Кинезите тврдат дека наскоро ќе има роботи, кои ќе ги извршуваат домашните работи- претходно работат нешто поинакво
Првиот човек на Рено тврди дека новите автомобили ќе бидат поскапи за 6.000 евра поради прописите на ЕУ
1Кинезите тврдат дека наскоро ќе има роботи, кои ќе ги извршуваат домашните работи- претходно работат нешто поинакво
2Првиот човек на Рено тврди дека новите автомобили ќе бидат поскапи за 6.000 евра поради прописите на ЕУ
ЕвропаЕден загинат, десетици повредени во уште една железничка несреќа во ШпанијаЕдно лице загина, а 37 други беа повредени во несреќа со приградски воз во североисточниот регион Каталонија на Шпанија вчера, само два дена по смртоносната железничка несреќа на југот на земјата во која загинаа најмалку 42 лица.Регионалните служби за итни случаи соопштија дека жртвата е машиновозачот. Сликите објавени од локалните медиуми покажуваат дека предниот дел од возот е тешко оштетен. Агенцијата за цивилна заштита на Каталонија на „X“ изјави дека околу 20 амбулантни возила, заедно со десетици болничари и работници за итни случаи, биле распоредени на местото на настанот во близина на градот Гелида, источно од Барселона. Потпорен ѕид се урна врз шините за време на силна бура придружена со обилни дождови, удирајќи во приградски воз на линијата Р4 од мрежата Родалиес, соопшти агенцијата. Возовите на линијата обично се преполни во вечерните часови во текот на работната недела. Претходно, друг приградски воз Родалиес на линијата Р2 излета од шините подалеку на север во близина на градот Бланес по лизгање на земјиштето. Возот изгуби оска, иако нема пријавени повредени. Во меѓувреме, службите за итни случаи го пронајдоа возилото на еден човек кое беше однесено од поплавните води во вообичаено сув поток во близина на градот Палау-Сатор. Пожарникарите изјавија дека се верува дека телото пронајдено во автомобилот е на исчезнатиот човек. Властите прогласија црвен аларм во делови од Каталонија поради бурата Хари, која донесе ветрови до 80 километри на час и обилни врнежи од дожд. Исто така, беа издадени предупредувања за приближување кон пристаништата и плажите, бидејќи високите бранови го погодија брегот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството поведе постапка против маж, кој на дрзок начин ѝ украл чанта на жена во ТетовоЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 4 од Кривичниот законик.На 26 ноември, додека една оштетена седела пред кафетерија во Тетово и пиела кафе, а својата чанта ја оставила на столицата до неа, осомничениот и се заканил со нож и и ја одзел чантата. По пат го извадил паричникот во кој имало 4.000 денари, а чантата ја фрлил на земја. Продолжувајќи да се заканува со ножот, избегал од местото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаПретрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено разбојништво, поднесена кривична пријава Претрес во Скопје, пронајдени пари, расчистено кривично дело "разбојништво", поднесена кривична пријава .Во врска со претходно извршено кривично дело "разбојништво" со закана со пиштол на 18.11.2026 околу 05:55 часот во казино на бул. "Партизански Одреди" во Скопје каде одземени се парични средства во износ од 789.600 денари, од страна на ОКР Карпош при СВР Скопје се преземени се мерки и обезбедена е Наредба за претрес во дом кај осомничено лице. На 26.11.2026 во 06:00 часот по претходна наредба од Основен кривичен Суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(50) како и на патничко возило "тојота" со скопски регистарски ознаки. Имено, од извршениот претрес кај лицето Д.К. пронајдени беа парични средства од околу 300.000 денари, две црни фантомки, и друга облека. До Основното јавно обвинителство Скопје против Д.К. поднесена е кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФормиран Клубот на жени на Движењето ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседателВечерва се одржа Основачката конференција на Клубот на жени на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, со што и официјално започнува ново поглавје во организациското и политичкото дејствување на ЗНАМ. Клубот на жени едногласно е избрана Александра Јелиќ, како и Координативно тело составено од 18 членови. Формирањето на Клубот на жени е дел од активностите предвидени со Акцискиот план на Движењето ЗНАМ за 2026 година и претставува јасна определба за создавање силна, организирана и активна структура, во која жените ќе имаат значајна улога во креирањето на политиките, носењето одлуки и обликувањето на политичките процеси. Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека формирањето на Клубот на жени е значаен чекор во јакнењето на политичката организација, но и јасна порака за местото и улогата на жените во ЗНАМ. „Клубот на жени не го гледаме како формална организациска структура, туку како силен политички двигател, кој ќе даде нова енергија на Движењето и ќе биде глас на жените во општеството. Ги повикувам сите жени кои ги споделуваат нашите вредности да ни се приклучат. Вратите на ЗНАМ се отворени за секоја жена која има визија, став и храброст да преземе одговорност. Затоа што Македонија не може да оди напред ако половина од нејзиниот потенцијал остане неискористен.“ посочи Димитриевски. Претседателката Александра Јелиќ, е дипломиран професор за предучилишно образование и постдипломец на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, со повеќе од 20 години професионално искуство во воспитанието и образованието. Нејзиниот професионален пат го одбележуваат искуството во управувањето, раководењето со тимови, реализацијата на домашни и меѓународни проекти и институционалната соработка. „ Пред себе гледам жени со огромен потенцијал, кои не сакаат да бидат набљудувачи на иднината, туку нејзини креатори. Верувам дека од овој состав ќе произлезат нови лидерки, нови идеи и нова енергија. Нашата порака е јасна: не бараме простор за да бидеме слушнати, туку преземаме одговорност за да направиме промена. ЗНАМ дека можеме повеќе, ЗНАМ дека можеме заедно и ЗНАМ дека жените имаат сила да ја менуваат Македонија!“ изјави Јелиќ. Со формирањето на Клубот на жени, Движењето ЗНАМ отвора нов простор за активно учество, поголема видливост и посилна застапеност на жените во политичкиот живот. Преку заедничко дејствување, размена на идеи и преземање конкретни иницијативи, Клубот ќе работи на афирмација на женското лидерство, охрабрување на нови генерации жени во политиката и нивно вклучување во процесите во кои се креираат политиките и се носат одлуките за иднината на државата. Жените не се само гласот на промените. Тие се сила што ги создава, ги води и ги претвора во реалност! Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook