ЗабаваЕдна корисничка на Тикток открива како да го заведете буквално секој мажТајната е во само еден трик (видео)Жените отсекогаш на различни начини ги привлекувале мажите. На некои тоа им успева благодарение на физичкиот изглед, додека кај други, тоа е енергијата. Меѓутоа, повеќето припадници на посилниот пол ќе се согласат дека не се имуни на женственоста. Од друга страна, во ерата на борба за рамноправност, жените речиси заборавија на оваа карактеристика која меѓу другото ги одвојува од мажите, па ја потиснуваат природно дадената сензуалност. Факт е дека не треба да се правиме нешто што не сме, ниту да го потиснуваме интелектот со своето однесување, но постојат начини на однесување кои несомнено го привлекуваат вниманието на посилниот пол, а жената ја прават попривлечна. Паулина, која е советник за односи и на Tикток честопати споделува совети како да го подобрите односот со партнерот, како да ги разберете мажите и нивното однесување и како да работите на себе, во една од своите објави сподели едноставен трик кој им овозможува на жените да изгледаат поженствено и попривлечно за мажите. Според оваа советничка за односи, жените во своите акции, на пример, начинот на кој ги користат рацете, брзината на одот, начинот на кој јадат или пијат, треба да бидат трипати побавни и посензуални од вообичаено. Таа навела пример со две жени од кои едната е брза во своите активности, додека другата е побавна, и изјавила дека втората сигурно повеќе ќе го привлече вниманието на мажите отколку првата. - Ќе ја видите реакцијата на мажите. Тие се навикнати на гласни жени, гласна смеа, брзо зборување и многу разговор. Но, ако сте потивки и понежни, тоа ќе направи мажот да се чувствува посилен, а тоа ги привлекува мажите. Тоа ве прави многу попривлечни и поженствени – повторила Паулина. Многу жени во коментарите на оваа објава ја потврдија валидноста на советот, велејќи дека ова навистина „функционира“. Некои истакнале дека не сакаат никого да импресионираат и дека мажот треба да ги сака такви какви што се. Сепак, Паулина се осврна на тој коментар велејќи дека е најдобро да се однесувате онака како што се чувствувате најдобро, и дека сè е индивидуално. @datingcoach.paulina Much more tips on how to boost your feminine energy you can learn in my Workshop Dream Woman 🥰 #feminineenergy #feminineenergymindset #femininewomentips #femininitytips ♬ One kiss x i was Never There (薛易 Remix) - 薛易 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter