Единаесет лица починаа поради глад и неухранетост во Газа во изминатите 24 часа - Канал 5

Единаесет лица починаа поради глад и неухранетост во Газа во изминатите 24 часа

Единаесет лица починаа поради глад и неухранетост во Газа во изминатите 24 часа, јави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински извори.

Единаесет лица починаа поради глад и неухранетост во Газа во изминатите 24 часа

Со тоа, вкупниот број на такви смртни случаи се искачи на 212, меѓу кои се и 98 деца.

Светската здравствена организација претходно објави дека стапките на неухранетост во Газа достигнале алармантни нивоа, при што практично едно од пет деца под петгодишна возраст во градот Газа страда од акутна неухранетост.

Во Појасот Газа, според извештаите, од октомври 2023 година, регистрирани се повеќе од 209.000 загинати и ранети, претежно деца и жени, како и повеќе од 11.000 исчезнати.

Според извештаите, бројот на раселени лица поради израелските напади и наредбите за депортација во Газа, која има население од приближно 2,3 милиони, достигна два милиона, при што многу луѓе се раселени повеќе пати. Најмалку 14 Палестинци, вклучувајќи девет лица кои чекаат помош, се убиени од утрово во израелските напади врз Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

По девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински  претставници во нов обид да се стави крај на војната.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби..

Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир.

Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер