3Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите
Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
ТехнологијаЕден од четворица граѓани во ЕУ избегнува откривање лични податоци на социјалните мрежиЕден од четворица граѓани во ЕУ избегнува откривање лични податоци на социјалните мрежи поради безбедност, покажува истражувањето на Еуростат за употребата на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата и кај поединци во 2019 година.Околу 44 проценти од граѓаните во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години рекле дека ги ограничиле своите приватни активности на интернет во последните 12 месеци поради загриженост за безбедноста. Генерално стравот од злоупотреби при користење на информатичко-комуникациските технологии е поголем кај западните земји, додека жителите од регионот и Источна Европа се порелаксирани во однос на опасноста на Интернет. Автоцензурата поради страв од злоупотреби и измами на интернет кај поединците е најчеста кога од нив се бара да откријат лични информации на социјалните или професионални мрежи. Според истражувањето Македонците се највоздржани кога станува збор за нарачки и купување преку интернет, при што 19 проценти рекле дека избегнуваат онлајн пазарување поради страв од измами, но затоа само на четири отсто тоа им пречи кога преземаат софтвер, апликации, музика, видео, игри или други податоци од интернет. Додека еден од десет жители на нашата земја рекол дека поради страв од злоупотреба не користи интернет-банкарство и јавна ви-фи мрежа и не открива лични информации на социјални или професионални мрежи, во Германија еден од пет жители не користи интернет-банкарство, а еден од тројца жители на Холандија се плаши да користи јавна ви-фи мрежа. Франција, Холандија и Шпанија најзагрижени, Бугарија, Хрватска и Полска најрелаксирани на интернет Според истражувањето на ниво на ЕУ, луѓето на интернет најмногу се воздржуваат или избегнуваат да откриваат лични информации на социјални или професионални мрежи поради страв од злоупотреба. Втора најчесто избегнувана активност поради страв од безбезбедносни проблеми е користење јавна ви-фи мрежа, по што следува преземање софтвер, апликации, музика, видео, игри или други податоци, онлајн пазарување и интернет-банкарство. Најмногу исплашени од користење интернет преку јавна ви-фи мрежа се жителите на Холандија – 37 проценти, Шпанија – 29 отсто и Франција – 25 проценти, додека повторно најопуштени се жителите на Бугарија и Хрватска по три отсто и на Грција – четири проценти. На ниво на ЕУ просекот изнесува 19 проценти. Највоздржани од откривање лични информации на социјални или професионални мрежи поради страв од злоупотреба се жителите на Франција – 40 отсто, Холандија – 39 проценти и Финска – 37 отсто, додека најопуштени при користење интернет на социјални или професионални мрежи се жителите на Литванија – шест проценти, Бугарија – осум отсто и Хрватска – 9 проценти. На ниво на ЕУ просекот изнесува 25 проценти. Од користење интернет-банкарство највоздржани се жителите на Германија – 21 отсто, Шпанија – 20 проценти и Чешка – 18 отсто, додека најмалку загрижени за вакви измами се жителите на Бугарија – два проценти, Летонија – три проценти и Хрватска – четири отсто. Чесите се најмногу загрижени за безбедносни измами од сите активности на интернет кога користат интернет-банкарство, додека на ниво на ЕУ тоа изнесува 13 проценти. Најмногу страв од злоупотреби при нарачка или купување преку интернет генерално имаат жителите од Западна Европа, каде што тоа го загрижува еден од четворица граѓани, додека во Источна Европа и регионот само еден од десет граѓани. Онлајн пазарување избегнуваат 30 проценти од жителите на Франција, 25 отсто во Шведска и 24 проценти од жителите на Шпанија, наспроти три проценти од жителите на Бугарија, седум отсто од жителите на Полска и осум проценти од жителите на Унгарија. Од преземање софтвер, апликации, музика, видео, игри или други податоци од интернет најмногу биле воздржани жителите на Финска – 38 проценти, Шпанија – 28 отсто и Холандија – 27 проценти, а најслободни за вакво користење на интернетот биле жителите на Бугарија и на Полска со по три проценти и на Хрватска со четири отсто. Просекот на ниво на ЕУ е 17 проценти и е трета најчеста причина за загриженост за својата безбедност на интернет. Најчести безбедносни проблеми на интернет се фишинг и фарминг Еден процент од жителите во ЕУ (два отсто од тие што користеле интернет во последните 12 месеци) имале финансиски загуби како резултат на кражба на лични податоци, лажни пораки или пренасочување кон лажни интернет-страници, покажуваат информациите објавени од Еуростат. Во 2019 година 34 проценти од жителите во ЕУ пријавиле дека имале безбедносни проблеми преку користење интернет за приватни потреби во изминатите 12 месеци. Најмногу или 26 отсто од луѓето во ЕУ пријавиле дека добиле лажни пораки, со кои се барало да дадат приватни информации, како што се корисничко име и лозинка за пристап до нивната електронска пошта или веб-страници за електронско банкарство – фишинг. Најчести жртви на фишинг биле жителите на Норвешка – 59 проценти, Данска – 45 отсто и Франција – 39 проценти. Кај нас жртви на фишинг биле осум проценти од корисниците на интернет. Вкупно 13 проценти од луѓето во ЕУ биле пренасочени кон лажни интернет-страници на кои се барало да внесат свои лични информации – фарминг. Најмногу жителите на Норвешка – 30 отсто, Малта – 26 проценти и Велика Британија – 25 отсто. Најмалку вакви проблеми пријавиле жителите на Бугарија – два проценти, Летонија – три отсто и Чешка – четири проценти. Кај нас жртви на фарминг биле седум отсто од корисниците на интернет. Други проблеми поврзани со безбедноста на интернет, според истражувањето, се измами со лажно користење кредитни или дебитни картички – три проценти, губење документи поради компјутерски вирус – три отсто и хакирање електронска пошта или социјална мрежа – 2 проценти. Еден процент од жителите на ЕУ рекле дека поради онлајн крадење на идентитетот или злоупотреба на лични информации на интернет биле жртви на дискриминација, навреди или мобинг. Истражувањето на Еуростат за употребата на интернет и комуникациски технологии во домаќинствата и луѓето е спроведено во втората половина на 2019 година. Со истражувањето се опфатени лица на возраст од 16 до 74 години и се однесува на безбедносни проблеми со користење интернет преку кој било уред, како што е десктоп-компјутер, лаптоп, паметен телефон или друг уред. Според истражувањето, Македонците најмногу, или 68 проценти, го користат интернет за социјални мрежи, додека просекот во ЕУ е 57 отсто. Околу 65 отсто од испитаниците рекле дека интернетот го користат за телефонирање или видеоразговори, а 45 проценти за добивање здравствени информации. Најмалку 15 отсто рекле дека го користат интернетот за онлајн банкарство, додека тој просекот во ЕУ е 59 проценти. Најмногу електронско банкарство или над 90 проценти користат граѓаните на Норвешка, Данска, Холандија и на Финска./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БалканУапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организацијаПоранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација.Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација, објави денес обвинителството во Истанбул. Според документот на обвинителството, Каја е осомничена дека имала информации што можеле да влијаат на цената на акциите на „Озата Денизчилик“, објави „Анадолу“. Истражителите изјавија дека поранешната министерка ги купила акциите на компанијата во април 2026 година и ги продала на 16 септември, денот пред одлуката за ликвидација на средствата. Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден, наместо парите да бидат исплатени во вообичаените два работни дена. Поранешниот претседател на Одборот на пазарите на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијаш Каја беа ослободени под мерки на судски надзор, кои вклучуваат редовно пријавување кај властите и забрана за патување.Тагови: министерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)Џенифер Лопез избра костим од Барбарела за овогодинешниот Ноќ на вештерките, ликот што Џејн Фонда го играше во истоимениот филм од 1968 година. За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв. Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар. Најсветлата нијанса досега Иако Ноќта на вештерките заврши, се чини дека Лопез сè уште не е подготвена да се збогува со својот нов изглед. Нејзиниот фризер Крис Аплтон објави претходно невидени фотографии на Инстаграм на кои пејачката е речиси непрепознатлива. View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) На фотографиите, Лопез позира целосно гола, а посебно внимание привлекува нејзината екстремно светла руса коса, најсветлата нијанса што некогаш ја носела. „Бомбастични боцки“, напиша Аплтон во описот на објавата, алудирајќи на Барбарела и нејзиниот костим. Тој ја обликуваше нејзината коса во луксузни, волуменозни кадрици, со дополнителен волумен нагласен на темето. Фризерот одговорен за бројни трансформации Аплтон стои зад многу фризури на Џенифер Лопез, вклучувајќи го и нејзиното неодамнешно „фенирање од милион долари“. Станува збор за луксузно стилизирана коса со костенливи прамени и шишки што го врамуваат лицето. @jlo Her specialty is LOVE ❤️ Barbarella 🚀 Happy Halloween everybody! ♬ original sound - JLO View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) Перика или трајна промена? Дали Лопез ќе ја задржи новата боја на косата сè уште не е познато. Не е ни јасно дали носи перика на фотографиите. Имено, Аплтон е позната по големите трансформации на изгледот на неговите познати клиенти, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и самата Џенифер Лопез. Затоа, останува да се види дали ова е потрајна промена или само привремен експеримент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаСДСМ: Ширење паника или паника кај МицкоскиМицкоски сега ја обвинува опозицијата за ширење паника.Како шири паника СДСМ кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Дали СДСМ ширеше паника во Европа и во Црна Гора каде што е одбиена оваа банка и забранет е велз на нејзиниот сопственик? Дали СДСМ ширеше паника во Србија каде што се отворени истраги за криминал, каде е приведен Мацура и прогласен стечај на Алта банка? Прашањето е едноставно, дали СДСМ ширеше паника во Европа, Црна Гора, Србија или Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија? Еве ја хронологијата. Факти, не шпекулации. Во 2023 и 2024 Алта група на Давор Мацура се обидува да ја преземе Addiko банка во повеќе земји, вклучувајќи Црна Гора. Европската централна банка и австрискиот регулатор реагираат. Во август 2024 ECB привремено го суспендира правото на глас поради тајно заедничко дејствување. Во септември австрискиот регулатор изрекува санкција. Financial Times пишува за проверки околу потеклото на капиталот и контролите против перење пари. Формалниот сопственик е човек што до вчера држеше менувачница во Земун. Нема банкарско искуство. Има сомнежи за капиталот. Во октомври 2025 Централната банка на Црна Гора го одбива преземањето на Addiko. Гувернерката Ирена Радовиќ потврдува дека имало притисоци кога го одбиле планот. Мацура планирал по Addiko да влезе уште во две банки. Алта не добива банкарска дозвола во Црна Гора. Регулаторот вели: интегритетот на пазарот е поважен. Во истиот период, октомври 2025, Алта банка АД Белград ја купува Стопанска банка Битола со одобрение на НБРМ. 95 проценти од акциите. Покрај банката, Алта група во 2026 ги купува и ЗОИЛ Македонија АД Битола - 100 проценти од осигурителната компанија. Компанијата е преименувана во Алта осигурување АД Скопје. Владата на Мицкоски праќа укажување на јавни претпријатија да одлучат за преземање акции од страна на Алта банка. Мицкоски не само што ја турка банката во Македонија. Го турка и осигурувањето. Ја внесува целата група во Македонија. Во октомври 2026 Мацура е вратен од аеродром во Подгорица. Забранет му е влез во Црна Гора од причини на национална безбедност. По изборите во Србија паѓа СНС. Се појавуваат тврдења за големи одливи. На 30 и 31 октомври Народната банка на Србија ја одзема дозволата на Алта банка АД Белград. Се отвора стечај. Вучиќева гувернерка на Народната банка на Србија рече дека сè е во ред со банката, а веќе истата ноќ, во 2:30 часот по полноќ, ѝ беше одземена дозволата за работа. Српското Обвинителство отвора истрага. На 2 ноември е уапсен Мацура. Сомнеж дека изнел околу 380 милиони евра од трезорот - дел физички, дел преку фиктивно евидентирање. На 3 ноември судот формално отвора стечај. Во Македонија, гувернерот рече дека сè е во ред, а во рок од 24 часа беше воведена принудна управа во банката. На 1 ноември НБРМ воведува присилна управа над Алта банка АД Битола. Одредуваат лимити за граѓаните. Штедачите не можат да дојдат до своите пари. Вчера гувернерот на Народната банка на Македонија изјави дека токму Мицкоски бил тој што вршел притисок за дозволата. Значи: во Европа има санкции и суспензии. Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале. Во Србија има стечај, апсење и истрага за 380 милиони евра. Формалниот сопственик е човек од менувачница. Постојат сомнежи за потеклото на капиталот. И покрај сето тоа, Мицкоски врши притисок за дозвола и ја внесува банката во Македонија. Го внесува и осигурувањето. Ја внесува целата Вучиќева пералница на пари од криминал и корупција. Ја внесува со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Сега, кога сè се одмотува, Мицкоски ја обвинува опозицијата за ширење паника. Не ширевме паника во Европа. Не ширевме паника во Црна Гора. Не ширевме паника во Србија. Фактите се на виделина. Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара. Затоа што знае дека документите и трансакциите се тука. Затоа што знае дека не може да се сокрие кој вршел притисок. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Паниката е кај Мицкоски. Вистината е во документите. Мицкоски мора да одговара!, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00