Еден пар купил црква и ја претворил во куќа: Не ги загрижува дали е проколната! (видео) - Канал 5

Еден пар купил црква и ја претворил во куќа: Не ги загрижува дали е проколната! (видео)

Кога ја купиле црквата, во неа сè уште имало клупи, олтар и проповедалница.

Еден пар купил црква и ја претворил во куќа: Не ги загрижува дали е проколната! (видео)

Потрагата по совршена куќа најчесто е исцрпувачка, бара многу време и уште повеќе пари. Еден пар стана популарен на социјалните мрежи откако објави дека наместо куќа купиле стара црква, која решиле да ја реновираат и да ја претворат во нивен топол дом. Трансформацијата на старата црква во дом од соништата е прикажана во серија од видеа што ги споделуваат на Тикток, а кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.

Влијание на минатото

Црквата, изградена во 1973 година, се наоѓа на земјиште од три хектари, а кога ја купиле сè уште имала клупи, олтар и амвон. Како што објаснува оваа брачна двојка, тие се одлучиле за црквата поради прекрасните спомени што ги имале жителите на ова село од ова светилиште.

Од локалните жители, оваа двојка слушнала трогателни приказни поврзани со венчавките во оваа црква, а тоа им бил дополнителен мотив за да ѝ вдахнат нов живот. Целиот објект е на површина од 4.000 квадрати и, како и секоја друга црква, има камбанарија. Многумина од корисниците на оваа социјална мрежа изразиле страв дека црквата може да е опседната, но брачната двојка тврди дека тоа не ги загрижува, бидејќи за разлика од други слични светилишта, оваа нема гробишта во дворот, пишува британски Сан.

За да ја претворат црквата во дом, парот вложил многу труд. Година и пол по купувањето, тие сè уште не го завршиле реновирањето. Сепак, направиле голем чекор, ги бојадисале ѕидовите, поставиле плочки на подот и ја преградиле, така што сега имаат пет спални соби и три бањи.

Парот одлучил нивниот дом да биде во црно-бел стил, додавајќи бел мебел со црни рачки. Тие исто така поставиле огромен туш обложен со прекрасен сив камен. Долниот кат е огромен и е отворен со голем шанк во кујната и прекрасно осветлување што виси од таванот. Исто така, тие направиле посебен простор за скара, кој е совршен за топлите летни ноќи.

Реакции на мрежите

Корисниците на Tикток брзо почнаа да ги споделуваат своите впечатоци од реновирањето.

- Леле! Ова е поубаво отколку што можев да замислам.

- Никогаш не би помислила дека црква може да биде добра основа за изградба на куќа од соништата.

- Сакам огромен отворен простор, така што ова е феноменално за мене.

- Не можам ни да замислам колку чини сето ова. Се надевам дека поголемиот дел од работата сами ја завршиле и заштедиле барем малку.

- Сè ми се чини дека оваа црква е проколната! Не би ни спиела таму, а камоли да живеам.

-Сето ова е малку тажно. Службите и духовната работа што луѓето ја вршеле во таа црква, а потоа ја оставиле – беа само дел од коментарите на објавите на оваа двојка.

@bb_acres Lets reminisce shall we? 👌🏼🎉⛪️🔜🏡 #churchintohome #dreamhomeloading #fyp #diy #homereno #modivation #renojourney #homesweethome #bbacres #beforeandafter #renotransformation ♬ Chill Vibes - Tollan Kim

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.

!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал.

Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

Добринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени

Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела.

„Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB.

Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди.

Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена.

„Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот.

Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна.

Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање.

Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање.

Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија.

Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало.

Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ со реација откако претседателот на Казахстан го шокира Путин (ВИДЕО)

Кремљ го отфрли предлогот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев Русија и Украина да ја замрзнат војната и да се вратат на преговорите. 

Кремљ со реација откако претседателот на Казахстан го шокира Путин (ВИДЕО)

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, „со оглед на ставот на Киев, замрзнувањето како такво е невозможно“.

„Постои главен услов за нас, ние мора да ги постигнеме нашите цели“, рече Песков, одговарајќи на предлогот на Токаев даден за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Омск.

На прашањето како Путин реагирал на зборовите на казахстанскиот претседател, Песков одговори дека тој детално му го опишал текот на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

„Секако дека реагираше. Детално му кажа сè за специјалната воена операција“, изјави Песков за Интерфакс.

Токаев му го предложи „Истанбул 2.0“ на Путин

Токаев го презентираше предлогот во саботата, додека учествуваше со Путин на 22-от Форум за меѓурегионална соработка меѓу Русија и Казахстан во сибирскиот град Омск.

„Ако можам да го изразам моето скромно мислење, бидејќи ме прашаа, можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се вратиме на Истанбулската формула 2.0“, рече Токаев, што, како што може да се види на снимката, доста го шокираше Путин.

Претседателот на Казахстан рече дека со безбедносни гаранции од големите сили, вклучително и Русија, би било можно да се оди кон мир.

„Ова мора да се запре“, рече Токаев, додавајќи дека млади Руси и Украинци умираат во војната и дека конфликтот им користи на противниците на двете земји. Тој исто така нагласи дека не сака да биде посредник меѓу Москва и Киев.

Русија и Украина одржаа разговори во Истанбул кратко време по почетокот на руската инвазија во 2022 година, а разговорите беа повторно одржани во 2025 година, но без договор за прекин на војната.

Песков тврди дека борбите би можеле да престанат веднаш

Песков тврди дека борбите би можеле да престанат „до крајот на денот“ ако Киев ги прифати руските услови. Тој додаде дека овие услови беа изнесени пред две години во говорот на Путин во руското Министерство за надворешни работи.

Русија бара украинските сили целосно да се повлечат од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за дел од Русија, и Украина јавно да се откаже од својата намера да се приклучи на НАТО. Киев ги отфрла овие барања и смета дека анексијата на украинските територии од страна на Русија е нелегална.

Песков подоцна изјави дека ставот на Токаев за Украина е конзистентен, но дека тоа не значи дека Москва се согласува со него. Тој го нарече Казахстан еден од најблиските партнери и сојузници на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер