Една петтина од смртните случаи во земјава се поврзани со загадувањето

Од 18 до 20 проценти од вкупната смртност во Македонија, се луѓе чија смрт може да се препише на загадениот воздух, велат официјалните истражувања на Институтот за јавно здравје.

Професорката Мирјана Димовска од Институот за јавно здравје вели дека тоа е згрижиувачко, бидејќи таа смрт можело да се спречи, доколку се спроведуваат мерки кои ќе бидат континуирани цело време, а не само во парцијални сектори и во одредени делови од годината.

Претходните денови загадувањето прво лошо влијаеше кај децата до пет години затоа и болниците се полни, потоа кај хронично болните старите луѓе. Она што сериозно ги загржува докторите се долгорочните последици од загадувањето кај целото население: од појава на рак на белите дробови, срцеви и мозочни заболувања. Најзгрижувачки е што загадувањето од воздухот бебињата ги добиваат уште во утробата кај нивната мајка. Тоа е една од главните причини за предвремените породувања.

Професорката Димовска објаснува дека и секој индиувидулано може да влијае од начинот на загревањето, хигиената. Во одредени периоди кога загадувањето е големо хронично болните,с старите луѓе, малите деца и бремените жени да не излегуваат. А за сите кои излегуваат кога е загадено да користат и да носата маска КN 95 или ФФ 52 кои ги спречуваат ситните честитчки да навлезат во организмот, освен загадувањето шитат и од вирози.

Норвежанец уапсен поради шпионажа во корист на Кина

Норвешки државјанин вчера е уапсен под сомнение дека шпионирал во корист на Кина, соопшти денеска Норвешката разузнавачка служба (ПСТ).

Не е откриен идентитетот на осомничениот, кој денеска ќе биде сослушан во Осло.

ПСТ во својот годишен извештај наведе дека во 2024 година Кина ќе биде сериозна закана во разузнавачката работа.

Ова се случува поради влошување на односите помеѓу Кина и Западот, кинеските аспирации за поголема контрола на синџирот за снабдување, како и поради нивното позиционирање на Арктикот, се наведува во извештајот на ПСТ од февруари годинава. /МИА

Владата одлучи да се врати оградата на владината зграда

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата.

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена.

Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка, соопштуваат од Владата.

Владата одлучи: Укинување на позицијата економски директори на Клиниките

Владата денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлука за укинување на економските директори на Клиниките и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции.

На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. Димовски е доктор на науки, докторирал на тема „Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија”. Тој има долгогодишно работно искуство во институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, Министерство за транспорт и врски, Национален Парк „Маврово”, Совет за јавните набавки на Македонија, Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, Пелагонија АД Гостивар, Министерство за финансии – Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП и МСИП2) финансиран од Светска Банка, ЦРППР - Проект за стратешко планирање, истражување, развој на студии и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион (iCARE) и Совет на Општина Гостивар.

Димовски исто така има искуство во имплементација на инвестициски проекти финансирани од различни меѓународни финансиски институции како што се Светска Банка, Европската инвестициона банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КфВ.

Владата го назначи Александар Пандов за нов ВД директор на Управата за извршување на санкции. Пандов е дипломиран историчар на Институтот по историја на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Бил пратеник во македонското собрание од 1998 до 2002 година. Пандов има работно искуство во приватниот сектор.

За ВД директор на Фондот за здравствено осигурување, владата го назначи Сашо Клековски. Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и МБА академска програма на УАЦС. Тој има триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја. Прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија од 2007 година до 2010 година. Предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии од 2013 до 2016 година. Во јавниот сектор работел на подготовка на повеќе национални стратегии, како на пример првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во приватниот сектор работел на стратешки анализи, како на пример Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на реструктуирање на бизниси.

Владата го назначи Оливер Миланов за ВД директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Миланов завршил Стоматолошки факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Миланов има работно искуство во делот на безбедност на храна, а доаѓа од позицијата ВД раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенција за храна и ветеринарство.

Учествувал во комисии и работилници од областа на безбедност на храна, а се стекнал со меѓународни сертификати преку учество на обуки во организација на Европската Унија.

Владата му препорача на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ да го избере Здравко Трајанов на ВД директор на „Национални шуми“.

Трајанов е редовен професор на Шумарски факултет во Скопје, на областа Искористување на шумите, Механизација во шумарството и Други, по предметите Шумски транспорт, Отворање на шумите, Вовед во градежништво, Парковски инфраструктурни објекти, Влијание на активностите врз животната средина, Феријална пракса. Трајанов во 2001 година бил член на бордот на директори на ШИК Плачковица – Радовиш (претставник на државниот капитал). Во 2006 година бил надворешен советник во ЈП Македонски шуми, а бил и учесник во работната група за трансформација на ЈП Македонски шуми во 2013 година. Трајанов бил советник во Советот на Општина Радовиш, како и пратеник во Парламентот од 2020 до 2024 година. Тој има посетувано бројни обуки и има објавено голем број на научни и истражувачки трудови во областа на шумарството.

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

Воедно, согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, односно ќе се укине постоењето на две управувачки позиции - организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, се наведува во соопштението.

притисни ентер