Еден потег открива дека здравствената состојба на Кејт Мидлтон е многу полоша - Канал 5

Еден потег открива дека здравствената состојба на Кејт Мидлтон е многу полоша

Кејт Мидлтон беше единствената отсутна вчера на еден од најважните настани на кралското семејство.

Еден потег открива дека здравствената состојба на Кејт Мидлтон е многу полоша

Имено, членовите на британското кралско семејство беа домаќини на многу важни пригоди во Бакингемската палата, а принцезата од Велс беше единствената која не присуствуваше на настанот кога се во прашање сите најважни личности од британската монархија, објави ABC News.

Кралот Чарлс III, кралицата Камила и принцот Вилијам беа домаќини на дипломатски прием во Бакингемската палата, каде што се дружеа со „претставниците на земјите акредитирани во Судот на Св. Џејмс“, изјавија претставници на палатата.

Камила носеше дијадема од аквамарин на приемот што се одржа во државните соби на палатата.

Кејт, која во март објави дека ѝ е дијагностициран рак, не присуствуваше на приемот, иако веќе беше најавено дека принцезата постепено ќе се враќа на јавните обврски. Причината за нејзиното отсуство не е позната.

Во септември, 42-годишната принцеза преку видео порака објави дека завршила со хемотерапија и дека сега е фокусирана на тоа да не се врати ракот. Во октомври, таа присуствуваше на својот прв јавен ангажман откако ја објави дијагнозата, кога му се придружи на Вилијам во Саутемптон, Англија.

Кејт не откри каков вид на рак ѝ е дијагностициран, ниту детали за нејзиното лекување, освен што рече дека подлегнала на „превентивна хемотерапија“.

Минатиот викенд Кејт му се придружи на кралското семејство на Фестивалот на сеќавањето и споменот во Лондон.

Палатата Кенсингтон минатата недела објави дека Кејт повторно ќе биде домаќин на нејзиниот концерт „Together at Christmas Carol Service“ во Вестминстерската опатија. Овогодинешниот концерт ќе се одржи на 6 декември и ќе се емитува во Велика Британија на Бадник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Калимеро, Македонија и ЕУ – Нема правда...

Оваа уметничка акција и скулптурата на Калимеро имаат цел да нѐ потсетат на две различни, но тесно поврзани неправди.

Калимеро, Македонија и ЕУ – Нема правда...

Од една страна, Калимеро гласно зборува за Македонија, која со години се соочува со бројни неправди и блокади на патот кон Европската Унија. Но, од друга страна, истиот тој Калимеро не може, а да не констатира дека, иако можеби за Македонија нема правда во процесот на европската интеграција, правда нема ниту во самата Македонија.

Недоволното владеење на правото, корупцијата, нефункционалното судство и слабите институции се меѓу клучните забелешки што Европската Унија со години ги упатува кон државата која е заглавена на својот пат кон ЕУ. Токму затоа Калимеро гласно се спротивставува на ваквата состојба и потсетува дека без правда нема ниту достоинствен живот, ниту европска иднина.

Во одередна смисла, Калимеро всушност го претставува обичниот граѓанин на Македонија кој секојдневно се соочува со неправди – од бавно и неефикасно судство, преку корупција, до проблемите во здравството, образованието и јавната администрација места каде владее неправдата против која Калимеро се бори. Затоа пораката на оваа акција е едноставна: сите ние сме Калимеро. Со години ја бараме правдата, а сѐ почесто останува чувството дека за обичниот граѓанин таа е недостижна. Или, едноставно, како што би рекол Калимеро – „Нема правда!“

Преку оваа уметничка интервенција сакаме да поттикнеме јавна дебата за тоа дали правдата ќе остане само ветување или конечно ќе стане реалност – и во македонските институции, но и во односот на Европската Унија кон Македонија. Во спротивно, како и Калимеро кој на крајот секогаш некаде заминува, сѐ повеќе македонски граѓани ќе бидат принудени среќата, достоинството и правдата да ги бараат надвор од сопствената држава.

Акцијата е поставена на плоштадчето кај Ким на прва партизанска и е дело на групата Урбани уметнички акции

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важи

Марсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.

Видео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важи

Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден.

Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди!

Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен.

Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд.

Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд.

Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк.

Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња.

Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.

Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. 

Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.

Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест.

Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест.

Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули.

Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега.

„Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“.

Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето.

Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер