Ѕвездите откриваат кој знак е најдобро да го избегнувате! Со нив кавгите и недоразбирањата се неминовни - Канал 5

Ѕвездите откриваат кој знак е најдобро да го избегнувате! Со нив кавгите и недоразбирањата се неминовни

Проверете со кои знаци кавгите ви се гарантирани!

Ѕвездите откриваат кој знак е најдобро да го избегнувате! Со нив кавгите и недоразбирањата се неминовни

За овие хороскопски парови најдобро е никогаш да не се сретнат. Кај нив секогаш постои тензија, а кавгата е гарантирана.

Овен

Тие не сфаќаат дека некој нешто не може да направи. А кога се со Близнаци ги чувствуваат како “трн во око”. Им претставуваат пречка и не можат лесно да стигнат до целта.

Бик

Биковите тешко можат да ги разберат Јарците.

Близнаци

Темпераментните и комуникативни Близнаци многу тешко пронаоѓаат заеднички јазик со Рибите.

Рак

Полн со љубов и нежности, чувствителниот Рак никогаш не може да се согласи со темпераментната Скорпија.

Лав

Лав и Лав се невозможна комбинација. Големата желба за внимание е тоа што ги разделува.

Девица

Ако една Девица сретне друга Девица, настанува хаос. Девиците не го поднесуваат тоа.

Вага

Ниту еден знак не ја сака искреноста и почитта како Вагата. Сосема спротивно на Овенот. Тоа е една од причините зошто овие знаци не се поднесуваат.

Скорпија

Водолиите ги излудуваат Скорпииите бидејќи премногу фантазираат.

Стрелец

Не поднесува досада и ред, па никако не може да се согласи со Рак или Девица.

Јарец

Превртливите Ваги никогаш не се добар избор за Јарец.

Водолија

Биковите кои секогаш амбициозно ги следат правилата и имаат организиран живот, многу им одат на нерви на Водолиите.

Риби

Креативната и чувствителна природа на Рибите не го трпи гласниот и еуфоричен Стрелец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во Македонија

Во периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 - мај 2019 година.

ТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во Македонија

Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра.

Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој.

Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој!

Дирекција за ТИРЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

 За брзо време пристигнуваат и дел од новите електрични автобуси наменети за Куманово, поддршката за општината продолжува.

Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината

Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски.

“ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период.

Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски.

Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово.

Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција

​Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, борбата против криминалот и корупцијата се зголемува.

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција

Системот се менува, а институциите си ја вршат работата.

Таков е и случајот со вработениот во СОЗР, кој бил фатен од институциите со бележани пари.

Ова е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работат, нешто што во времето на СДС, Филипче и Заев беше мисловна именка.

На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер