Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец
1Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец
Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
2 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
БалканЕдинаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во ТурцијаЕдинаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица. Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот ТеснецИран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец.Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец, но повтори дека САД мора да исполнат други услови, вклучително и компензација и укинување на санкциите и да престанат воените закани, пред повторно да се отвори стратешкиот воден пат. Американски функционер во петокот за Ројтерс изјави дека Иран и Оман се блиску до договор што би можел да го отвори патот за враќање на безбедното минување низ теснецот, главен канал за испорака на нафта и гас пред Иран да го блокира, како одговор на нападите на сад и израел врз техеран што започнаа кон крајот на февруари. Американскиот претседател Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека САД се „дискретни“ во преговорите со Иран. „Ние само полупреговараме со нив. Само го гледаме иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари“.реќе тој.иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи рече дека повторното отворање на теснецот делумно ќе зависи од тоа дали сад ќе платат компензација за штетата предизвикана во широките напади врз Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани повеќе од милион луѓеПовеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови. „Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба. Кинеските власти претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво за тајфунот. До понеделник наутро, „Долфин“ ослабе во тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата. Закана од обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето. Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и ризик од лизгање на земјиштето сè до среда. Обилни дождови се очекуваат во провинциите Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај. Во делови од провинцијата Жеџијанг би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на неколку дена. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, а затворени се и бројни туристички атракции. Затворени се делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж шеталиштето „Бунд“ во Шангај. The 13th typhoon of the season Dolphin hit at 5:30pm on Sunday near Kanmen Subdistrict, Yuhuan City, Taizhou, Zhejiang — as a strong typhoon with maximum winds of 42 m/s (force 14) and a minimum central pressure of 945 hPa, according to China's National Meteorological Center. pic.twitter.com/UKed7vH4Ar — Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 9, 2026 Снимки од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории во приземјето во поранешната Француска концесија во Шангај – област популарна меѓу туристите. На снимките се гледаат и луѓе кои газат низ вода длабока до глуждовите. Во Венџоу, властите преместија околу 900.000 жители и отворија повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи. Во Таиџоу, околу 390.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.Тагови: тајфуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинатиСо положување венци и свежо цвеќе, денеска ќе се одбележат 25 години од загинувањето на 8 припадници на резервниот состав на армијата кај месноста Љуботенски Бачила.Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила. На 10 август 2001 година воено товарно возило нагази на две против тенковски мини на патот кон месноста љуботенски бачила на Скопска Црна Гора, поставени од припадници на она, при што загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски... Делегација од армијата и министерството за одбрана, предводена од началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители во село Волково, пред споменикот на загинати бранители во село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter