Едно лице полесно повредено во инцидент со борбен авион на американски носач на авиони - Канал 5

Едно лице полесно повредено во инцидент со борбен авион на американски носач на авиони

Едно лице е полесно повредено во инцидент на носачот на авиони „УСС Хари С. Труман“, кој моментално се наоѓа во Црвеното Море.

Едно лице полесно повредено во инцидент со борбен авион на американски носач на авиони

Американската морнарица соопшти дека борбен авион Ф/А-18 се лизнал преку палубата додека морнарите го влечеле кон хангарот на бродот.

Членовите на екипажот на „Хари Труман“, кои во времето на инцидентот биле во пилотската кабина и во мал реморкер, успеале да се извлечат пред двата авиона да се урнат во Црвеното Море. Еден морнар е полесно повреден во инцидентот, соопшти американската морнарица.

-Авионот се влечел до хангарот кога екипажот ја изгубил контролата врз него, се вели во соопштението на морнарицата.

Борбените авиони често се влечат на палубата на хангарот за да се паркираат таму каде што се потребни за летачки мисии или друга работа. Не е јасно дали ќе има какви било напори за реставрација на авионот, кој вреди околу 60 милиони долари. Инцидентот е под истрага.

„Хари Труман“ е распореден на Блискиот Исток со месеци и неодамна беше вклучен во засилени воени операции против јеменските бунтовници Хути. Централната команда на САД соопшти дека војската извршувала секојдневни напади, кои биле извршени од борбени авиони, бомбардери, бродови и дронови.

Распоредувањето на бродот „Хари Труман“ веќе беше продолжено еднаш за околу еден месец од страна на министерот за одбрана Пит Хегсет./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер