Еден повреден во престрелка во паркот во Чаир

Во паркот на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир денеска од огнено оружје било повредено едно лице. Случајот во СВР Скопје ги пријавиле од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен повредениот.

- Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Босанец исчезнал на меден месец во Истанбул, го пронашле по 20 дена

Маж од Босна и Херцеговина исчезнал за време на меден месец во Истанбул, а после дваесет дена конечно бил пронајден.

Станува збор за Енвер Буриќ од Високо, пишува Klix.ba.

Тој бил на меден месец со сопругата Санела, а таа го пријавила како исчезнат на 30 декември откако не можела да го пронајде повеќе од 24 часа. Таа допрела до јавноста преку неколку групи на Фејсбук, но не добила корисни информации.

„Ве молам помогнете, ако некој може да ми помогне. На 24 декември 2024 година со сопругот се вративме од меден месец во Дубаи. На 24 декември требаше да се префрлиме со авион за Сараево, но решивме да останеме во Истанбул за да ги поминеме новогодишните празници. Сепак, мојот сопруг последен пат го видов на 29. 12. 2024 година во Истанбул, напишала Санела во објавата.

„Наместо да се вратам на 1 јануари 2025 година, заедно со мојот сопруг, останав до 5 јануари 2025 година, со надеж дека ќе биде пронајден. Денеска е 19-ти ден откако исчезна мојот сопруг. Целосно сум очајна. Во контакт сум со амбасадата на БиХ во Истанбул, но секој ден го слушам истото: „Ако полицијата пријави нешто, ќе ве известиме“, ми велат. Замислете, да одите на меден месец пресреќна и да се вратите сама без мажот.“

„Очајна сум, болна, ве молам дајте ми какви било информации, упатства, не знам веќе што да правам. Ве молам, помогнете. Мојот сопруг се вика Буриќ Енвер, од Високо. Последен пат е виден облечен во црн дуксер, црна маица, црни патики, црна јакна и зелен ранец. Ќе истакнам, исчезна без ниту една лира. Ве молам, помогнете, сите инструкции, совети итн. би биле корисни. Однапред ви благодарам. Ве молам“, објави Санела на Фејсбук.

Исчезнувањето било пријавено во полиција во Истанбул, а известени се и Генералниот конзулат на БиХ во Истанбул, како и Амбасадата на БиХ во Анкара. По неколкудневна потрага во Истанбул, сопругата се вратила во БиХ и случајот го пријавила во полицијата во Високо.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон, Самир Валентиќ, за медиумите изјавил дека Санела Буриќ денеска се јавила во полиција и ја известила дека Амбасадата на БиХ во Анкара ја известила дека Енвер е пронајден. „Тој моментално се наоѓа во центар за депортација и наскоро ќе замине во БиХ“, рече Валентиќ. Засега не се познати околностите на исчезнувањето.

„Парни ваљак“ ги најави првиот концерт од турнејата по повод 50 години постоење

Хрватската рок група „Парни ваљак“ најави дека на 14 февруари во салата Грипе во Сплит ќе ја започне својата голема турнеја „50“, во чии рамки ќе одржи концерт и на 29 ноември во Загребската Арена.

„Во годината во која славиме 50 години активност, преку концерти ќе споделиме со вас сè што заедно сме создале низ децениите, како и нашето ново поглавје“, стои на официјалниот Фејсбук профил.

Од Парни ваљак било истакнато дека Загреб е нивната појдовна точка, и дека секој настап во нивниот роден град има посебно значење за нив.

Предводени од авторот и гитарист Хусеин Хасанефендиќ Хус и пејачот Аки Рахимовски (1955-2022), Парни ваљак, со бројни промени во составот, сними хитови како „Јесен у мени“, „Ухвати ритам“, „Неда“, „Заставе“ и други.

По смртта на Рахимовски, Парни ваљак продолжи да работи со новиот пејач, Игор Дрвенкар, со кого досега имаат издадено неколку синглови, од кои последен е неодамнешниот „Откад те не видам често“.

Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп

Извршниот директор на ТикТок, Џоу Зи Чу, се очекува да присуствува и да седне на главната маса за време на инаугурацијата.

Платформата ТикТок во сопственост на кинеската компанија ByteDance ќе одвои 50.000 долари за инаугурациска забава во чест на влијателни луѓе кои му помогнале на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги шири пораките од неговата кампања, објави Политико.

Извршниот директор на ТикТок, Џоу Зи Чу, се очекува да присуствува и да седне на главната маса за време на инаугурацијата.

„Тик Ток не е партиска платформа, туку јавен пазар за слободен говор… посветен на слободна и фер размена на идеи“, рече организаторот на настанот и копретседател на Младинскиот совет на Републиканскиот национален комитет, Си Џеј Пирсон. /МИА

притисни ентер