Единаесет месеци затвор за татко што нападна малолетни фудбалери во Штип - Канал 5

Единаесет месеци затвор за татко што нападна малолетни фудбалери во Штип

Единаесет месеци затвор доби 43 – годишниот Авни Абдулиј, кој физички нападна двајца 15-годишни играчи на Брегалница за време на мечот со „Шкупи“ во Штип и им нанесе телесни повреди.

Единаесет месеци затвор за татко што нападна малолетни фудбалери во Штип

Основниот суд во Штип пресудата ја донел денес, потврдија оттаму за Канал 5, а со оглед дека се работело за обвинителен предлог судот имал можност да ја објави без присуство на странки. Авни Абдулиј, инаку татко на еден од играчите на „Шкупи“ е осуден за кривично дело насилство, а целата пресуда заедно со образложението на судијката Невена Перица наскро ќе биде доставено. Неговата одбрана е незадоволна од пресудата и најави жалба до штипска Апелација, тврди дека тој со својот син физички не ги нападнал играчите на Брегалница, туку дека со останатите родители се обидувале да ја смират ситуацијата на теренот.

-Не само што немало насилство од страна на обвинетиот туку и не ги сторил тие дејствија кои му се ставаа на товар. Се случува еден немил настан помеѓу децата на двете екипи, ФК Шкупи и ФК Брегалница. Но тие немили настани не ги инволвираат родителите на двата клуба, туку родителите на двата клуба се обидуваат да ги спречат тие немили настани кои се случуваат помеѓу фудбалерите меѓу двете екипи. Пристап на родители со цел да не се ствараат поголема конфузија и нервоза и дејствија кои би биле превземени од децата од двете страни,- изјави – Асмир Алиспахиќ – Адвокат .

Инцидентот се случи на 24 август годинава на стадионот Бело Брдо во Штип за време на натпреварот помеѓу младинските фудбалски екипи. Штипското обвинителство во обвинението наведе дека во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на обвинетиот Абдулиј, кој играл за „Шкупи“.

-Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.- ОЈО Штип – извадок од обвинителниот предлог.

По инцидентот во Штип следуваше и реакција на ФФМ со дисциплински мерки за играчот на Шкупи, кому му е изречена најстрогата санкција исклучување од фудбалска организација. На уште двајца негови соиграчи инволвирани во инцидентот, и на уште еден играч на Брегалница им е изречена казна забрана на играње во траење од три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците

Со години се зборува за опасностите од употребата на канабис кај адолесцентите, чии мозоци сè уште се развиваат. 

Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците

Сепак, една нова меѓународна студија ја доведува во прашање претпоставката дека ризиците за ментално здравје значително се намалуваат по влегувањето во зрелоста, објави Science Daily.

Научниците од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија анализирале 149 студии во кои учествувале повеќе од 71.000 учесници. Резултатите, објавени во научното списание „Биолошка психијатрија“, укажуваат на поврзаност помеѓу употребата на канабис и порана појава на психоза.

По триесетгодишна возраст, разликата е повеќе од шест години

Кај луѓето кои користеле канабис, првата епизода на психоза се случила во просек две и пол години порано отколку кај оние кои не го консумирале.

Сепак, резултатите значително се разликувале меѓу анализираните возрасни групи:

• Од 20 до 24 години - 1,6 години порано.

• Од 25 до 29 години - 4,43 години порано.

• Од 30 години и повеќе - 6,3 години порано.

Возрасните категории се однесуваат на просечното време на појава на психоза во анализираните студии.

Дали ефектите се акумулираат во текот на целиот живот?

Психијатарот и раководител на студијата, професорот Метју Ларџ, верува дека овој модел би можел да укаже на кумулативните ефекти од долготрајната употреба на канабис.

Сепак, анализата на опсервациските студии не докажува директна причинско-последична врска. Потребни се дополнителни истражувања за да се утврдат механизмите зад оваа врска.

Како да се препознаат симптомите на психоза?

Психозата вклучува нарушување во перцепцијата на реалноста. Може да се манифестира преку халуцинации, заблудни верувања, неорганизирано размислување и промени во однесувањето.

Не е исклучиво симптом на шизофренија, туку може да се појави и во рамките на други ментални нарушувања.

Доколку се појават вакви симптоми, важно е што поскоро да се побара стручна медицинска помош.

Научниците повикуваат на посериозни предупредувања до јавноста

Авторите на студијата веруваат дека предупредувањата за потенцијалните последици од употребата на канабис не треба да бидат насочени исклучиво кон адолесцентите.

Фактот дека супстанцијата е од растително потекло или има специфична медицинска употреба не значи дека е без ризици за менталното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер