Една шолја од овој напиток прави чудо за бубрезите: Еве кога е најдобро да ја пиете - Канал 5

Една шолја од овој напиток прави чудо за бубрезите: Еве кога е најдобро да ја пиете

Конзумирањето кафе се поврзува со намален ризик од акутно оштетување на бубрезите, открива една студија.

Една шолја од овој напиток прави чудо за бубрезите: Еве кога е најдобро да ја пиете

Ако ви треба уште една причина денот да го започнете со топла шолја црн напиток, студија од истражувачи при Универзитетот Џон Хопкинс открила дека консумирањето најмалку една шолја кафе дневно може да го намали ризикот од акутно оштетување на бубрезите (АКИ).

Наодите, објавени во списанието „Kidney International Reports“, покажуваат дека оние кои секојдневно пиеле било каква количина кафе имале 15% помал ризик од АКИ, при што најголемо намалување е забележано кај групата што пиела две до три шолји дневно (22 - 23% помал ризик).

„Веќе знаеме дека редовното пиење кафе е поврзано со превенција од хронични и дегенеративни болести, вклучувајќи дијабет тип 2, кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб“, истакна авторот на студијата, нефрологот Чираг Парих, директор на Одделението за нефрологија и професор по медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Џон Хопкинс, пишува Б92.

„Сега можеме да го додадеме и можното намалување на ризикот од АКИ на сè подолгата листа на здравствени придобивки од кофеинот“, додаде д-р Парих.

АКИ, како што ја опишува Националната фондација за бубрези, е „ненадеен настан на отказ или оштетување на бубрезите кој се случува во рок од неколку часа или неколку дена“. Ова предизвикува натрупување на отпадни производи во крвта и ја отежнува способноста на бубрезите да ја одржуваат правилната рамнотежа на течности во телото.

Симптомите на АКИ варираат во зависност од причината и може да вклучуваат:

-мала количина урина

-оток на нозете, глуждовите и околу очите

-замор

-отежнато дишење

-конфузија

-мачнина

-болка во градите

Во потешки случаи, може да дојде до бубрежен напад или кома.

Овој пореметувач најчесто се забележува кај хоспитализирани пациенти чии бубрези се погодени од медицински и хируршки стрес и компликации.

Користејќи податоци од студијата „Atherosclerosis Risk in Communities Study“, која е тековна и ги следи кардиоваскуларните болести во четири американски заедници, истражувачите следеле 14.207 возрасни лица со просечна возраст од 54 години во голема популациска студија.

Учесниците бележеле колку шолји кафе пиеле дневно во текот на 24 години. За време на студијата биле забележани 1.694 случаи на акутно оштетување на бубрезите.

Според д-р Чираг Парих, кафето станува сојузник на бубрезите благодарение на биолошки активните соединенија во комбинација со кофеинот – или дури само кофеинот – кој го подобрува протокот на крв и поефикасното користење на кислородот во бубрезите.

Истражувачкиот тим истакнал дека додатоците како млеко, шлаг, шеќер или засладувачи може да влијаат на здравствениот ефект од кафето и нагласиле потреба од понатамошни истражувања за прецизно разјаснување на активните механизми што го прават кафето ефективно за зачувување на здравјето на бубрезите, особено на клеточно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер