Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
1Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЖивотЕден корисник на Редит го објави своето необично откритие(фото)Еве што всушност видел корисникот на Редит кој објави дека здогледал мистериозна врата на Антарктикот со помош на мапа на Гугл! Еден корисник на Редит го објави своето необично откритие, и ги сподели координатите за луѓето сами да се уверат во неговата приказна, меѓутоа, со детална анализа беше утврдено дека не станува збор за никаков натприроден феномен. Необичното откритие на Google Maps предизвика бурни реакции на Интернет, а беше проследено и со бројни теории на заговор и необични тврдења. Сè започна кога еден корисник на Редит ги објави координатите за мистериозниот „влез“ на Антарктикот, предизвикувајќи лавина коментари и шпекулации. Овој необичен феномен сместен на снежната падина во источниот дел на континентот изгледа како масивна врата, која многумина наведе да се запрашаат за нејзиното вистинско потекло. Корисникот кој го откри ова ги сподели координатите 69°00'50"S 39°36'22"E за сите заинтересирани да можат сами да ја видат локацијата. Иако во близина се наоѓа јапонската истражувачка станица Сјова, корисникот на Редит сугерирал дека „влезот“ е премногу далеку за да биде поврзан со базата. Ова беше доволно за набргу да се развијат теории на заговор, а многумина шпекулираа дека тоа би можело да биде влез во подземна база или скриен бункер. Објаснувања од експерти Меѓутоа, деталната анализа на наводната врата, на програмата Google Earth, покажува дека таа има многу гломазни димензии, широка е околу 30 метри, а во околината има доста предмети кои личат на неа, но не се врати. Massive door in Antarctica? 3/20/24 byu/realg00n inconspiracy И научниците брзо објаснија за што се работи. Професорката Битан Дејвис од Универзитетот во Њукасл ја истражила страницата користејќи Google Earth Pro, што ѝ овозможило да види историски слики и попрецизни податоци. - Тоа е област со морски мраз на источниот Антарктик, веднаш покрај брегот. Таму се наоѓаат голем број острови и водата е прилично плитка. Ова едноставно е санта мраз која се насукала и сега е заглавена, па полека се топи. Можете да видите многу други санти мраз во тоа подрачје. Ништо необично – додала таа, а за тоа пишуваше и LADbible. Нејзината теорија беше поддржана од професорот Мартин Зигерт, кој објасни дека формацијата „порта“ може да се создаде со природно струење на мразот околу цврста пречка, под влијание на топење и повторно замрзнување на мразот и силните ветрови. - Мразот овде е прилично тенок, за што сведочат и другите камени остатоци во близина. Тоа е интересна шема, но не е необична или чудна, објаснил Зигерт. Слично мислење изрази и професорот Џон Смели, вулканолог од Универзитетот во Лестер, кој даде свое стручно мислење за феноменот. - Ми изгледа како краток карпест гребен да е ископан со натрупување на мразот, формирајќи го „врвот“ на вратата. Снежните опашки од двете страни се показатели за правецот на ветерот во таа област. Така што, со добра фантазија може да се каже дека изгледаат како врати, но тоа е сосема природна појава - рекол Смели. Не се работи за мистична врата Со анализа на Google Earth, може да се воочи дека конструкцијата од фотографијата би изгледала како врата доколку би била фотографирана регуларно, односно хоризонтално - но таа не се гледа така. Се работи за сателитска фотографија, значи, гледана е одозгора. На пример, од сателитите се видливи само покривите на контејнерите во кои се сместени истражувачите во блиската јапонска локација Сјова. Со оглед на тоа што се работи за сателитски приказ, не можеме да процениме колку е големо ова нешто на фотографијата. Затоа програмата Google Earth има алатка со која може да се измерат димензиите на објектите. „Вратата“ за која станува збор е широка околу 33 метри и висока е повеќе од 70 метри - прилично голема за просторот што некој сака да го сокрие, а доколку би се отворила, се претпоставува дека би имало силен арктички провев. Покрај тоа, во близина на овој објект има стотици предмети слични на него - но со различна форма. Доколку во пребарувањето се внесат наведените координати (69 00 50 S 39 36 22 E), ќе се види дека има одреден број во близина на „спорниот“ објект. Всушност, станува збор за големи камења или мраз покриен со снег. Многу такви нерамнини на површината на Антарктикот може да се видат и во видеа на YouTube, како на пример она, на кое снимателот џогира во близина на истражувачката станица Сјова. Иако мистериозниот „влез“ на Антарктикот веќе е разоткриен како природен феномен, останува фактот дека ваквите откритија секогаш ја поттикнуваат имагинацијата и создаваат простор за забава и необични шпекулации кога станува збор за Антарктикот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
МакедонијаБорозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓанитеСекој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки само владата на Мицкоски не прави ништо. Цела година ги остави граѓаните сами, дозволи цените да отидат до плафон, затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата. Трошоците за живот за македонските граѓаните од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Во октомври синдикалната минимална кошничка е над 70.000 денари, а со кирија за стан од 60 квадратни метри изнесува скоро 90. 000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Македонскиот работникот работи цел месец, а платата не му стигнува да преживее затоа има најниска плата во Европа. Платите не ги следат поскапувањата. Стандардот е на ниво на една третина од стандардот во ЕУ. Не трета економија во Европа туку една третина. Економските истражувања покажуваат дека на Македонија би и требале 52 години за да го достигне просекот на Европската Унија во благосостојбата. Околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари. Арамијата Мицкоски го донесе народот до раб на преживување. Ја одби секоја мерка на СДСМ за помош на граѓаните. Одби 600 евра мининимална плата, ги одби мерките за заштита на животниот стандард. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. За 4 милијарди евра арамијата Мицкоски го зголеми долгот за само две години, колку половина од вкупниот долг во изминатите 30 години. Оваа сурова реалност е свесна одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Арамиски ја троши државнат каса. Трупа долг врз долг, и прави ребаланс на ребалансот- не за граѓаните, туку за криминални партиски тендери, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21