Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
1Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
2Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
3Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите
ЖивотЕдно мало куче трча по терасата на врвот од една зграда (видео)Сопствениците во очај гледаат како исчезнува пред нивните очи и помислуваат на најлошото! Оваа снимка на Тикток има над 18,4 милиони прегледи. Многу луѓе ги третираат милениците како членови на семејството обезбедувајќи им удобен дом. Едно, очигледно богато семејство, има бело кученце кое ужива во пентхаусот на врвот на зградата. Неговото омилено место за игра е терасата, која е делумно застаклена и опкружена со ѕид. На видеото кое стана хит на Tикток, се гледа како малото куче трча по терасата, а потоа исчезнува за секунда. Очајните сопственици помислиле дека паднало од терасата помеѓу решетките и застаклениот дел од терасата. @ladbible Had us in the first half ngl 😅 🎥 @Angie varona #ladbible #fyp #foryoupage #dog #ohno #smalldog ♬ DON'T KNOCK IT TILL U TRY IT - MEMBA -Срцето ми застана во секунда!- стои во описот на ова видео. И тогаш се случува нешто многу необично, кучето ја провира главата и се чини дека го искористило тесниот простор помеѓу ѕидот на терасата за да се провре на соседната тераса. Се чувствува воздишка со олеснување кај неговите сопственици. Судејќи по бројот на прегледи, белото кученце ги освои срцата на луѓето на социјалните мрежи. Ова видео е вирално на социјалните мрежи и има повеќе од 18,4 милиони прегледи само на Tикток, а еве дел од бројните коментари на оваа објава. -Боже, и јас се исплашив дека падна кога видов дека го снема. - Бев сигурна дека скокна од терасата. -Можам да замислам колку се запрепастиле соседите кога виделе туѓо куче на нивниот балкон. -Ќе добиев срцев удар да беше моето куче. -Вреснав во канцеларија додека го гледав ова видео! -Види како ја провира главата, уште да му каже на сопственикот: „Што чекаш, зошто не поминуваш? - Се колнам дека малите кучиња имаат 99% крзно што ги прави да изгледаат поголеми отколку што навистина се, затоа успеваат да се прикрадат каде сакаат - беа само дел од коментарите на оваа објава. Судејќи по видеото, станува збор за еден вид џуџет малтезер. Тие се една од најстарите раси чие потекло датира од пред 3.000 години. Мини верзијата на оваа раса тежи само два до три килограми. Тие достигнуваат висина од само 17 сантиметри. Имаат темни очи и снежно бело свиленкасто крзно. Долго време важеле за кралски кучиња бидејќи биле омилени миленичиња на владетелите. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓанитеЗаменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш. Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти. Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води. На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението. „Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население. МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјаваДелегацијата на Европската унија во Македонија изразува сериозна загриженост во врска со алармантниот број на фемициди, односно убиства на жени, пријавени само оваа година во земјава – вкупно седум регистрирани случаи.Од делегацијата велат дека извештајот на Европската комисија за земјава за 2026 година нотира дека постојат недостатоци во пријавувањето, истрагата и гонењето што укажува на потребата од зајакната имплементација, одржливо финансирање, подобри институционални капацитети и ефикасни мерки за заштита. Оттаму потсетуваат дека националното законодавство сè уште не е целосно усогласено со директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Делегацијата на ЕУ ги повикува сите чинители да ги адресираат проблемите и да спречат натамошни фемициди, вклучително и преку овозможување пристап до правда и зајакната институционална поддршка за жртвите на семејно насилство, се вели во нивното соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаАеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционеритеСоветот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители.Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители, се вреднуваат успесите и талентите на учениците и се воспоставуваат повисоки стандарди за одговорност, отчетност и транспарентност во работењето на локалната самоуправа. На предлог на градоначалникот Дејан Митески, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница изгласа зголемување на старосната граница за ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом, од досегашните 35 на 40 години. Сите млади до 40 години што ги исполнуваат условите ќе можат да остварат целосно ослободување од комуналии, согласно и со мерката на Град Скопје. Другите услови остануваат непроменети и се однесуваат на жителството во Општина Аеродром од најмалку две години, изградба на прв дом за лични станбени потреби и обврска за живеење во него најмалку десет години. Советот донесе и одлука за доделување еднократни парични награди за учениците од VII до IX одделение во општинските основни училишта кои постигнале посебни успеси во науката и технологијата, уметноста и литературата, спортот, како и за учениците со посебни образовни потреби кои покажале исклучителен инклузивен напредок. Право на награда ќе имаат учениците кои ги исполнуваат утврдените услови што ќе бидат објавени навремено во јавен повик. Постигнувањата треба да бидат остварени во тековната или претходната учебна година. За првпат, Општина Аеродром донесе и Кодекс со кој се утврдуваат јасни правила и стандарди за однесување и работење на градоначалникот, претседателот и членовите на Советот, како и на другите носители на јавни функции во Општината. Кодексот ги утврдува принципите на законитост, професионален интегритет, одговорност, отчетност, транспарентност и заштита на јавниот интерес, со цел зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на граѓаните во работата на локалната самоуправа. Со донесените одлуки, Општина Аеродром продолжува со спроведување конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот, поддршка на младите и препознавање на потенцијалот на децата, паралелно со унапредување на стандардите за одговорно и транспарентно институционално работење.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34