Еден од најпродаваните мали автомобили на светот доаѓа во ново издание (ФОТО) - Канал 5

Еден од најпродаваните мали автомобили на светот доаѓа во ново издание (ФОТО)

Верувале или не, Toyota Yaris е на пазарот веќе 25 години, а досега се продадени над 10 милиони примероци.

Еден од најпродаваните мали автомобили на светот доаѓа во ново издание (ФОТО)

На сцената е четвртата генерација, која сега е темелно реновирана, сѐ со цел да се одржи исклучително високата стапка на продажба на европскиот пазар. Покрај подобрената безбедност, автомобилот доби и подобрена инфозабава, како и нови хибридни опции.

Најголемата новина е верзијата Hybrid 130 со уште помоќен хибриден погон. Овој е исто така базиран на 1,5 бензински мотор, но има посилен електричен мотор и инсталиран нов софтвер. Комбинираната испорака вклучува максимални 130 КС, но и драстичен скок на вртежниот момент од 141 на 185 Nm.

Од Toyota велат дека тоа најмногу се забележува при претекнувањето, кога средното забрзување од 80 до 120 km/h трае 7,5 секунди. Забрзувањето до 100 km/h се скратува за половина секунда, на 9,2 секунди. Во исто време, хибридните верзии ќе бидат понудени во пакетите со опрема GR Sport и Premiere Edition на местото на врвната верзија, која вклучува уникатна сина нијанса со црн покрив, 17-инчни бандажи и сини детали во кабината.

Подобрената безбедност вклучува понапреден систем за откривање опасност кој сега ги препознава мотоциклистите покрај автомобилите, пешаците и велосипедистите. Подобрени се и други системи за помош. На пример, Proactive Driving Assist вклучува автоматско забавување во свиоци и маневар за избегнување пречки.

Пристигна и новата инфозабава, сега со дигитален приспособлив кокпит и различни големини на екранот.

Обновениот Yaris ќе биде достапен за нарачка во јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини објави секси видео и ги „сруши“ социјалните мрежи

Холивудската убавица, сексапилната актерка Синди Свини повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи. 

Фото: Сидни Свини објави секси видео и ги „сруши“ социјалните мрежи

Позната по своите бујни облини и цврсти гради, актерката Сидни Свини ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со својата најнова објава.

Таа на Инстаграм направи – па, да речеме – жешка промоција на својот бренд за долна облека „Syrn“.

Ја немаше подолго време, а потоа се појави на социјалните мрежи и ја „запали'“ јавноста на Инстаграм со едно жешко видео.

Таа објави видео во бело чипкасто боди од нејзината најнова колекција, а вниманието на јавноста го привлекоа нејзините провокативни пози што ја разгореа имагинацијата на многумина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 години

Мегапопуларната водителка и членка на светски познато музичко шоу, 55-годишната Аманда Холден со години плени со својот изглед на малите екрани, но и на социјалните мрежи, а нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема.

Фото Атрактивната водителка „гори“ во бикини,таа е секс-бомба и има 55 години

Водителката Аманда Холден често воодушевува со својата прекрасна фигура и смели модни изданија. Со почетокот на летото, Аманда ужива да носи бикини и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи.

Во интервју за „Дејли мејл“, водителката ја откри и „својата тајна“, со оглед на тоа што, секогаш кога ќе ја видат, сите прашуваат само едно – како е можно да изгледа толку добро во својата шеста деценија.

Како што самата истакна, таа го следи советот на Елизабет Харли за еден квалитетен оброк дневно. За појадок обично јаде омлет од белки со спанаќ, фета-сирење и авокадо, пие зелен сок, а потоа не јаде ништо сè до вечерата.

„Јас сум вегетаријанка, па мислам дека веројатно затоа сум прилично здрава; ја сакам храната и го сакам алкохолот, особено Аперол во вакво време“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Ефикасни мерки за одржување на јавната чистота во Карпош

Инспекциските служби од Општина Карпош презедоа акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. 

О. Карпош: Ефикасни мерки за одржување на јавната чистота  во Карпош

Оваа иницијатива произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства.

За време на акцијата, дежурните инспекциските служби кои работеа во две смени, вршеа контроли на повеќе критични локации низ општината, кои во оваа ситуација ги следеа активностите поврзани со одлагањето на кабастиот отпад, како и постапките за почитување на законските надлежности.

Со присуството на инспекциските служби на теренот низ општина Карпош се овозможи навремено постапување, а во случаите во кои беше забележано неправилно постапување на одложениот отпад, на правните односно на физичките лица им беа изречени прекршочни мерки. Оттука, во текот на месец мај и јуни беа изречени околу 30 казни за граѓаните кои не се придржувале кон пропишаните правила. Самата постапка говори за позитивниот ефект и придонесот за подобрување на фактичката состојбата со регуларното одлагање на отпадот.

Во таа насока, Општина Карпош ќе продолжи со ваквите активности и во наредниот период, кои директно се насочени кон зачувување на животната средина и унапредување на јавната хигена во интерес на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер