Единаесет превозници меѓу кои и Дурмо Турс добија казни – информираат од државниот инспекторат за транспорт. Од таму велат дека од 138 извршени контроли за три дена, констатирани се 21 неправилност кај правни и физички лица при вршење на превоз на патници и стоки. Според информации на Канал 5, од она што е констатирано досега најголем дел од правните лица имале возачи кои не поседувале сертификат за возач, а некои од нив врешеле и превоз на опасни материи, други пак, согласно законот за превоз неправилно го користеле тахографот, дел од превозниците врешеле и превоз без патен налог или пак истиот бил не уредно пополнет. Од министерството за транспорт велат контролите кои ги спроведува Државниот инспекторат за транспорт .
За утврдените неправилности ќе бидат информирани и Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство со цел нивно понатамошно постапување. – велат меѓу другото од министерството.
Контролите, пред два дена ги најави и министерот за транспорт, Александар Николовски, кој рече дека ова ќе повлече и законски измени. Освен во делот на патниот превоз, министерството за транспорт врши конторла и кај изададените лиценци согласно законот за градба и урбанистичко планирање.
„Паралелно е почната контрола и на сите издадени лиценци и овластувања во делот на патен превоз и за истото ќе ве информиам во текот на следната недела а како што кажав ова ќе повлече и законски измени кои што треба да ја направат конторлата многу многу построга од ова што е сега. “
Од ресорното Министерство велат дека согласно акцискиот план од понедленик ќе се продолжи со инспекциски надозри при превоз на патници и стока, ќе се спроведуваат секојднени интензивни котроли, ќе се проверува докментација, како лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати, тахографи, а ќе се врши и надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз.