3ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
ЗабаваЕдна особина на човекот открива дали е психопат: Обратете внимание на ова и ќе ви стане јасно!Стручните лица спровеле истражување кое ќе ве изненади – ова можете и сами да го забележите.Се воспоставило дека психопатите своето проблематично однесување ви го покажуваат пред нос, а не сте знаеле да го забележите. Стручните лица за ментално здравје порано наведоа неколку знаци на кои треба да обратите внимание, но сепак овој знак открива со кого си имате работа. Дијагностицираните психопати исто така поделија свои искуства, иако тие се разликуваат од поединец до поединец. Според статистиката на Мајнд (Mind) во текот на животот три од 100 лица се погодени со состојба која е позната како антисоцијално нарушување на личноста. Според истражувања на универзитетите во Кардиф и Свонси се покажало дека е лесно да ги препознаете ако им погледнете во очи користејќи стимул. Студијата од 2018 г. вклучувала реакции на луѓе на фотографии кои се сметаат за „морничави“, со графички снимки кои вклучувале уништени тела. Учесници биле потенцијални психопати и лица кои не биле. При набљудување на очите, кај психопатите при гледањето на овие вознемирувачки фотографии, зеницата на окото не се зголемувала. Зеницата на учесниците кои не биле психопати се ширела гледајќи ги овие слики, што се смета за природен одговор. -Зеницата е позната како индикатор за возбуда кај луѓето, таа се шири при доживување шок, или страв. Фактот дека овој нормален физиолошки одговор на закана е намален кај психопатите ни дава очигледен физички маркер за оваа состојба – изјавил Дан Барли, професор на Факултетот за психологија. Супервизорот на студијата, проф. Роберт Сноуден од универзитетот во Кардиф, забележал дека психопатите иако може да изгледаат храбро и да се однесуваат ладнокрвно, тоа е лесно кога немате чувство на страв. Последните години излезе на виделина дека антисоцијалното нарушување на личноста покажува слични карактеристики на психопатија, иако треба да се напомене дека овие состојби се различни една од друга. Антисоцијалното нарушување се карактеризира како импулсивно, неодговорно и често криминално однесување, објаснува Британскиот национален здравствен сервис, додавајќи дека таквите личности може да бидат манипулативни, лажливи и непромислени, па и не се грижат за туѓите чувства. Психопатијата, од друга страна, сумира одредени однесувања слични на антисоцијалното нарушување, пишува „Ледбајбл“(Ladbible).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МетеоУтре пороен дожд и грмежи, па пеколни температуриПо топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони. Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРазрешениот министер Љутков стана национален координатор за култураЕкс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.Неговата нова позиција е национален координатор за култура. -Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5. Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснатиПет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК. Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter