Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
МакедонијаЕдна година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“Една година по најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, Кочани и понатаму живее со сенката на пожарот во дискотеката „Пулс“ кој засекогаш го подели времето на „пред“ и „потоа“. Повеќе од 60 изгубени животи и над 200 повредени оставија лузна што не избледува. И денес, градот и семејствата на жртвите ја чувствуваат тишината што остана зад нив, но и тежината на невидливата борба за вистината и правдата. Таа вечер Македонија беше парализирана од неверување, а Кочани се претвори во симбол на болка, загуба и недозволив пропуст. На 16 март 2025 година во трагедијата во дискотеката „Пулс“, загинаа 63 лица меѓу нив и деца, а над 200 беа повредени. Веднаш по несреќата беше одржана вонредна седница на Општина Кочани и беше прогласена седумдневна жалост на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните податоци говореа за 59 загинати и над 150 повредени, конечниот биланс во обвинителните акти по лекувањето на пациентите достигна 63 жртви и над 200 повредени. Истражните органи утврдија дека клубот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, без дозволи и без основни противпожарни стандарди. Реконструкции се изведувале без надзор, користени биле лесно запаливи материјали, а просторот не ги исполнувал ни најелементарните стандарди за безбедност. На критичната вечер, три пиротехнички средства биле активирани истовремено, насочени кон плафонот кој бил обложен со полиуретански сунѓер. Огнот се проширил за секунди, а задушливиот чад и паниката ги заглавиле посетителите во клубот со единствен и неадекватен излез. Мнозинството од жртвите загинале во обид да стигнат до вратата која не била стандардно евакуациско решение. Децениски пропусти и незаконски лиценци – цел систем под лупа за трагедијата во „Пулс“ По несреќата, Обвинителството поднесе обвиненија против 34 физички и три правни лица. Сите тие се товарат за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“. Првично, истрагата опфаќаше 45 физички лица (вклучително и сопственикот на објектот-магацин), но поради немање докази постапката беше запрена за 11 лица, меѓу кои и двајца поранешни министри за економија, додека еден од осомничените почина. Меѓу нив има сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Во финалното обвинение се прецизирани тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, петмина државни службеници и генерален секретар. Сите, според обвинението, со дејствие или со пропуштени обврски, придонеле да се создадат опасни услови што довеле до катастрофата. [Одбраната на поранешните министри за економија Крешник Бектеши и Ваљон Сараќини и обвинетите поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Бек] Според ЈО, сопствениците дозволувале илегални реконструкции и преполнетост, вклучително и влез на малолетни лица. Дел од вработените во институции фалсификувале документи, издавале незаконски лиценци или со години не спроведувале инспекциски надзор. Поранешни градоначалници, иако знаеле дека објектот функционира без дозволи, не презеле мерки – не спровеле инспекција, не иницирале затворање, ниту предупредиле за ризиците. Сите овие пропусти – натрупувани низ години – создадоа, како што наведе обвинителот Борче Јанев во воведниот збор, „смртоносна стапица“. Тој нагласи дека „Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“. Паралелно со главниот предмет, се води посебна постапка и за полициски службеници поврзани со случајот. Во јануари 2026 година беше поднесено обвинение против 13 полициски службеници, а до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен и обвинителен предлог против уште тројца полициски службеници кои, според Обвинителството, не ги извршиле своите должности. Основното јавно обвинителство Кочани отвори и предистражна постапка против службеници на Управата за јавни приходи. Судењето за кочанската трагедија под засилени безбедносни мерки – обвинетите не се чувствуваат виновни Пред почетокот на судскиот процес, Врховниот суд донесе одлука со која за стварно и месно надлежен го определи Основниот кривичен суд Скопје, по што Советот за оцена го одобри обвинителниот акт во целост. На 19 ноември 2025 година под засилени безбедносни мерки започна судењето во судницата во КПУ „Идризово“ во Скопје. Судијката Дијана Груевска Илиевски тогаш најави интензивен процес и нагласи дека ќе се бара строга дисциплина од сите учесници во судницата. Таа посочи дека за секое неоправдано одлагање ќе следуваат санкции и дека сите лекарски оправдувања ќе бидат детално проверувани. Судијката истакна дека советот ќе постапува професионално, со почит кон болката на семејствата на загинатите, но со обврска да им овозможи на сите страни еднаква можност да ја изложат својата теорија и докази. [Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија д] На воведното рочиште сите обвинети се изјаснија дека не се виновни. Нивната одбрана тврди дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не на индивидуални одлуки. Во судницата потоа беа сослушани родителите, преживеаните, гости во клубот, инспектори и членовите на бендот кои настапувале таа вечер. Дел по дел, обвинителството се обидува да ја состави целосната слика и да ја утврди одговорноста. Судењето е во тек и продолжува утре со сослушување на нови сведоци предложени од Јавното обвинителство. Во меѓувреме, на почетокот на март 2026 година, полицијата во Кочани започна со постапка за враќање на личните предмети на жртвите на нивните семејства. „Марш на ангелите“ – гласот на родителите што една година не замолкна Во текот на изминатата година, родителите на загинатите и повредените станаа најгласните носители на борбата за правда. Нивниот „Марш на ангелите“ започна веднаш по трагедијата - како симболичен чин на болка и надеж. Маршевите се одржуваа секоја сабота во Кочани, а неколку пати и во Скопје пред институциите. Државата во меѓувреме најави реформи во системите за безбедност, контроли и инспекции, но семејствата не се уверени - велат дека институциите „ветуваат многу, а прават малку“. [„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“.] За одбележување на првата годишнина, Општина Кочани најави тридневна комеморативна и духовна програма од 14 до 16 март. Програмата вклучува богослужби, отворање на меморијалот „Недовршени соништа – секое име е нечиј свет“, поставување симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ со мурал „Ѕид на сеќавање“, како и собир пред објектот „Пулс“ во 02:15 часот по полноќ - времето кога се случил пожарот. [Во Скопје и денеска им се оддава почит за загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни граѓани палат свеќи на плоштадот „Македонија“ во чест на починатите во ужасната трагедија.] Една година по пожарот во Кочани, одговорите се сè уште нецелосни, правдата недовршена, а раните отворени. И додека вистината полека се пробива низ судскиот процес, едно е јасно, оваа трагедија не смее да се повтори, а сеќавањето на Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев, мора да остане водилка за промени. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter