Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
МакедонијаЕден загинат и неколкумина повредени патници во судир на автобус со автомобил во ЧентоСпоред првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто" се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф" со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје. Од страна на ИМП констатирана е смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза", а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСаудијците ги прекинаа испораките на нафта за Европа — итно се бараат алтернативиСаудиска Арабија ги намали испораките на нафта за Европа откако нападите со беспилотни летала го оштетија нејзиниот клучен извозен цевковод до Црвеното море, изјавија трговски извори за Ројтерс.Поради ова, водечките европски купувачи, првенствено Полска, се принудени итно да бараат алтернативни извори на нафта на пазар каде што цените на товарот веќе надминаа 120 долари за барел. Прекинувањето на Саудискиот проток низ Црвеното море ќе го принуди Ријад да се обиде да извезе повеќе нафта низ Ормускиот теснец преку таканаречени „тајни пратки“, слично на практиката што веќе ја користат Обединетите Арапски Емирати и Ирак, велат трговски извори. Кралството во петокот мораше да го затвори својот пустински цевковод исток-запад, кој во последните шест месеци му служеше како главен ресурс по блокадата на Ормускиот проток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Поднесено обвинение за опожарувањето возила пред Амбасадата на Република БугаријаПо спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице .По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита. На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита. Според дејствијата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Откако се доближил до паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, ги полеал со бензинот и ги запалил, по што веднаш го напуштил местото на настанот. Заедно со Обвинителниот акт, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, оценувајќи дека и натаму постојат причините поради кои мерката била определена и продолжувана. Според обвинителството, околностите укажуваат на опасност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот и со тоа да го попречи водењето на кривичната постапка. При предлагањето на мерката предвид се земени и висината на казната пропишана за кривичното дело, како и природата на дејствијата што му се ставаат на товар, насочени кон сигурноста и правата на лица под меѓународноправна заштита, вклучително и дипломатски претставници. Согласно одредбите од Кривичниот законик, за кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот е пропишана казна затвор од најмалку една година,стои во соопштението од јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаВрховен појаснува зошто ја укинал пресудата за ЈакимовскиВрховен ја укинал пресудата за екс градоначалникот на Карпош Стефче Јакимовски, бидејќи не било утврдено дали објектот бил тврда градба или монтажен.Во образложението на одлуката Врховен појаснува дека Јакимовски бил осуден на затворска казна иако ниту кривичниот ниту Апелацискиот суд, не утврдиле дали административниот објект на општината кој го изградил е од траен или времен карактер. Со разгледување на барањето за вонредно преиспитување на пресудите, поднеснео од неговиот адвокат , врховен утврдил дека пониските судови јасно не утврдиле дали административниот објект на општината, согласно законот, подлежи на потреба од носење на одобрение за градење и со тоа да се исполнат битните елементи на кривичното дело- бесправно градење или станувало збор за времен објект како што навел Јакимовски во неговата одбрана. Со одлуката на Врховен суд со која се укинаа и првостепената и второстепената пресуда, предметот се враќа на повторно судење а Јакимовски треба да излезе од затворТагови: Врховен суд Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook