Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран
1Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран
3Спортски празник за младите во Кичево: Македонски Олимписки Комитет успешно го одбележа „Олимпискиот ден“
ЕкономијаЕЦБ го проширува пристапот до својот фонд за ликвидност во евраЕвропската централна банка (ЕЦБ) има намера да го прошири пристапот до својот Фонд за ликвидност во евра за да го направи достапен глобално, со цел зајакнување на единствената европска валута на меѓународно ниво.REPO линиите им овозможуваат на централните банки да позајмуваат средства во евра од ЕЦБ, по поволни каматни стапки. Досега, тие линии беа ограничени на неколку земји, главно во Источна Европа. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард тврди дека тој механизам е добра алатка за зајакнување на еврото на глобално ниво. „ЕЦБ треба да се подготви за понестабилно опкружување“, изјави Кристин Лагард на Минхенската безбедносна конференција. Механизмот ќе биде достапен од третиот квартал од 2026 година за централните банки ширум светот, под услов да не се исклучени за разни дела, како што се перење пари, финансирање на тероризам или меѓународни санкции, се вели во соопштението на ЕЦБ. Таквата одлука е донесена бидејќи инвеститорите постојано ја проценуваат состојбата на доларот, поради непредвидливоста на економската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со ИранПретставничкиот дом на САД усвои резолуција со која се бара повлекување на американските сили од воените дејствија против Иран, освен доколку Конгресот не одобри понатамошен ангажман.Резолуцијата, предложена од демократите, е усвоена со 215 гласа „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републиканци, кои гласаа спротивно на ставот на својата партија.. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа. Доколку мерката биде усвоена и во Сенатот, Трамп најверојатно ќе стави вето за да го спречи нејзиното стапување во сила. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, што во моменталниот политички распоред се смета за малку веројатно..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеШпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за градиШпанските здравствени власти потврдија дека до крајот на 2025 година ќе бидат регистрирани вкупно 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки, ретка форма на рак поврзан со импланти за гради. Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Aemps) примила вкупно 146 сомнителни пријави откако започнала да ја следи состојбата во 2012 година, објавува Euronews. Податоците се дел од шестиот извештај за следење на националниот протокол за откривање и проучување на овој вид лимфом, изготвен врз основа на извештаи регистрирани во Системот за надзор на медицински производи. Агенцијата со години спроведува надзор на специфични болести во соработка со медицинските друштва и европските здравствени власти. Според извештајот објавен од агенцијата, најголем број пријави се регистрирани во Мадрид, по што следат Андалузија, Каталонија и Валенсија. Анапластичниот лимфом на големи клетки поврзан со импланти на дојка, меѓународно познат како BIA-ALCL, е редок вид на не-Хочкинов лимфом. Важно е да се напомене дека ракот не потекнува од самото ткиво на дојката, туку од клетките на имунолошкиот систем кои можат да се развијат во ткивната капсула околу имплантот. -Aemps нагласува дека ова е ретка болест чија инциденца е ниска во споредба со големиот број жени кои имаат импланти на дојка. И покрај ова, агенцијата ја нагласува важноста на понатамошниот надзор и подобрувањето на раното откривање. Досегашните истражувања сугерираат дека болеста има повеќе причини. Меѓу факторите што се проучуваат се видот на имплантот што се користи, генетската предиспозиција и можните воспалителни процеси или контаминација поврзани со имплантацијата. Сепак, експертите забележуваат дека дефинитивна причинско-последична врска сè уште не е утврдена и дека механизмот што го активира развојот на лимфом сè уште не е прецизно познат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био ПазаротГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на Фејсбук напиша: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот. Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. [✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter