КултураE-библиотеката на Дарко Гавровски можност за наоѓање на многу историски информации за Тетово Големиот број книги, прилози, документи и пишан материјал кои Дарко Гавроски како хроничар на градот ги користел во изминатиот период за собирање на историски податоци за Тетово ќе ги стави за јавно користење преку интернет. Тој одлучил над 200 книги кои ги има и ги користел да бидат достапни за сите. -Мотивот како и секогаш досега е Тетово и мојата љубов кон родниот град. Во 25 години истражување има над 200 книги кои сум ги користел за разни поводи, како за пишување на моите дела, за објавување на информации и податоци на интернет страницата и групата на Фејсбук. Започнав со десетина и полека сакам да сите да бидат објавени. Вака нема да ги чувам љубоморно само јас, туку ќе ги споделам за сите идни истражувачи да можат да ги користат како што јас тоа досега сум го правел, вели Гавровски. Во неговата е-библиотека на располагање има дела со огромно значење за историјата на Тетово, почнувајќи со „Огледало" од Кирил Пејчиновиќ, напишано на црковнословенски јаик со македонски и тетовски говори пред 204 години во 1816 година. Како значајна за Тетово, посочува српска книга за семејните слави во Tетовско, каде адетите се опишани на македонски јазик и тетовски говор. – Бидејќи досега не е објавуван електронски, секој има раритетна можност да го види „Гласник на етнографскиот музеј во Белград" од 1931 ггодина, каде има прилог „Семејни слави и други слави во Тетово", во кој се опишани тетовsки семејни слави, имендени, еснафски слави и црковни слави. Гласникот е напишан на српски јазик, но сите адети и изговори и објаснувања за славите се опишани на македонски јазик и тетовски дијалект, потенцира Гавро, како што сите го познаваат во Тетово. Објавено е и делото „Полог-антропогеографски истражувања", издадено во 1976 година од авторот Јован Ф.Трифуновски. -Тоа е најдетално проучување на сите села во Полог. Топоними, историја на секое село заедно со сите родови и фамилии во секое место-кои се иселени, доселени, староседелци. Тука е и епохалното дело на Р.Грујиќ од 1933 за средновековно Тетово и Тетовско насловено „Полошко –тетовска епархија и манастир Лешак" (дел од Гласник на скопско научно друштво) Онлајн објава има и на неговата книга од 2009 година насловена „Тетовски древности-Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај". Покрај ова дело Гавроски како хроничар на градот е автор и на делото „Тетовскиот говор, енциклопедиски речник и граматика". Во своето истражување за втората книга користи голема библиографија од над 600 извори-книги, списанија, пишани документи, како и стотици интервјуа. Гавроски пред неколку години ја создаде песната „Ја го љубим Тетоо" на тетовски дијалект, што се смета за неформална химна на градот. Има материјал за издавање уште книги-посветени на тетовските села и летопис за средновековието во Тетово. Голем дел од податоците и информации за Тетово, Дарко ги има поставена на интернет страницата www.gavro.com.mk што се смета за Тетовопедиа. Има и страница на социјалната мрежа Фејсбук со речиси 10 илјади посетители. Сите заинтересирани можат да ја посетат Е-библиотеката на Гавровски на следниот линк https://fliphtml5.com/bookcase/glxlr?fbclid=IwAR2rpYObAvLV_m5akpqRxhkfkfXpe7yFp38vlh3dHsPNf019qS25m5DhiKI Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook