Еден лекар предупредува дека погрешно ги користиме капките за нос (видео)

Еве која грешка најчесто ја правиме и го поништуваме дејството на лекот...

Еден доктор кој на Тик Ток се претставува како [email protected] вели дека повеќето луѓе го користат спрејот за нос сосема погрешно. Тие ќе го вметнат апликаторот во ноздрата и ќе притиснат, а така лекот завршува во горните носни канали од каде истекува како последица на гравитацијата пред да почне да делува.

Покрај тоа, повеќето луѓе ја навалуваат главата наназад за време на нанесувањето, што исто така е погрешно, бидејќи синусите се на страна, под окото, а не горе. Наместо тоа, овој лекар препорачува да ја спуштите брадата и да го свртете апликаторот на страна, така што спрејот би доспеал до синусните канали. На овој начин, спрејот ќе се задржи во каналите и ќе имате доволно време да делува.

Лекарот кажа и кои три знаци укажуваат на тоа дека не сте го нанеле правилно спрејот.

-спрејот или лекот не делуваат

-имате назална иритација што може да доведе до крварење

-го чувствувате спрејот во устата

Според него, не вдишувајте длабоко по нанесувањето бидејќи течноста ќе ви се слее во грлото и ќе го проголтате лекот. Наместо тоа, вдишувајте кратко за лекот да се задржи во синусните канали.

Дозирана употреба

Како што предупредија лекарите, оптималната употреба на спреј за нос е помеѓу три и четири дена, најмногу седум дена. Сè што е надвор од овој период може да доведе до медикаментозен ринитис и наместо заздравување, се јавуваат контра-ефект, кога поголемите дози од спрејот предизвикуваат несакана реакција.

Затоа е важно спрејот за нос да се користи дозирано, а за запушен нос да се применуваат алтернативни методи, како што е инхалација или испирање со солен раствор.

Исто така, треба да се грижите за составот на спрејот поради неговата комбинација со други лекови што ги користите, што може да предизвика несакани ефекти. Затоа, консултирајте се со вашиот фармацевт пред да го купите спрејот и проверете со него дали можете да го користите со редовната терапија пропишана од вашиот лекар.

@dr.foodallergy #stitch with @youraveragetechbro #allergies ♬ original sound - Doc Allergies

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер