Еден загинат и четворица повредени работници при ископ за зграда во скопска Кисела Вода - Канал 5

Еден загинат и четворица повредени работници при ископ за зграда во скопска Кисела Вода

Еден загинат, а четворица се повредени, откако биле затрупани во градежна јама за темелите на зграда во скопска Кисела Вода.

Еден загинат и четворица повредени работници при ископ за зграда во скопска Кисела Вода

Врз нив паднале над 60 кубици земја, а силниот звук на одрон и пискотници за помош – ги слушнале и жителите во околината. Првиот крик бил од работник кој бил затрупан само до вратот, а го слушнала жителка од спротивната зграда. Повозрасната жена веднаш притрчала во соседното кафуле каде вработените и гостите притрчале да копаат со раце, додека дојде повиканата помош.

Веднаш биле повикани полиција, пожарникари и брза помош, кои набргу дошле на самото место и започнале со извлекување со користење на рачен алат, а интервенцијата траела 40-тина минути.. Кај еден од работниците, и покрај обидите за реанимација, на крајот била потврдена смрт, чие тело беше подоцна транспортирано, а четворица во несреќата итно биле пренесени во Ургентниот центар на скопските Клиника. Еден завршил на операција, поради скрешеници, но сите се надвор од животна опасност.

Инвеститорот на објектот на улицата Козјак е поранешниот градоначалник на О. Аеродром – Ивица Конески, кој за Канал 5 посочи дека станува збор за земјиште кое неговото семејство го има 60 години, и дека се е направено според законските прописи. Искажа сочуство за ова што се случило, за што вели се уште нема детали како. Канал 5 се обиде да стапи во контакт и со фирмата – изведувач „Компанија Јакимовски ДООЕЛ“, кои одобрение за градба добиле минатиот месец, но тие кога слушнаа дека сме новинари, само ја прекинаа врската.

-Јас сум инвеститор, тоа земјиште е фамилијарно на татко ми и на браќата, на дедо ми, тоа е фамилијарен објект се гради. Земјиште на кое што родителите мои, дедо ми, чичковците живееле таму, 60 години. Инвеститори сме ние како семејство. Има табла, одобрение за градба, се гради правосилно, согласно сите законски прописи. Ова што се случило е нешто што никој не го посакува и не го очекувал. Сите се во шок уште, фирмава што е изведувач, нивни вработени се, и тие се многу вознемирени,--Ивица Коневски – Инвеститор.

Градоначалничката на О. Кисела Вода, Елизабата Стаменковска Трајковска која утрината беше на самото место вели дека надлежните ги утврдуваат сите околности поврзани со настанот и дека тие како општина им се на целосно располагање. Уверува дека документацијата е според сите прописи и дека градилиштето е посетувано и од страна на градежен инспектор. Советничката група на СДСМ пак повика свикување на итна седница на советот за да се оформи независно тело кое ќе утврдува пропусти, а и ако има опасност, да се алармираат и граѓаните од околните живеалишта.

-Оваа трагедија не смее да биде само уште една вест што ќе помине без одговорност. Таа отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, за почитувањето на прописите и за улогата на институциите. - изјави Даниела Настова Пиштолова, Координатор на Советничка група на СДСМ во советот на Кисела Вода

Во меѓувреме МВР и ОЈО Скопје веќе извршија увид на местото на трагедијата. Наредена е и обдукција на починатиот, а од обвинителството дополнително посочија и дека веќе се истражуваат причините за несреќата и дали се почитувале прописитте заа заштита при работа, на што постапува, државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“.

Министерката Божиновска во Виена: Зајакнување на енергетските врски со Австрија во фокусот на посетата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Виена го започна учеството во меѓународната програма „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“, во рамки на која учествуваше на сесија посветена на оперативното управување со кризи и оствари средби со високи претставници на австриски институции.

Во фокусот на првиот ден беше и унапредувањето на односите меѓу Македонија и Австрија во областа на енергетиката. Божиновска оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија.

На средбата беа разменети мислења за билатералните и економските односи, актуелните прашања во енергетиката и процесите на енергетска транзиција, како и за можностите за продлабочување на контактите и размена на искуства во енергетскиот сектор.

Како дел од програмата, Божиновска оствари и работен ручек со директорот на Дипломатската академија на Виена, амбасадорот Мартин Ајхтингер. Во фокусот на разговорот беа лидерството, јавната служба и значењето на меѓународната размена на искуства.

„Жени лидери – Југоисточна Европа и Црното Море/Јужен Кавказ 2026“ е извршна програма на Дипломатската академија на Виена, која ги поврзува жените на лидерски позиции од регионот и е насочена кон зајакнување на лидерските капацитети и размена на искуства за современите предизвици во јавниот сектор.

Во продолжение на престојот во Виена, министерката Божиновска ќе има обраќање пред студентите на Дипломатската академија на Виена и ќе одржи предавање посветено на енергетската транзиција и актуелните состојби во енергетскиот сектор во Македонија. Пред студентите ќе бидат презентирани клучните процеси во енергетиката, развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на инфраструктурата, енергетската сигурност и регионалното поврзување.

Со учеството во програмата и работната агенда во Виена, Министерството продолжува со активно меѓународно позиционирање на македонските енергетски приоритети и отворање простор за нови партнерства и размена на искуства.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)

Вкупно 6.629 лица се уапсени за време на протестите на средношколците и студентите во градовите низ Франција, а повредени беа 761 полицаец, како и 215 ученици и 89 наставници, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Епилог на ученичките и студентските протести во Франција: Илјадници уапсени, стотици повредени полицајци (ВИДЕО)

Тој рече дека протестите брзо станаа сериозни и дека досега вклучиле најголем број училишта во Франција и дека бројот на учесници бил поголем од вообичаеното, објави BFM TV.

Нуњез, исто така, рече дека е „претерано да се зборува за полициска репресија“ за време на протестите во средните училишта.

„Тоа е првата вистина што треба да се утврди: нема интервенција кога има средношколци кои демонстрираат мирно“, рече Нуњез.

Протестите на француските средношколци започнаа кон крајот на септември во Кретеј, предградие на Париз, а потоа се проширија низ целата земја, со барања за подобри услови во училиштата, поголеми инвестиции во образованието и решение за проблемот со недостигот на наставници.

Најтешко повредени во протестите беа 15-годишен ученик чија рака беше откината од граната солзавец во Ленс на 5 октомври, како и 14-годишник кој беше погоден во лицето од таква граната во Сен-Уен-ла-Мон на 28 септември, при што се здоби со сериозни повреди на вилицата и забите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Хеленската Република, Јоанис Малукос.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот грчки амбасадор, Јоанис Малукос

Таа, третирајќи ја Грција како важен сосед и потенцијален стратешки партнер, изрази искрено очекување за отворање ново поглавје во меѓусебните односи, во духот на добрососедството, градено низ bona fide политика.

За Сиљановска-Давкова, Хеленската Република, како земја од регионот со најдолго искуство во Европската Унија, има историска и политичка одговорност за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Во пресрет на грчкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, таа очекува засилен грчки ангажман насочен кон исполнување на ветувањата од Солунската агенда во далечната 2003 година.

Во однос на економската соработка, претседателката ги издвои Коридорот 10 и гасниот интерконектор како проекти од стратешко значење за обете земји, заради сигурниот гарантиран придонес кон поголема поврзаност, економски развој и регионална енергетска безбедност.

Претседателката ја поздрави грчката иницијатива за впишување на регионот на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО, заради неговата исклучителна природна и културна вредност.

Таа цврсто верува во моќта на културната дипломатија, водена од фантастичниот успех на грчко-бугарско-македонската изведба на сценската кантата „Carmina Burana“.

Амбасадорот Малукос изрази подготвеност за добрососедството, градено преку конструктивен политички дијалог и доследно почитување на меѓународното право.

Тој вети силна грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето.

Присуството на грчките компании во земјава, амбасадорот го оцени како важен економски мост.

Сиљановска-Давкова упати срдечни поздрави до грчкиот претседател, Константинос Тасулас, и до грчкиот народ.

На крајот, на амбасадорот Малукос, му посака добро здравје и успешна работа, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер