Еден-два победа на Мерцедес во Малезија - Канал 5

Еден-два победа на Мерцедес во Малезија

Возачите на Мерцедес ги освоија првите две места на денешната трка во Формула 1 шампионатот, возена за Големата награда на Малезија.

Еден-два победа на Мерцедес во Малезија
На патеката „Сепанг’’ педесет и шесте кругови прв ги мина Британецот Луси Хамилтон, кој впрочем трката ја започна од пол позицијата, остварувајќи ја својата 23-та победа во кариерата.

Зад него како второпласиран целната рамнина ја мина неговиот клупски колега Нико Розберг.

Покрај возачите на Мерцедес, на пиедесталот се искачи и актуелниот светски шампион Германецот Себастијан Фетел од Ред Бул, кој беше трето пласиран.

Следната трка е по седум денови, а ќе се вози на патеката „Шакхир’’ за Големата награда на Бахреин. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, со учество на 130 пилоти и околу 200 лица од 38 земји Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот.

 Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Од 8 до 19 август, Крушево е домаќини на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, еден од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. На првенството учествуваат 130 пилоти од 38 земји. Заедно со тимовите и придружниот персонал, во Крушево се присутни повеќе од 200 учесници директно поврзани со натпреварувањето.

Главното полетување се одвива од Мечкин Камен, додека слетувањето и завршувањето на натпреварувачките задачи се одвиваат на соодветни слетувалишта во поширокото подрачје, во зависност од конкретната задача и условите за летање.

Според организаторите, Европското првенство е потврда за квалитетот на Крушево како меѓународна параглајдинг дестинација, но и можност за понатамошен развој на инфраструктурата и туристичката понуда. „Организацијата на Европското првенство во Крушево е потврда за квалитетот што го нудиме, но и поттик за понатамошен развој. Со изградбата на новите полетувалишта создаваме услови и во иднина да бидеме домаќини на големи меѓународни настани. Крушево не е само летачка локација, туку целата локална заедница, угостителите и атмосферата што ги пречекува гостите“, истакна Горан Димишковски, претставник на организацискиот одбор и претседател на Светскиот параглајдинг куп.

Покрај спортското значење, првенството претставува можност за дополнителна меѓународна промоција на Крушево. Учесниците и нивните тимови имаат можност да ја запознаат природата, културното наследство и туристичката понуда на градот.

Развојот на параглајдинг инфраструктурата продолжува и преку ИПА СВС проектот „Крушево и Елбасан, патување во природа и авантура“. Во рамки на проектот се градат две нови полетувалишта на Црн Врв, со цел подобрување на условите за параглајдинг и создавање дополнителни можности за развој на активниот и авантуристичкиот туризам.

Организатори на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг се Paragliding Club Extrema и Delta Paraglider Club, во име на Воздухопловната федерација на Македонија. Настанот се реализира со поддршка на релевантни национални институции, Општина Крушево и Туристичката организација на Крушево.

По Европското првенство, Крушево продолжува со уште еден голем меѓународен спортски настан. Од 24 август градот ќе биде домаќин на Светското јуниорско првенство во параглајдинг „Крушево 2026“. Со двата големи меѓународни настани во август, Крушево ја потврдува својата позиција како значајна европска дестинација за параглајдинг и активен туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата

Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата, само ги распродаваше националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС

Предавничката СДС се однесува како падната од Марс.

Како денес да се појавиле на политичката сцена, а не како од независноста до сега во повеќе наврати ја воделе државата, а и само до пред само две години биле власт во Македонија.

Така, како млада невеста, предавничката СДС седи и ги лови проблемите со кои се соочува државата, без да спомене дека половина од времето од независноста до денес биле власт и за државата ништо не направиле, освен што ги распродавале националните интереси.

И сега без ни трошка одговорност и кредибилитет зборуваат за водата за пиење, токму тој талогот од СДС кој со години свесно дозволи гостиварци бавно да се трујат со небезбедна вода.

Во периодот на власт на СДС, особено во периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство, направени биле околу 400 испитувања на водата во Гостивар кои покажуваат водата не е исправна за пиење.

А, талогот на СДС, кој сега шири хистерија и наводна грижа за граѓаните, таквите извештаи ги скрија од јавноста и од граѓаните и свесно ги оставија луѓето да се трујат.

И сега истиот тој талог на СДС кој ги криеше извештаите за небезбедната вода и ги остави граѓаните да ја пијат, излегол од комфор зоната и отишол во близина на изворот со кој Скопје се снабдува со вода за пиење.

Проблемите кои се појавуваат, меѓу другото, и со водата за пиење, не се ниту од сега, ниту од вчера. Тие се резултат на децениската негрижа и системски пропусти на минатите влади, на чие чело до пред две години беше предавничката СДС, до сега, кои секако не можат да се решат само во две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но секако, предавничката СДС немаше време да се занимаваат со овие прашања важни за граѓаните, тие беа зафатени со менување на име, прифаќање ултиматуми од соседните држави и потпишување на предавнички договори за распродавање на идентитет, култура, јазик, историја. И секако, сето тоа го правеле за станови и бизниси во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија, хациенди на Водно, скапи коли, луксузни одмори.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран погуби 23-годишна жена, на друга жена ѝ се изречени десет смртни казни

Во саботата, Иран погуби млада жена која тврдеше дека убила маж во самоодбрана за време на обид за сексуален напад. 

Иран погуби 23-годишна жена, на друга жена ѝ се изречени десет смртни казни

Во посебен случај, властите изрекоа десет смртни казни за друга жена поради убиства на постари мажи со кои била во брак.

Марзие Ниери (23) била погубена во зората во централниот затвор во Казвин, пренесува „Еуроњуз“.

Организацијата „Ирански човекови права“ наведува дека Ниери била принудена на брак под семеен притисок кога имала само 17 години.

Инцидентот што довел до нејзината осуда се случил во октомври 2021 година, кога таа имала 18 години. На судењето, таа изјавила дека еден од деловните соработници на нејзиниот сопруг, кој бил под дејство на алкохол, се обидел да ја нападне. Таа го ранила со кујнски нож во самоодбрана. Во истиот судир загинал и нејзиниот сопруг. Ниери сама се пријавила во полицијата четири дена подоцна, откако претходно побарала засолниште кај својот брат. Судот го отфрли нејзиното тврдење за самоодбрана.

Семејствата на жртвите побараа примена на *кисас* – казна одмазда заснована на принципот „око за око“ во правниот систем на Исламската Република – што резултираше со изрекување смртна казна.

Според „Ирански човекови права“, ова е најмалку четиринаесетто погубување на жена во Иран од почетокот на 2026 година.

Овие погубувања се случуваат во услови на нагол пораст на бројот на жени погубени во земјата. Стејт департментот на САД објави дека во 2025 година во Иран биле погубени најмалку 61 жена. Оваа бројка е највисока во последните 25 години и претставува зголемување од приближно 70 проценти во споредба со претходната година.

Во извештајот се наведува дека Иран е на чело на листата на земји според бројот на погубени жени. Убиството на сопругот или партнерот е една од најчестите причини поради кои жените во Иран се соочуваат со смртна казна.

Организацијата „Ирански човекови права“ (Iran Human Rights) забележува дека најмалку 21 од жените погубени минатата година биле осудени на *кисас* (казна одмазда) за убиство на своите сопрузи или свршеници.

Истиот ден, правосудните органи во провинцијата Мазандаран објавија дека Колтум Акбари е осудена на десет смртни казни врз основа на принципот на *кисас* (одмазда) за десет убиства. Постапката против неа беше покрената во септември 2023 година, по сомнителната смрт на еден 82-годишен маж во Махмудабад. Мажот починал само неколку месеци откако склучил привремен брак со Акбари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер