Една година по бунтот: Каде е „Вагнер“ на руската сцена по смртта на Пригожин - Канал 5

Една година по бунтот: Каде е „Вагнер“ на руската сцена по смртта на Пригожин

Пред една година, Русија и светот го задржаа здивот по бунтот што го најави Евгениј Пригожин, водачот на групата „Вагнер“.

Една година по бунтот: Каде е „Вагнер“ на руската сцена по смртта на Пригожин

Ал Џазира Балканс

Пред една година, Русија и светот го задржаа здивот по бунтот што го најави Евгениј Пригожин, водачот на групата „Вагнер“.

Колона оклопни возила, тенкови и транспортни возила од приватна воена компанија влезе во градот Ростов, најголемиот руски град во југозападна Русија, откако Пригожин го обвини министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека намерно не им давал муниција и поддршка на неговите борци од групата и дека армијата започнала ракетен напад врз група.

„Вагнер“ на еден ден ја презеде контролата врз градот, а потоа започна да напредува кон Вороњеж, каде, исто така, ја презеде контролата. Потоа продолжи кон главниот град Москва.

Брз крај

Се чинеше дека земјата е на работ на граѓанска војна. Но, истиот ден, бунтот заврши брзо и ненадејно по интервенцијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, а „Вагнер“ го запре напредувањето кон Москва во замена за безбедносни гаранции. Како резултат на тоа, Пригожин и дел од неговите сили отидоа во Белорусија, што изгледаше како компромис со властите.

Два месеца по овие настани, на 23 август 2023 година, во регионот Твер, северно од Москва, се урна авионот со Пригожин, кој долго време го нарекуваа „готвачот на претседателот Владимир Путин“. Пригожин бил во авионот заедно со другите водачи на „Вагнер“ и никој не преживеа.

Оттогаш, се случија многу настани кои радикално ја променија не само структурата и судбината на групата, туку и рамнотежата на силите во руската воена елита. Додека некои ги задржаа своите позиции, други исчезнаа од сцената засекогаш.

Многу воени коментатори веруваат дека бунтот на Пригожин беше „искрата“ за отпуштања, оставки и апсења во воениот естаблишмент што се случија во Русија по реизборот на Путин за претседател на земјата во март.

„Вагнер“, исто така, повеќе не постои во неговата оригинална форма. Мал дел остана во рамките на Министерството за одбрана, а другиот, на чело со синот на Пригожин, Павел, се приклучи на Руската национална гарда (Росгвардија). Според тестаментот на Пригожин од 2023 година, целиот негов имот му припаѓа на Павел, кој бил борец во групата, но не бил во кругот на водачите.

Мистериозна судбина

Судбината на преостанатите членови на групата се уште не е целосно јасна. Некои од нив, неколку дена по неуспешниот бунт, беа приведени во Белорусија, додека некои заминаа во Африка. Остатокот беше распределен меѓу силите на Ахмат (Ахмад), Редут, Арбат и други.

Неодамна, паралелно со регрутирањето на војници со договор во руските сили поради учество во воената операција во Украина, можни се и повици за вклучување во редовите на таканаречениот Африкански корпус.

Не е тајна дека „Вагнер“ долго време е присутен на африканскиот континент, но настаните што доведоа до негово „спојување“ во други формации значеа дека регрутирањето војници се одвива исклучиво преку Министерството за одбрана на Русија.

Ова го објаснува брзиот почеток на формирањето на Африканскиот корпус за решавање големи и сложени задачи надвор од границите на Русија, со цел, според објаснувањето на Министерството, „да им се помогне на суверените африкански земји во соочувањето со неоколонијалното влијание на Западот што ја поткопува нивната база на ресурси и ја зајакнува еднаквата соработка меѓу Москва и овие земји“.

Со развојот на настаните поврзани со распоредувањето на силите на „Вагнер“ во други воени формации, беше формиран Африканскиот корпус за да ги замени Вагнеровите структури кои дејствуваа на овој континент.

Пополнување на празнината

Според изјавите за медиумите објавени на крајот на минатата година од упатени извори блиски до Министерството за одбрана, процесот на распоредување на овие сили започна во пет земји: Буркина Фасо, Либија, Мали, Централноафриканската Република и Нигер, а се планира да биде заврши во текот на ова лето. Корпусот ќе биде директно поврзан со Министерството за одбрана и ќе го надгледува полковникот Јунус-бек Јевкуров, заменик министер.

Важно е да се напомене дека првиот разговор за можноста за пристигнување на руски воени единици во Буркина Фасо беше во средината на 2022 година. Меѓутоа, во декември истата година, претседателката на соседна Гана, Нана Акуфо-Адо, ги обвини новите власти во Буркина Фасо дека го поканиле „Вагнер“

Како одговор, властите на Буркина Фасо го отповикаа амбасадорот на Гана во знак на протест против овие изјави и го поканија нивниот министер за надворешни работи во Гана на консултации, но официјално не го потврдија или негираше присуството на борци од руски приватни воени компании во земјата или намера да ги покани.

На 24 јануари годинава преку официјалниот профил на тие сили на Телеграм беше објавено пристигнувањето на првата единица на Африканскиот корпус (100 војници) во Буркина Фасо, со напомена дека подоцна ќе им се придружат уште 200 војници.

Соопштението дојде откако Централноафриканската Република, Мали и Буркина Фасо го напуштија она што може да се опише како францускиот систем на „воен патрон“, што беше воспоставен за време на ерата на францускиот воен лидер Шарл де Гол во поранешните француски колонии.

Заради можноста други западноафрикански земји да преземат слични чекори, Москва веројатно ќе стане поентузијастичка за „пополнување на празнината“ со своите сили на континентот, кои првично беа дел од групата „Вагнер“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Двојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени.

Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев.

Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат.

Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.

YouTube video

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија.

„Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски.

Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства.

Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време.

Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS).

На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот.

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер