Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак
2Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаЕдно лице е убиено во престрелка што синоќа се случи во Топанско полеЕдно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле во Скопје. Од градската болница Свети Наум Охридски велат дека во здравствената установа починатиот бил донесен без знаци на живот. -На 11.02.2025 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени. Како што информира денеска Јавното обвинителство, според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините. Во СВР Скопје синоќа во 23:50 часот било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, при што било употребено огнено оружје. Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ утрово, во 00:06 часот, било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје. Подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. - По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 1:40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје, се вели во соопштението. МВР информира дека по преземени мерки, на местото биле пронајдени два пиштоли, неколку возила и други предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКос: Билатералните прашања не треба да се внесуваат во процесот на проширувањеСвесни сме дека ќе биде тешко да го убедиме Европскиот совет да ја замени едногласноста со квалификувано мнозинство - признава еврокомесарката за проширување Марта Кос.Свесни сме дека ќе биде тешко да го убедиме Европскиот совет да ја замени едногласноста со квалификувано мнозинство - признава еврокомесарката за проширување Марта Кос, чиј предлог за нови европски политики во проширувањето ќе биде предмет на жестока дебата во Советот овој четврток и петок. Иако скептична дека квалификуваното мнозинство наскоро ќе ја замени едногласноста, што впрочем за да биде изгласано треба едногласност, сепак, таа изрази оптимизам дека овој предлог нема целосно да згасне, односно за него, како што вели, и понатаму ќе следат големи дискусии. -Од земјите-членки (реакциите) се многу различни. За некои од нив, тие би сакале подетално да се разгледаат заштитните мерки, за некои од нив велат дека сакаме целосно да се држиме до едногласност. // Ако би се повлекувале секој пат кога мислиме дека нешто нема да помине во Советот, тогаш што треба да правиме? Всушност, некои од предлозите што ги предлагаме се смели, но знаете, живееме во смели времиња и мора да одиме напред.- Марта Кос, еврокомесарка за проширување За новопредложените претпристапни политики, низа реакции пристигнале и од земјите кандидатки, додаде Кос. Сепак, тие биле уверени дека со заштитните мерки кои ги предлага Комисијата, ним не им се одзема правото на вето, туку како што изјави таа, им се сугерира на доброволна основа да потпишат декларација дека нема да внесуваат билатерални проблеми во процесот на проширување. Токму билатералните спорови на релација Скопје – Софија но и Загреб – Подгорица, се посочените примери кои го забавуваат процесот на проширување во нов заеднички нон пејпер на Австрија, Чешка и Словачка, што според Хрватски „Вечерњи лист„ бил дистрибуиран пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, кој деновиве се одвива во Луксембург. -За некои земји, наједноставното нешто би било да се пикнат контроверзни прашања во фиоката на билатералните односи со цел да се поттикне членството. Но, одредувањето што е билатерален спор, а што е прашање на добрососедски односи многу лесно може да стане политичко и арбитрарно. - Нон пејпер на Австрија, Словачка и Чешка На Советот за општи работи, присутен е и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Тој соопшти дека како дел од постепената интеграција, државава ќе учествува во Европскиот центар за демократска отпорност, што ќе и овозможи на земјава пристап до европските процени на заканите и механизмите за рано предупредување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаАдвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнакСлучајот со двајцата мажи од Сарај, кои тврдат дека биле претепани од полицајци, не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак. Ова за Канал 5 го вели адвокатот Драган Пешевски, кој ги застапува шестмината полициски службеници. Според него, јавноста прерано донела пресуда, пред целосно да се утврди хронологијата на настанот. Пешевски тврди станува збор за класична полициска оперативна акција, по претходни оперативни сознанија и дека инцидентот започнал кога двете лица се обиделе да избегаат со автомобил, при што на еден од полицајците му бил одземен и службениот пиштол. - Значките се јасно објавени на врат закачени на полицајците. Како гледаат дека има полиција, истите лица со кола почињаат да одат во рикверц и пробуваат да избегаат. Но, не по мое кажување, по кажување на еден од полицајците дури можеле и да го прегазат. Како одат накај него, он така со пиштолот пробувајќи да ги спречи да застанат, замавнал накај стаклото на колата и дали некој од лицата му го повлекол пиштолот или пиштолот паднал во колата, не знаеме но по негово кажување пиштолот му бил повлечен од лицата коишто продолжиле во бегство потоа. – Драган Пешевски, адвокат на шестмината полицајци Од друга страна, Внатрешната контрола на МВР на 11 октомври соопшти дека, по анализата на снимките и изјавите на сведоците, утврдила низа неправилности во постапувањето на шестмината полицајци. Најавени се дисциплински постапки и суспензии, додека обвинителството продолжува со утврдување на евентуална кривична одговорност. „Кривичната одговорност е секогаш лична одговорност. Има сторител на кривично дело, време и начин на сторување на кривичното дело. Доколку истрагата, а се води кривична истрага, потврди дека некој од полициските службеници ги пречекорил своите овластувања и сторил кривично дело, апсолутно треба да одговара. Никој не треба и никој не поддржува полициско насилство и полициска бруталност.“ – Драган Пешевски, адвокат на шестмината полицајци Пешевски, пак, смета дека од објавените снимки на социјалните мрежи не може со сигурност да се утврди дали лицата биле врзани. Канал 5 се обрати до МВР за дополнителни информации за текот на постапката и одговорноста на полициските службеници. Дали имало пречекорување на овластувањата и кој за тоа треба да одговара, останува да утврди истрагата, а од полциијата информираа дека во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеттемина кандидати за шеф на ОЈО ГОКК ги претставија кандидатурите Петмина кандидати за едно од најважните обвинителски места во државата – челната позиција во ОЈО ГОКК. Сите најавуваат поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, но со различни приоритети – од реорганизација на обвинителството и зајакнување на истрагите, до конфискација на незаконски стекнатиот имот и поголема одговорност за резултатите. На Фатон Азизи кој во моментов е обвинител во ова обвинителство во фокус му се истражниот центар, проактивно вклучување во предметите кои се наоѓаат на т.н црна листа и перењето пари во градежниот бизнис. ВЈО Трајче Пеливанов вели дека има јасна визија за обвинителство кое ќе постапува навремено, одговорно, професионално и независно. Обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ иако не презентираше конкретна програма пред членовите на Советото на јавни обвинители, рече дека ги нуди својата стручност и квалитет. Таа најавува проактивен пристап и бескомпромисна борба против криминалот. И обвинителката од ОЈО ГОКК Искра Хаџи Василева предлага промени во четири клучни области – поголема ефикасност, финансиски истраги и конфискација на имот, зајакнување на капацитетите и поголема транспарентност. Последен кандидат на листата е обвинителот од ВЈО Скопје Јован Цветановски акцентот го става на ефикасноста и завршницата на предметите. Според него, целта не е само да се отвораат истраги, туку тие да резултираат со правосилни пресуди и одземање на незаконски стекнатиот имот. Изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази ќе се спроведе на 28 октомври, со тајно и непосредно гласање. Право на глас имаат 188 јавни обвинители а Советот на јавните обвинители треба да го именува кандидатот што ќе добие најмногу гласови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter