Е.Т. оди на аукција - се очекува да биде продаден за 3 милиони долари - Канал 5

Е.Т. оди на аукција - се очекува да биде продаден за 3 милиони долари

Филмскиот класик Е.Т. Вонземјанинот на Стивен Спилберг од 1982 година е приказна за обидот на симпатичен вонземјанин да се врати дома, а сега љубителите на филмот ќе имаат можност да го постават оригиналниот механички модел во својот дом.

Е.Т. оди на аукција - се очекува да биде продаден за 3 милиони долари

Само за оние кои имаат дополнителни три милиони долари.

Оригиналниот механички модел ќе биде понуден на аукцијата Icons and Idols: Hollywood, организирана од Julien's Auctions и Turner Classic Movies (TCM), за да се совпадне со 40-годишнината од филмот.

Моделот има 85 механички зглобови и напојува речиси сè, од очите до вратот и, се разбира, долгиот вперен прст што го користел за да го извести својот нов пријател Елиот дека сака „да се јави дома“. Со него раководеле 12 професионални аниматори.

Се смета за инженерско ремек-дело, првично бил создаден од италијанскиот дизајнер на специјални ефекти Карло Рамбалди.

Се очекува на аукцијата да достигне цена од околу 3 милиони долари.

„Тим од куклари помогнаа да го оживеат вонземјанинот и да комуницира со неговите мали пријатели Елиот (Хенри Томас) и неговата помала сестра Герти (Дру Баримор)“, се сеќава Мартин Нолан, директор на Julien's Auctions.

Филмаџиите „работеле деноноќно за да го создадат она што го гледате... Бидејќи не се работи само за создавање визуелни елементи. Дру, која во тоа време била мало девојче, верувала дека е навистина жив“, рече тој.

ET the Extra-Terrestrial беше номиниран за девет Оскари, освојувајќи четири од нив, вклучувајќи ги и најдобрите визуелни ефекти, кои му беа доделени на Рамбалди и неговиот тим.

Ако 3 милиони долари мислите дека се премногу, може да наддавате за еден од велосипедите кои Елиот и неговите пријатели ги користеле додека се обидувале да ѝ избегаат на полицијата. Специјално дизајнираниот велосипед BMX, кој прелета преку заоѓањето на сонцето во филмот, се очекува да достигне цена од 50.000 долари.

На аукцијата ќе бидат понудени и други предмети од филмот, како оригиналниот модел на Е.Т., кој е направен со цел Спилберг да го одобри производството на механичкиот модел. Неговата вредност се проценува помеѓу 80.000 и 100.000 долари, а вредноста на бројните оригинални илустрации и нацрти се проценува на помеѓу 10.000 и 20.000 долари по примерок.

За околу 100.000 долари се продава Nimbus 2000 Hero Broom, магичната метла од филмовите за Хари Потер.

Аукцијата нуди и други филмски сувенири, вклучително и светилници од франшизата „Војна на ѕвездите“, стапот што Чарлтон Хестон го користеше за да го раздели Црвеното Море во „Десетте заповеди“ и боксерските ракавици на Роберт де Ниро од „Разјарениот бик“.

Сите наведени предмети ќе излезат под чекан следниот викенд, 17-ти и 18-ти декември, на аукцијата на Беверли Хилс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Медведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите.

Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.

Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру.

Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер