Едно лице е убиено во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле - Канал 5

Едно лице е убиено во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле

Едно лице е  убиено, а две се повредени во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле во Скопје. 

Едно лице е убиено во престрелка што синоќа се случи во Топанско поле

Од градската болница Свети Наум Охридски велат дека во здравствената установа починатиот бил донесен без знаци на живот.

-На 11.02.2025 во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење.

Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините.

Во СВР Скопје синоќа во 23:50 часот било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, при што било употребено огнено оружје.

Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ утрово, во 00:06 часот, било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје. Подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

- По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 1:40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје, се вели во соопштението.

МВР информира дека по преземени мерки, на местото биле пронајдени два пиштоли, неколку возила и други предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“

Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Мегин Кели ги коментираше фотографиите на кои холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од „Шанел“.

Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“

Американската водителка Мегин Кели упати критики кон актерката Никол Кидман поради фотографии објавени во австралиското издание на списанието „Вог“.

Таа тврди дека фотографиите биле значително ретуширани за актерката да изгледа помлада, а исто така изрази забелешки и за начинот на кој е облечена.

Во емисијата „The Megyn Kelly Show“, Кели ги коментираше фотографиите на кои Кидман носи црна блуза, фармерки и капа од брендот „Шанел“.

- Имаше тврдења дека користеле вештачка интелигенција за таа да изгледа помладо. И тоа, додека е облечена како тинејџерка. Таа жена има 60 години. „Не мораш да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“, рече Кели.

Таа додаде дека таков начин на облекување е несоодветен, наведувајќи дека актерката поминува премногу време на Инстаграм и дека фотографиите очигледно се обилно ретуширани.

- Лицето ѝ изгледа отечено. А сепак, како со некое чудо, на оваа насловна страница нема ни трага од годините – рече Кели.

На фотографиите за „Вог“, актерката позира во неколку комбинации од модната куќа „Шанел“, вклучувајќи црни кратки топови, украсени фармерки со низок струк и качкет.

Фотографиите за ноемвриското издание на списанието се дело на фотографот Лаклан Бејли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.

Хаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!

Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА?

Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура.

„Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата.

Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат.

Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено.

„Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите.

„Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“

Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат.

„Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро.

Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Во среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ракчиња

1 козерва доматни пелати

1 домат

1 мало пакување фета сирење

1 лажиче сенф

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и нане

2 потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер