Една година Еврокомисија „Фон дер Лајен 2“: Амбиција за изградба на понезависна, поконкурентна и побезбедна Европа - Канал 5

Една година Еврокомисија „Фон дер Лајен 2“: Амбиција за изградба на понезависна, поконкурентна и побезбедна Европа

Актуелната Европска комисија на Урсула фон дер Лајен утре ја одбележува првата годишнина од нејзиниот избор под слоганот „Работејќи за независност на Европа“. 

Една година Еврокомисија „Фон дер Лајен 2“: Амбиција за изградба на понезависна, поконкурентна и побезбедна Европа

По повод годишнината, оваа втора Европска комисија на Фон дер Лајен порача дека во изминативе 12 месеци во услови на итност во носењето одлуки, работела да испорача за европските граѓани и бизниси.

- На 1 декември 2024 година, Комисијата „Фон дер Лајен 2“ ја презеде функцијата со јасна посветеност да ја направи Европа понезависна, поконкурентна и побезбедна, бидејќи светот станува поконфронтациски настроен. Во својата прва година, Комисијата работеше на претворање на Европа во континент каде што традиционалните и новите индустрии напредуваат, а воедно обезбедува добар квалитет на живот за нашите граѓани, посочува Европската комисија во освртот на резултатите од својата едногодишна работа.

Во прегледот се нагласува дека изминатава година Европска комисија работела на „заокружување на нашата Унија“ овозможувајќи Македонија, Албанија, Молдавија и Црна Гора да се приклучат на Единствената зона за плаќање во евра со што банкарските трансфери во евра за граѓаните и бизнисите се вршат побрзо и претворајќи го проширувањето во реална можност во наредните години со оглед на забрзаното темпо на пристапниот процес на некои земји кандидати за членство. Дополнително, Комисијата потсетува и дека на нејзин предлог Молдавија и Украина ќе се приклучат кон зоната без роаминг на ЕУ од 1 јануари 2026 година.

- Се фокусиравме и на помагање на индустриите да се снајдат во променливата глобална средина, на подобрување на условите и квалитетот на живот за граѓаните, на поттикнување на транзицијата кон чиста енергија и на искористување на можностите на дигиталната трансформација, оценува Европската комисија во освртот на резултатите од својата едногодишна работа.

Во прегледот се посочува и дека Комисијата работела на зголемување на социјалната отпорност и зајакнување на европските демократии, на диверзификација и проширување на партнерствата на глобално ниво, на преземање поголема одговорност за одбраната и безбедноста на Европа, како и на одржување на непоколебливата солидарност со Украина.

- Со транзицијата кон чиста енергија и брзиот пораст на вештачката интелигенција, сакаме Европа да ги искористи овие можности и да го зајакне своето глобално лидерство. Ги прошируваме нашите трговски партнерства, создавајќи нови можности за големите и малите европски компании, посочува Еврокомисијата.

Таа нагласува и дека ги поддржува Европејците да развијат подобри вештини, да ја зголемат социјалната отпорност и да ги зајакнат демократиите.

- Додека продолжува војната на Русија против Украина, оваа Комисија тесно соработува со земјите членки со цел Европа да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана и да ја зголеми нашата внатрешна безбедност, а воедно да ја одржи нашата непоколеблива солидарност со Украина. Свртени кон иднината, предложивме и амбициозен, модерен и поедноставен долгорочен буџет на ЕУ за 2028-2034.

Меѓу своите остварување во изминативе 12 месеци ЕК ги наведува својот план за закрепнување „Следна генерација ЕУ“, Компасот за конкурентност, отворањето на 19 фабрики и 13 подружници за вештачка интелигенција низ цела Европа, иницијативата за истражувачи и иноватори „Избери Европа“, поставувањето нови климатски цели и презентирањето на седум пакети за поедноставување и нова визијата за земјоделство и храна и поддршка на земјоделците.

Комисијата меѓу постигнувањата ги посочува и инструментот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), регулативата за воена мобилност т.н. „Воен Шенген“, Стратегијата за подготвеност, Законот за критични лекови, патоказот за енергетска независност „РЕПауерЕУ“, безбедносната стратегија „ПротектЕУ“, имплементацијата на Пактот за миграција и азил, иницијативата за спротивставување со манипулациите со информации и дезинформациите „Европскиот штит на демократијата“, Патоказот за правата на жените, Стратегијата за еднаквост на ЛГБТИК+ заедницата и формирањето Советодавен одбор за млади.

Во прегледот се потсетува и на постигнатите трговски договори и партнерства, сеопфатната поддршка за Украина, петте нови пакети санкции кон Русија, поддршката за Палестинската автономна управа и формирањето на Донаторската група за Палестина, Пактот за Медитеранот и програмата за инвестиции ширум целиот свет „Глобална Порта“.

- Комисијата предложи амбициозен долгорочен буџет за периодот 2028-2034 година во вредност од речиси 2.000 милијарди евра, опремувајќи ја Европа за денешниот несигурен свет склон кон кризи. Во следниот период, Комисијата ќе продолжи да се држи до својата посветеност да ја направи Европа понезависна, поконкурентна и побезбедна, порачува Еврокомисијата по повод годишнината од нејзиниот избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови.

Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот.

Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција

Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците.

Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер