Ѕвездите се заканија: Ако победи Трамп,си заминуваме со првиот лет - Канал 5

Ѕвездите се заканија: Ако победи Трамп,си заминуваме со првиот лет

Сопружниците Џони Леџенд и Криси Тајген, Брус Спрингстин и Томи Ли - ова се само некои од ѕвездите кои изјавија дека би размислиле да ги напуштат САД доколку Доналд Трамп освои втор мандат на претседателските избори во 2020 година.

Ѕвездите се заканија: Ако победи Трамп,си заминуваме со првиот лет

Сите се надеваат дека демократот Џо Бајден ќе победи и ќе го преземе водството на Соединетите држави.

Остриот критичар на Трамп, пејачот Џон Леџенд, вели дека сериозно ќе размисли да го пресели своето семејство во странство, доколку Трамп остане на власт уште четири години.

- Секогаш размислувам за тоа ... Ние сме родени и израснати тука, нашите семејства се тука и би ни било тешко да заминеме, но се плашам дека со лидер кој се обидува да ја уништи демократијата немаме други опции. Ние сакаме да живееме во држава во која се почитуваат законите и човековите права, и ако Америка не стане такво место, луѓето ќе мора да почнат да размислуваат да одат на друго место. Навистина е вознемирувачко и загрижувачко - изјави музичарот и сопруг на манекенката Криси Тајген. Таа, пак, објави на Твитер: „Ако победат„ тие “(Трамп), најверојатно сите ќе умреме или ќе станеме слуги и собарки“

Рокерот Томи Ли, основач и тапанар на групата Mötley Crüe, се согласува со нив.

- Човеку, се колнам во Бога, ако Трамп победи, одам во Велика Британија и не се враќам, ќе заминам од тука! Ќе се вратам во својата татковина, Грција, ќе купам куќа на еден од островите - рече музичарот роден во грчката престолнина Атина.

Рок легендата Брус Спрингстин има сличен план: „Ако Трамп биде реизбран - што претпоставувам дека нема да се случи, сепак предвидувам дека ќе изгуби - но ако победи на изборите - се гледаме на првиот следен лет“.

За потсетување, пејачката Мајли Сајрус и актерите Самуел Л. Џексон, Вупи Голдберг и Челси Хендлер се заканија дека ќе ги напуштат САД за време на последните претседателски избори доколку Трамп ја победи Хилари Клинтон, но тие останаа. Дали ќе биде поинаку овој пат, времето ќе покаже.

И дека чекањето на резултатите од изборите е вистинско „кинење на нервите“ на Инстаграм покажа раперката Карди Би, која, како што вели, станала во пет часот да гласа за Џо Бајден. Имено, таа објави видео во кое пуши три цигари истовремено, и им порача на своите придружници дефинитивно да излезат на гласање.

Актерката Шерон Стоун исто така објави на социјалните мрежи: „Дали јас сум единствената која ги гледа изборите и плаче?“, додека нејзината колешка Елизабет Бенкс се жалеше дека само избезумено шета напред-назад во агонија: „Барем ќе ги потрошам сите огромни калории од јадењето сладолед ".

#ElectionDay2020

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер