Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележа шест години од формирањето - Канал 5

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележа шест години од формирањето

 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. 

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележа шест години од формирањето

- Заедно со припадниците на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје одбележавме шест години од нејзиното формирање – шест години храброст, професионалност и посветена служба во заштита на граѓаните и јавниот ред. Интервентната полиција е меѓу клучните столбови на безбедноста на главниот град. Во изминатата година тие реализираа речиси 30.000 интервенции, а резултатите се јасни и мерливи, меѓу другото, значително е намален бројот на разбојништва. Ова не се бројки на хартија, туку конкретна безбедност на граѓанините, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Фејсбук.

Како министер за внатрешни работи, посочува Тошковски, јасно порачувам дека ќе продолжиме со силна поддршка, инвестиции во опрема, обука и човечки потенцијал, затоа што само силна, подготвена и мотивирана полиција може да гарантира сигурна иднина.

- Им честитам на сите припадници на Единицата за интервентна полиција за нивната пожртвуваност и професионализам. Горд сум на нивната работа и на резултатите што секојдневно ги испорачуваат за безбедна Македонија, посочи Тошковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. 

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор. Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО станаа најлошиот можен претставник на Албанскиот глас. Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење.

Албанците нема никогаш повеќе да се идентификуваат со ова нереформирано ДУИ кое е директно одговорно за обезвреднување на Албанската политика. За да се спасат од кривична одговорност за нивното коруптивно поведение во последните Влади на СДСМ, малата група околу Ахмети се нуди политички да одработи ВМРО да освои повеќе од 60 пратеници на следните парламентарни избори.

Обидот да се создава лажна слика дека правата на Албанците се загрозени само затоа што ДУИ не е коалиционен партнер и во оваа Влада е свесно и со умисла одработување за политичките интереси на Македонската десница и предавство на Албанската кауза, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста

Денес Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, ден што засекогаш го промени ликот на градот, но не и духот на неговите жители.

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста

Во чест на оние што ги загубија животите, со почит кон преживеаните и со благодарност до сите што помогнаа Скопје повторно да се издигне, денес на 63 годишнината, се поклонуваме пред историјата што нe научи на солидарност, храброст и човечност.

Во овие моменти со пиетет им оддаваме почит на сите загинати, се поклонуваме пред храброста на преживеаните и со благодарност се потсетуваме на несебичната помош што пристигна од целиот свет.

Благодарение на единството, човечноста и меѓународната солидарност, Скопје не само што беше обновено, туку стана препознатливо како град на солидарноста, симбол на надежта, отпорноста и вербата во подобрата иднина.

Нашата обврска денес е да го чуваме тоа наследство. Да градиме институции што се грижат за граѓаните, да вложуваме во безбедност, отпорност и развој и да негуваме општество во кое солидарноста, единството и меѓусебната почит ќе бидат темел на секој напредок.

Нека споменот никогаш не избледи, а пораката за единство и надеж продолжи да живее во секоја генерација.

Скопје памети. Скопје не заборава, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најсилен тајфун досега ја погоди Кина- над 710.000 луѓе се спасуваат од разорното невреме (ВИДЕО)

Повеќе од 710.000 луѓе се евакуирани од јужната кинеска покраина Гуангдонг поради разорниот тајфун Хонгси, познат и како Ноул, објавија кинеските медиуми. 

Најсилен тајфун досега ја погоди Кина- над 710.000 луѓе се спасуваат од разорното невреме (ВИДЕО)

Природната катастрофа го погоди регионот рано утрово, со ветрови од 45 метри во секунда.

Најголемиот број евакуирани лица дојде од урбаните области Хуиџоу и Шанвеј, каде што 205.000 и 192.000 луѓе беа привремено раселени, соодветно. Покраинскиот штаб за контрола на поплави и суша претходно објави евакуација на дополнителни 340.000 жители, според „Нанфанг дејли“.

Фронтот на бура продолжува да се движи кон север на Кина, постепено губејќи ја силата. Сепак, кинеските метеоролози предупредуваат на можноста за обилни дождови во покраините Гуангдонг, Џијангси и Хунан.

Тајфунот се упати кон копното во близина на градот Пингхај, во округот Хуидонг, околу 3:50 часот наутро, носејќи максимални одржливи ветрови. Во очекување на пристигнувањето на тајфунот, покраинските власти прогласија вонредна состојба и го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво.

За да се одговори на кризата што е можно поефикасно, покраинската администрација за комуникации распореди 2.178 екипи за итни поправки, опремени со 7.060 лица, 47 возила за итни комуникации, 461 сателитски телефон и речиси 1.702 километри резервен оптички кабел.

Покраинскиот оддел за транспорт распореди 14 сообраќајни екипи и 134 екипи за итни интервенции, со вкупно 3.223 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер