3Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
ЗабаваЕден маж се изгубил планинарејќи: 24 часа го барал патот и ги игнорирал телефонските повици Несекојдневна приказна која звучи како сценарио за комедија, иако во тој момент на овој човек не му било до смеење.Маж се изгубил на највисоката планина во американската сојузна држава Колорадо, планината Елберт, поминал 24 часа талкајќи пред да го најде патот за назад. Необичната приказна се случи во 2021 година, но повторно стана популарна на социјалните мрежи. Неговото планинарење ретко кој би го заборавил. - Овој човек 24 часа упорно ги игнорираше повторените телефонски повици од спасувачките екипи, бидејќи тие доаѓале од непознат број, па поради тоа не сакал да одговори - соопштиле локалните власти. Планинарот бил пријавен за исчезнат на 18 октомври околу 20 часот, откако не се вратил во своето сместување. Тимот за потрага и спасување на округот Лејк се обидел да стапи во контакт со него повеќе пати преку повици, пораки и говорна пошта, но одговор немало. Спасувачката екипа од 5 члена тргнала да го бара на потенцијалните локации на планината висока 4.401 метар, но околу 3 часот по полноќ се вратиле со празни раце. Следното утро, нов тим тргнал да го бара на места каде што планинарите обично ја губеле патеката. Во меѓувреме, околу 9:30 часот, мажот сам се вратил во своето сместување. Планинарот подоцна изјавил дека се изгубил во темнината и лутал по различни патеки обидувајќи се да го најде вистинскиот пат, пред да стигне до својот автомобил следното утро, речиси 24 часа по започнатото планинарење. Тој исто така изјавил дека немал поим оти некој го барал. - Важен заклучок од оваа ситуација е дека лицето ги игнорирало нашите повторени повици бидејќи не ги препознавал броевите. Ако доцните според вашиот план и почнете да добивате повторени повици од непознат број, ве молиме одговорете, можеби спасувачкиот тим се обидува да потврди дека сте безбедни - се наведува во соопштението на спасувачкиот тим. Потрагата траела повеќе од 32 часа и предизвика бура реакции во јавноста откако беше откриено дека планинарот ги игнорирал спасувачите. Многумина остро го критикуваа, додека спасувачката екипа преку објава на Фејсбук апелираше за разбирање. - Имајте на ум дека она што делува логично откако ќе се реши ситуацијата, не е очигледно за лицето кое е изгубено и испаничено во моментот. Во Колорадо повеќето луѓе имаат добра свест за спасувачката инфраструктура, но тоа не е случај во целата земја – заклучиле спасувачите. Hiker lost for 24 hours ignored calls from rescuers because of unknown number https://t.co/ik9b7wWTIt pic.twitter.com/9sJTU1pRYS — New York Post (@nypost) October 25, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ФудбалВидео: Изведе аут како корнерФудбалер од Иран изведе неверојатен аут, топката леташе цели 45 метри, неговата техника го претвори во интернет-сензација.Иранскиот фудбалер Надер Мохамади (29) повторно го привлече вниманието со својата необична техника на изведување аут. За време на натпреварот од руската Прва лига против Уфа, дефанзивецот на Спартак Кострома изведе аут со салто, исфрлајќи ја топката на импресивни 45,6 метри. Според податоците од руската аналитичка платформа „RuStat“, ова е најдолгиот измерен аут забележан во руската Премиер лига и Прва лига откако започнало следењето на овие податоци во 2021 година. Топката се искачи речиси 11 метри во височина Спартак Кострома и Уфа одиграа нерешено 1:1 во понеделникот, во рамките на шестото коло од руската Прва лига, а еден од најинтересните моменти на натпреварот не беше гол. 🤯🇮🇷🇷🇺Spartak Kostroma’s Nader Mohammadi launched a stunning 45.6m throw-in against Ufa! 🚀 The ball travelled 51.6m and reached a peak height of 10.8m — the longest throw-in recorded by an RPL or FNL player since RuStat began tracking the data in 2021. pic.twitter.com/xyGKZi1G5r — EF (@EURASIAFOOTBALL) August 18, 2026 „RuStat“ го измери аутот на Мохамади на растојание од 45,6 метри. Вкупната патека на движење на топката изнесуваше 51,6 метри, при што таа достигна максимална висина од 10,8 метри. Со овој потег, иранскиот фудбалер постави рекорд во базата на податоци на „RuStat“ за двете највисоки нивоа на рускиот фудбал. Истовремено, Мохамади не ја искористи класичната техника на залет. При изведувањето, тој се потпре на топката, направи салто нанапред и ја искористи силата на ротацијата за да ја фрли што е можно подалеку. За Мохамади, ова не е само потег смислен за да го привлече вниманието на публиката. Откако запиша асистенција на натпреварот против СКА-Хабаровск, тој објасни дека со години вежбал ваков начин на изведување аут. „Како дете се занимавав со гимнастика. Уште од млади години го вежбам ова изведување аут со салто“, изјави Иранецот за „Чемпионат“.Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКлековски: Денеска детални резултати од контролата на прскањето против комарциДенеска ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше синоќа министерот за здравство Сашо Клековски.Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во грција се регистрирани во подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата на тоа што општините направиле во врска со прскањето. Потенцира дека не може јасно да се воспостави директна врска меѓу бројот на случаи на западнонилска треска и бројот на прскања во општините. Клековски нагласи дека првиот случај на западнонилска треска во земјава е регистриран во 2011 година, а досега се регистрирани 54 случаи. Посочи дека имало и случаи кај мали деца со воспаление на мозокот, додека најголем ризик од смртен исход има кај лицата над 60 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитичка криза во Украина, на удар и претседателот Зеленски Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето.Неодамна разрешениот украински министер за одбрана, Михаило Федоров, повика на одржување избори во време на војна, наведувајќи дека земјата се соочува со криза во управувањето – што претставува најголем внатрешен предизвик за украинскиот претседател Володимир Зеленски од 2022 година наваму. Триесет и петгодишниот Фјодоров беше долгогодишен сојузник на Зеленски сè до неговата неочекувана оставка од Министерството за одбрана во јули – само шест месеци по неговото назначување и ветувањето за спроведување темелни реформи. BREAKING: Former Ukrainian Defense Minister Mykhailo Fedorov called for restoring elections even during a prolonged war, saying Ukraine must find a “legal, safe and realistic mechanism” to resume the democratic process. He argued that “democracy cannot be held hostage by Russia”… pic.twitter.com/gb19llnI6R — Clash Report (@clashreport) August 18, 2026 „Демократијата не смее да биде заложник на Русија. Мораме да најдеме правен, безбеден и реален механизам што ќе ѝ овозможи на Украина да го обнови целосниот демократски процес, дури и во услови на долготрајна војна“, изјави Фјодоров. Во она што изгледаше како отворен предизвик упатен кон Зеленски, Федоров изјави дека Украина се соочува со „системска криза на управувањето“. „Стариот систем пречесто живее според сопствени правила. Тој се штити себеси. Се плаши од промени“, рече тој. Законот во Украина забранува одржување избори за време на воена состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00