Единствениот хороскопски знак кој секој би посакал да го има покрај себе

Има еден единствен знак хороскопски знак кој целиот свој живот ги става другите пред себеси и тука исклучоци – нема.

Станува збор за Водолиите.
Водолија
Златен знак кој често пати е потценуван, бидејќи не е разберен правилно. Водолиите се многу борбени и силни луѓе, но никогаш не би игнорирале некој во името на сопствениот успех. Тие се неверојатно добродушни луѓе кои им даваат пат на сите и помагаат со што можат. Во семејството тие се моторот, кој движи сè и го одржува балансот. Тие можат да прават стотици нешта без да се жалат, па дури и многу да им тежи. За тоа сетете се секогаш да им помагате, дури и кога велат дека немаат потреба.
Водолиите се луѓе кои се извинуваат, дури и кога немаат вина, само и само да има мир. Вистинските претставници на овој знак можат да помогнат и на непознат додека да почувствуваат во своето срце дека тоа е нивната кауза.
Тие имаат неверојатен поглед кон сите луѓе кои немаат непријатели, а ако некој не ги сака, тоа е затоа што не ги разбира. Водолиите се луѓе со многу силен карактер, кога страдаат се трудат никој да не разбира и со сè се справуваат сами.
Чувари на домашното огниште, добри и чесни колеги, добродушни пријатели и добри луѓе. Тоа е единствениот знак, кој ги става сите пред себе.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

притисни ентер