ЗдравјеЕдинаесет лица контакти на хоспитализираната вработена на Инфективна под 14 дневен надзорПо добиена информација од страна на Институтот за јавно здравје, веднаш истиот ден на петти август, екипа на епидемиолози од Центар за јавно здравје – Скопје изврши епидемиолошки увид, земени се анкети и контакти. Единаесет лица контакти на хоспитализираната вработена на Инфективна се ставени под 14 дневен надзор, откако кај неа беше констатирана конго-кримска хеморагична треска, информираше денеска Рената Младеновска, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат. - По добиена информација од страна на Институтот за јавно здравје, веднаш истиот ден на петти август, екипа на епидемиолози од Центар за јавно здравје – Скопје изврши епидемиолошки увид, земени се анкети и контакти. Информацијата е споделена со ДСЗИ и ние како институција издадовме уште 11 решенија, односно тоа се контакти на веќе хоспитализираната пациентка која што е и вработена на Клиниката за инфективни болести. Тие 11 контакти ќе бидат под 14-дневен здравствен надзор, соопшти Младеновска. Таа појасни што подразбира здравствениот надзор. - Пациентката односно контактите ќе треба да се јавуваат и да бидат во постојан контакт со дежурниот епидемиолог од Центар за јавно здравје – Скопје, да бидат, тоа не е изолација класична, меѓутоа не треба да имаат контакт со останатите – дали е потесното семејство, едноставно да издржат овие 14 дена да не се прошири оваа зараза и јас се надевам дека ова ќе биде и последниот случај. Што се однесува до претходните 29 контакти, од тие 29 контакти една се потврди како случај, вкупно имаме здравствен надзор, издадено решенија за 40 луѓе, рече Младеновска. Запрашана дали овие 11 се сите од Инфективна или од семејството, појасни дека од овие 11, десет луѓе се од потесното семејство на пациентката и еден контакт е колешка нејзина исто така од Клиниката за инфективни болести. Претходно, претседателот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ рече за МИА дека Комисијата апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој. Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв. Во првиот случај со директно заразување, почина 27 годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција со традиционална воена парада го одбележува Денот на БастилјаФранција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник. Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаДевојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојкаОсновното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕмиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице Емиратите вчера го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице, а осум беа ранети.Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат. Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Иранскиот министер за надворешни работи одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане „чувар“ на протокот . Спорот околу контролата врз Ормутскиот теснец се заканува да ги попречи напорите за завршување на војната иако Трамп инсистираше дека договор е сè уште можен. Со зголемувањето на тензиите околу меѓународниот воден пат, Обединетите Арапски Емирати синоќа соопштија дека иранските крстосувачки ракети погодиле два национални танкери, при што загинал еден индиски член на екипажот и ранети се осум други, од кои четворица се во сериозна состојба. Денеска цените на нафтата се зголемија на азиската берза цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 0,7% на 83,87 долари за барел, додека цената на нафтата што се тргува на американскиот пазар беше за 0,9% повисока на 79,04 долари.Тагови: Иран Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter