експериментот беше тоа што уредувањето беше ефикасно, а авторите не открија големи делеции или хромозомски абнормалности на целните места. Ова е клучно бидејќи претходните обиди за користење на класичната CRISPR-Cas9 технологија кај човечки ембриони покажаа дека сечењето на ДНК може да предизвика сериозен геномски хаос. Проблемот со несовршеноста Егли претходно предупреди за овој проблем со технологијата CRISPR-Cas9. Во 2020 година, неговиот тим објави труд во списанието Cell во кој покажа дека кај човечките ембриони оваа технологија може да доведе до губење на големи делови од хромозомот или дури и целиот хромозом. Универзитетот Колумбија тогаш предупреди дека ваквите наоди покажуваат зошто е потребна екстремна претпазливост пред каков било пристап во клиничките примени. Новата студија е обид да се одговори на тоа прашање. Според прелиминарната верзија на овој научен труд, таа е охрабрувачка, но не и убедлива. Авторите наведуваат дека уредувањето/менувањето на базата не предизвикало големи хромозомски нарушувања, дека несаканите промени надвор од целното место зависеле од кратка РНК молекула која го води целиот систем (модифициран протеин Cas9 поврзан со посебен ензим) до точното место во геномот каде што треба да дејствува. Начинот на кој научниците ја воведувале алатката за уредување на гени во ембрионите бил исто така важен. Кога едиторот на базата го вметнале директно како готов протеин, во времето на оплодувањето или многу набргу потоа, ембрионите можеле да продолжат да се развиваат до бластоциста. Бластоцистата е рана фаза на ембрионот, неколку дена по оплодувањето, пред природно да се имплантира во матката. Од вака уредените ембриони, научниците можеле да добијат и ембрионални матични клетки, или клетки што можат да се развијат во различни видови ткива. Но, кога се обиделе да ја воведат истата алатка како РНК, односно како инструкција за клетката сама да го произведе едиторот, развојот на ембрионот запирал рано. Ова покажува дека во ваквите процедури, не е важна само алатката што се користи, туку и моментот и формата во која се воведува. Проблемот со мозаичноста Според извештајот во „Волстрит џурнал“, во студијата на Егли, речиси 80 % од ембрионите станале мозаични, што значи дека генетската промена во дезоксирибонуклеинската киселина не влијаела на сите клетки; некои го задржале непроменетиот ген. Мозаичноста е голем проблем за каква било клиничка примена бидејќи ембрионот може да има мешавина од изменети и неизменети клетки. Ако целта е да се спречи наследна болест, таков резултат не е доволно сигурен. Егли затоа не тврди дека научниците се подготвени да уредуваат бебиња. Тој додаде дека овој процес мора да се одвива преку дискусија што е во согласност со научниот напредок. Случајот со кинескиот научник Контекстот е особено чувствителен поради случајот од 2018 година, кога кинескиот научник Хе Џианкуи објави дека се родени првите бебиња кај кои ги уредил гените. Тој тврдеше дека со помош на технологијата CRISPR-Cas9 го променил генот CCR5 во обид да ги направи децата поотпорни на ХИВ инфекција. Научната заедница го осуди експериментот како неодговорен, предвремен и етички неприфатлив, а подоцна тој заврши во затвор три години. Оттогаш, уредувањето на човечките репродуктивни клетки, т.е. промените што би можеле да се пренесат на идните генерации, е една од најчувствителните теми во модерната биологија. Некои научници предупредуваат дека богатите би можеле да се обидат да го искористат пробивот за создавање деца ин витро кои би имале некои посакувани особини како што се исклучителна убавина или интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИстражување: Возачите на овој бренд имаат низок коефициент на интелигенцијаСтудија спроведена во Велика Британија се обиде да утврди дали постои врска помеѓу брендот на автомобилот и интелигенцијата на возачот - што мислите, како помина?Според резултатите од студијата, возачите на „Volvo“ постигнале највисоки просечни резултати на тестот за интелигенција, додека сопствениците на „BMW“ и „Mini“ биле на самото дно на листата. Возачите на „Volvo“ постигнале просечен коефициент на интелигенција од 115, што се смета за резултат над просекот. Спротивно на тоа, возачите на „BMW“ и „Mini“ имале просечен резултат од 87, што се класифицира како интелигенција под просекот. Авторите на студијата наведуваат дека ова може да укажува и на одредени разлики во однесувањето зад воланот, иако нагласуваат дека резултатите не претставуваат доказ за причинско-последична врска. Меѓу познатите личности кои возеле или сè уште возат „Volvo“ низ годините се актерките Меган Фокс, Џенифер Гарнер и Кејт Винслет, како и покојниот поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Свен Горан Ериксон, легендарниот актер Пол Њуман и фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн. Покрај „Volvo“, првите пет брендови со највисоки оценки беа Шкода, „Tesla“, „Toyota“ и „Honda“. На другиот крај од табелата, покрај „BMW“ и „Mini“, се „Land Rover“, „Vauxhall“ и „Fiat“. Како беше спроведено истражувањето? Истражувањето беше спроведено од „Free Bets“ на примерок од 2.000 возачи во Велика Британија. Учесниците полагаа стандардизиран тест за интелигенција, а потоа посочија кој автомобил го возат. Врз основа на овие податоци, истражувачите создадоа рангирање на брендовите на автомобили според просечниот коефициент на интелигенција на нивните сопственици. Портпаролот на истражувањето, Тим Агњу, рече дека возачите на „Volvo“ долго време се сметаат за „разумни“ и дека резултатите од истражувањето ја поддржуваат оваа перцепција. Во исто време, тој оцени дека резултатите не се особено поволни за сопствениците на „BMW“ и „Mini“, кои постигнаа најниски просечни резултати. Според истражувањето, ранг-листата изгледа вака: 1. Volvo - 115 2. Skoda - 113 3. Tesla - 112 4. Toyota - 112 5. Honda - 111 6. Volkswagen - 109 7. Nissan - 107 8. Hyundai - 106 9. Kia - 106 10. Ford - 102 11. Jaguar - 101 12. Mercedes-Benz - 99 13. Audi - 98 14. Peugeot - 96 15. Renault - 96 16. Land Rover - 91 17. Vauxhall - 90 18. Fiat - 89 19. BMW - 87 20. Mini - 87 Резултатите од ова истражување треба да се гледаат со претпазливост. Ова е анкета спроведена на ограничен примерок од испитаници, па затоа не докажува дека марката на автомобилот ја одредува интелигенцијата на возачот, туку претставува интересна статистичка споредба што можеби не ја одразува ситуацијата во пошироката популација. Извор: Б92Тагови: возачи коефициент на интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42