Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
2Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
ЗОИ 2026Една од најубавите спортистки се пофали со што се почестила по олимпиското злато (ВИДЕО) Холандската лизгачка Јута Лирдам, една од најследените атлетичарки денес, која многумина ја нарекуваат најубавата спортистка во светот, го освои златниот медал на 1000 метри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо.Лирдам стигна до златото со нов олимписки рекорд - таа ја заврши трката за време од 1:12,31, со што уште еднаш го потврди својот статус на една од најдобрите лизгачки во светот. По големиот успех, таа одлучи да земе слободен ден, но и да се почести со посебен подарок. Скапа торба за награда Таа објави видео на TikTok каде што откри што купила откако го освоила златото. „Денес ми е слободен ден, па веднаш откако го освоив златото, отидовме на шопинг. И дозволете ми да ви покажам што купив“, им рече таа на своите следбеници, а потоа им покажа на сите познато луксузно парче - торба Birkin. „Ова е мојата прва чанта Биркин досега. Толку сум среќна и задоволна. Погледнете колку е убава. Ми дадоа боја наречена златна, со сребрени метални детали. Сè се случи за еден викенд - моето прво олимписко злато и мојот прв Биркин“, рече возбудената Јута. @juttaleerdam My voice is gone from screaming when I came across the finishline ♬ origineel geluid - Jutta Leerdam На крајот од видеото, таа се осврна на симболиката на целата приказна. „Милано совршено се вклопи тука - олимпискиот златен медал и модната страна на приказната со чантата Биркин. Сè е премногу. Преплавена сум од емоции, но и од огромна благодарност. Навистина е неверојатно. Сакав да го споделам со вас“, рече таа. Најпознатата чанта во светот Во видеото, Лирдам ја држи иконската чанта Биркин од Хермес во нијанса на златна, топла златно-кафеава боја која е една од најбараните. Чантата има сребрени метални детали и препознатливо копче на предната страна, а цврстата кожа ја прави да изгледа многу елегантно и „скапо“. Биркиника со години се смета за еден од најголемите статусни симболи во модата. Не е лесно да се стигне до него бидејќи често има чекање, а цените обично се мерат во десетици илјади евра, во зависност од големината и материјалот. Затоа многумина го гледаат не само како торба, туку и како луксуз што ретко се купува „на пат“. Голема популарност и на социјалните мрежи Да ве потсетиме дека Лирдам стана големо име надвор од лизгалиштето покрај нејзините спортски успеси, најмногу благодарение на нејзината огромна популарност на социјалните мрежи и нејзината неодамнешна свршувачка со јутјуберот и боксер Џејк Пол. 5,6 милиони луѓе ја следат на Инстаграм, додека има повеќе од два милиони следбеници на ТикТок, со кои редовно споделува детали од својот приватен и професионален живот. View this post on Instagram A post shared by Jutta Leerdam (@juttaleerdam) Пред врската со Џејк Пол, таа беше во долгогодишна врска со холандскиот лизгач Коен Вервеј. Тие беа заедно од 2017 до 2022 година. Вервеј е исто така успешен спортист, олимпиец и освојувач на медали, а останаа во добри односи и по раскинувањето. Сето тоа додаде на нејзината популарност, а илјадници обожаватели во Милано гласно ја поздравуваа едена од најубавите спортистки секој пат кога ќе се појавеше во арената за брзо лизгање во Милано.Тагови: злато спортистки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКОМинистерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво. Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување. Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.Тагови: ГРЕКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функцијаПо повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција. Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи. „Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски. Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција. Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи. Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи. „Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас. Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните? Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови? Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа? Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи? Зошто се молчи за овие прашања? Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто? Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор? Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter